Имам колешка на раб со дијагноза и редовно лежи во установа. Секако, не може да ја избркаат од раб јер ја донел битен некој. Пред неа сите мора да пазат што зборат. Ако не главните ќе се лутат. Очигледно секаде таквите се толерираат.
Некои луѓе се чуваат во стаклено ѕвоно, оти вистината е психички премногу болна за нив. Па така ги "лажат, маци, цуци, душо, супер си", оти никој нема енергија за нивните драми. И ги оставаат да живеат во илузија дека се супер, не сфаќајќи колку негативно влијание им имаат. И после, оти не можам нормален дечко да си најдам. Не можеш, затоа што никој нормален нема да трпи испади на бес затоа што се исчешлал малку на криво.
Навистина ги жалам денешниве млади, абе како ноеви со главите збрцани во тоа телефоните...а животот минува... Отварам на фемина, едни исти ги читаш, окапуваат на форумов....жално е што животот така им минува... Ех, мои стари добри времиња на младоста, време на кренати високо глави и поглед во облаци.... Ах бре деца, немате ли друга попаметна работа отколку тука да ја трошите младоста, енергијата, убавината...и на некој да му ги полните џеповите!???
Уште малку и ке си гушкам бебе Мое бебе Наше бебе Наша љубов Уште малку и куќава на бебе ке мириса- најубавиот мирис икада ! Уште малку остана ! Едвај чекам да те видам и погалам, малечко мое !
Ајде, кажете ми дека жените не се објектификувани во 2019 година, дека не се однесуваат со нас како со секс-објекти и дека ,,ги имаме сите права, што сакате повеќе?". Среќен 8 Март.
Ах златен пмс зошто доаѓаш со многу солзи и заминуваш со насмевка и пресекси чувство еднаш месечно? Што не доаѓаше почесто на раат да си поплачам додека ми се топи најубавиот чоколаден вкус во уста? Уште Среќен 8 Ми Март фали да напишам
Клонирале тема Готово, сега не спасивте од провокаторите дежурни цитирачи. Секоја од темите нека добие дупликат (без цитирање).
Болка и безвезе чувство. Секогаш изборот е погрешен. Што и да направам повредувам некого, дури и кога е со најдобра намера. Сакам да сум подобра во меѓучовечки односи, вака стално заебувам нешто, без разлика што јас мислам дека правам... Загорчувам животи на луѓе без врска, или можеби само така ми се чини
Секогаш им се восхитувам на луѓе кои уште од мали нозе знаат со што ќе се занимаваат во животот. Ги интересира уметност, или историја, или механика, или медицина, и на тоа се посветуваат, постојано се надоградуваат и не им е гајле колку пари ќе земаат. Премногу се разбираат во таа област и уживаат додека ти објаснуваат. Уживаат додека одат на работа. Не им е проблем да останат прекувремено или за викенд, и не ги мразат понеделниците зошто тоа е тоа што ги исполнува, тоа им е пасија и најголем елан во животот. Некои за жал цел живот во ништо не се пронаоѓаат, не ја наоѓаат страста и она мало жарче кое со тек на време треба да премине во пламен, а не да згасне. Некои пак, знаат што ги исполнува, ама работат сосема друго, заради повисока плата или така сакале нивните родители. Барем во мое опкружување на прсти се бројат луѓето кои знаат што да прават со себе. Затоа гледаме насекаде намуртени лица, затоа насекаде пишуваат дека го мразат понеделник, и затоа повеќето кажуваат дека ако најдат друга работа одма би дале отказ од сегашната. Лошо е кога не го работиш тоа што го сакаш. Лошо е кога во ништо не се пронаоѓаш, а уште полошо е кога знаеш што сакаш, ама немаш храброст да преземеш ризик и да си ја исполниш желбата....А животот е еден... Спојлер
Значителен дел од луѓето (дури и самите жени) цел живот не ја сфаќаат вистинската поента на денов, а подигнувањето на свеста и споделувањето на социјални мрежи во денешно време особено го истакнуваат тоа. Денес ќе (си) честитаат, ќе дадат или ќе се пофалат и израдуваат (што патем самото по себе не ми пречи) со подароци за една одредена улога во животот - мајка (или тетка, баба и сите останати повозрасни во семејството) или од професиите најчесто наставничка - а од утре веќе ќе си продолжат со вообичаеното исмевање на поимот феминизам, оградување од истиот и негова изобличена перцепција. Но денес нема многу да се задржувам на нив, само декларативно ќе ги спомнам дури и без осуда, бидејќи слободата која потекнува од тие идеали се однесува и се грижи за сите жени и девојки, колку и да не ги признаваат истите. Оти благодарение на феминизмот е што сите тука имаме право на образование, на глас, избор во секоја човечка смисла на зборот - на професија, партнер, уметничко изразување под сопственото женско име и многу друго. 8-ми март не им е само на мајките, туку и на девојчињата од кога знаат за себе. Жени со ќерки, третирајте ги така како што и вие навистина длабоко во срцето сте сакале да ве третираат (не што ве научиле по традицијата и религијата дека е нормално да трпите од мажите и воопшто постарите), покажете им од најмали нозе што значи почит и заслужете си ја почитта од нив како родител, научете ги дека имаат избор за своето тело и живот. Среќен...
Еднаш една персона ме има многу повредено со коментар од типот - ако те прави среќна ќе ти речам тешко ми е. Во живот никој ме нема вербално повредено повеќе од таа персона знаејќи се себеси каква сум и што сум. Денес да можев да и се обратам ќе и речев-пола да беше од она што мислев арна ќе беше ама не си. А коментарот е таман за тоа колку тебе те бива. Среќен 8ми март.
Сакам да кажам среќен 8ми Март, со мало каснење! Бидете силни и стојте на свои нозе. Подеднакво сме важни со сите, можностите на секој се индивидуални, а не базирани на пол. Правете онака како што се осеќате и вашето тело е ваш храм, правете што сакате со него.
Зависта е болест. И да кога кажувате ко на шала "ее, ти па се утепа од шетање само некаде, нема зима за тебе, не знаете шо да им праите на парите" не е шала и се осеќа злобниот начин на кажување. Само тука на Балканов има некој феномен да одење на летување и зимување се смета за луксуз и истото да предизвикува кај другите криви погледи и коментари. А шознам, може и да некои луѓе времето не го губеа во завист и оговарање, ќе направеа многу попаметни работи и не 2 пати годишно, секој месец ќе патуваа некаде. Ама ете сите си бираме што и како ќе правиме. Се е во ред дур не се мешаме во живот на други.
Не е се до парите понекогаш,секогаш треба да го користиш мозокот. Мозок со пари не се купува,освен во месара.