Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Порано не ја сакав ноќта. Сега е обратно.
    Намерно останувам до подоцна, да уживам во тишината, сама со себе.
    Во ноќта, како светот да запира, како сите проблеми да ги снемува привремено.
    Се' до појавата на новиот ден...
     
    На Ahoy, poenta, marija305 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.318
    Пол:
    Женски
    Ја и дм: денес ќе пиеме коктел, да смениме малце, само кафе пиеме.
    Во кафич:
    - 2 нескафиња за нас...

    Секогаш значи истово. :rofl::rofl:
     
    На MrenaRiba, BlackMistery, злоба и 6 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се срамам од себе што сум избувлива на моменти или што не толерирам но исто така не дозволувам некој да ме третира ко задње ѓубре иако се трудам да дадам се од себе.
    На крај, ваљда јас сум виновна и наивна што многу им верувам на луѓето, јбг.
    Се изморив.
     
    На flower30, Ahoy, Sejfullai и 6 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.402
    Допаѓања:
    126.535
    Пол:
    Женски
    За прв пат по 100 години можам да кажам дека целосно ми се допаѓа верзија од себе. :makeup::P
     
    На Miss666, Laufinam, deskarada и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    5.249
    Пол:
    Женски
    Врските каде што едната личност се плаши да не го изгуби другиот и обратно, ми се мики маус врски|(
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    7.868
    Аргетава кокошкина со парчиња говетска пршута е многу грозна! Аууу, па со ситни букви допишано, не можеш да ја познаеш дека не е иста. Не е ни чудно како дечко ми ја погрешил.

    Порака до Аргета: "Abort the mission, I repeat abort the mission".
     
    На Laufinam и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Од примарно есенцијално значење, уметност на пишаниот збор, книгата, има ново нелогично поимање, тренд...

    Користењето како предмет за визуелна естетика на просторот што треба да привлече внимание и публицитет е препознатлив патетичен потег со комичен резултат.
    Читајте без опсесија од бројчано конто колкумина "воздивнале" од вашата копирана "инспирација" за фотографирање и нужноста да се биде дел од толпата, па макар и да се прави лична деградација.
    Никој не треба да убедувате дека сте страсни читатели ако книгата не е вашиот најдобар пријател.

    Изберете индивидуални интереси и погледи каде што декорот ќе биде знаење.
    Доволно е распространета провидноста во копирана верзија.
     
    На SURF и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.318
    Пол:
    Женски
    После не знам колку време спиев без аларм и спиев речиси 10ч.
    Се осеќам ко од кома да сум се разбудила ама убаво ми дојде. Конечно не осеќам умор и се осеќам наспано. :clap:
     
    На Moon.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.375
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Она коа треба да спремаш испити а, исправаш криви дрини на факултети на кои не ни студираш :drunk::drunk:
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Денес имав анксиозен напад.
    Добро сум, не потклекнав.
    Ама чувствувам некоја тежина на душата и си дозволив да се расплачам, да ми олесни.
    Си зедов за дозвола да имам лош ден.
     
    На Stephen Amell, Cutiepie1, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  11. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Да ти се плукнам во државата.
    Срце ми се кине кога гледам што им прават на послабите и тие шо не се моќни и деца на криминалци и богаташи, а на помоќните не смеат да им зуцнат. Ама најлесно е да покажеш моќ, правила и сила на тие што немаат кој да ги заштити.
    Ја мразам државава во која се е со врски. Одвратна Македонија, ко свински црева изнапикани цели фамилии на едно работно место и глумат нешто моќ.

    Сакам да можев да помогнам на сите на кои им е тешко, знам колку значи некој да ти помогне и да ти го огрее животот кога цел свет ти се руши.
    Дај боже на сите кои се чувствуваат така во моментот да им тргне што побрзо се во позитивна насока. А, ве уверувам дека ќе ви тргне, само треба малку време.
     
    На Miss666, piglet1, BlackNight и 14 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    На масата од мојата лева страна стои книгата Моќта на потсвеста од Марфи. На првата страница пишува дека следните неколку страни се посветени на самата книга и зошто е многу важна за нас. Како што читаш наидуваш на една моќна реченица која сепак може и непромислено да помине.
    "Со молитва и верба во Бога".

    Чудотворните моќи на Бога не можеме никако да ги видиме, можеме да ги почувствуваме. Исто и со мислите. Но, се запрашувам во последно време како оваа реченица ми поминала туку така низ главата без да се задржи во неа. Се запрашав можеби тоа "ех.." e токму тој недостаток кој сум избегнувала да го поминам.
    Тоа ех еден ден те стигнува и тоа во парчиња хартија спакувани во книга. Книга која долго посакував да ја купам,а во која сум стигнала до 30 страница. Изгледа, навидум не сум подготвена да ја продолжам книгата.
    Но, мене сеуште во главата ми се врти таа реченица.

    Седејќи сношти на работа допишувајќи се со стар пријател, ми кажа нешто што можеби и уште повеќе ми ги отвори очите. Би го цитирала тој дел:
    '' Само никогаш во глава не ми влегувало како е можно да постојат такви личности кои јавно би подржале особа која ниту ја знаат, ниту ја познаваат, и тоа би ја подржале во намера кога пробуваат јавно да ја повредат или навредат личноста со која го делеле креветот и ноќите, Тој дел од животот на луѓето никогаш не ми станал јасен и тој имбецилизам. Тоа е нешто што го нема кај животните, што ги прави многу поголеми луѓе од нас човечките битиа,уствари многу посовршени и почисти живи суштества од човечкиот род."

    Подголтнав. Морам да признаам дека да бидеш заслепен е лесно,да се разбудиш е тешко. Да ги видиш настаните,битијата, емоциите е задача која тешко се прифаќа.
    Да бидам прецизна признавам дека е во право. Дури и самата му потврдив со да, иако многу ретко се случува тоа.

    Но, таа мисла негова уште ми струи низ глава прашувајќи се, што би било ако времето имаше рачка со која може да се вратиш назад. Кога ете би го имала овој ум, овие мисли што би се случило тогаш?
    Еден навидум обичен човек може да си биде искрен и за тоа искрено да има само мал круг на пријатели. Зарем ваков мислител го заслужува тоа?
    Зошто луѓето не го ценат другиот?
    Зошто постои зависта и злобата, зошто постои моќта за човекот да мисли дека е над друг човек?

    Зошто луѓето љубат со главата, а не со срцето? Што може да нахрани главата, не може срцето. Срцето може да даде, но не и да земе.

    Себичните битиа мислат само на себе, а глумат дека мислат на другите. Луѓето ги љубеле своите партнери преку делата,партнерот го љубел со зборови.
    Љубовта и довербата се раскинливи врски. Човекот е зло.

    И така, мислата ја завршувам со кнедла бидејќи сега знам дека вредни личности сум изгубила. Добри мислители, слушатели и помагачи, додека оние другите сум ги задржала.

    Ех.

     
    На Stephen Amell, Ahoy, Suhan и 2 други им се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Не може некој да не убеди дека не може да издвои 5 минути за повик или барем порака.
    Не е дека не може, не сака.
    Отсуството на порака е исто така, порака. Доста беше.
     
    На *Amethyst*, piglet1, Stephen Amell и 13 други им се допаѓа ова.
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.154
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал што нашето другарство заврши , без причина, без кавга, не знам што се случи, и по 4 години јас уште се прашувам, кој е виновен за тоа. Отварам кај вас на фб гледам уште ги чувате нашите заеднички слики, и јас ги чувам ,знаете сигурно. Криво ми е , ама немам храброст после толку време да ви пишам нешто..:doh: Не ми бевте само другарки , особено ти А...беше сведок на нашата љубов пред Бога.
    Жалам, и секогаш ќе жалам што не го зачувавме она што го имавме.
     
    На Stephen Amell, carangigia, LejlaD и 8 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Мајко, денес те молам да им дадеш здравје на сите. На сите оние кои самите си ставаат етикети, дури и на најлошите. А потоа да им всееш љубов во срцата, среќа во душата. Да процветаат од благосостојба. Денес е голем ден, твој ден Мајко Богородице. Вечен нека е, за многу години.
     
    На Miss666, Stephen Amell, Idedemja и 10 други им се допаѓа ова.
  16. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    3.610
    Пол:
    Женски
    Го пребродев мојот најголем страв, нешто што ме мачеше веќе цело лето, положив испит! И може звучи патетично да се плашам од нешто што секој студент поминува, јас стварно ужасно поминав во јунската сесија, се испопаѓав, душата ме болеше. Не сум одмарала ни малку летово, од утро до мрак бев со книгата, се деси нешто прекрасно пред 3 недели и сега пресреќна сум што имав бар убав старт на оваа сесија.

    Сегашно расположеније: лаганини
    [​IMG]
     
    На Stephen Amell, Hellobeautiful, poenta и 9 други им се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.154
    Пол:
    Женски
    Десет години е дел од мојот живот, пред точно десет години на овој ден беше нашиот прв состанок :)
    Се топев гледајќи го, знаев дека ти ќе си тој, еден и единствен,само мој :l:
     
    На Cherry blossom89, Stephen Amell, deskarada и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.318
    Пол:
    Женски
    Вчера у 5 сабајле ми дојде идеја да направам промени со собава, ми здосади досегашниот изглед, а и имаше некои работи што џабе фаќаа прашина и не ми се по ќејф туку моите така ги ставале кај мене пошо немале кај :rofl:.
    Станав рано сабајле и почнав да изнесувам тепих, радио, звучници, ддв, стара масичка, све шо не ми се свиѓаше, а го чував ради сентиментални причини и ги однесов у подрум пошо никој не ги користи :rofl:. И си направив план што ново ќе се купи на нивното место, па дури и заштедата што ја имав собирано последните 2 години решив да ја вложам у купување нов мебел. :) Таман ќе ми биде за нови мини ситници што ќе ја освежат собава. :sun:

    Моиве: Да не има менталбрејкдаун ко Бритни Спирс оваа, што и стана пола соба ја изнесе? :drunk::rofl:

    Завршив со преместување, ептен ми се допадна новиот поголем простор што го добив сега во собава.
    Насочена сум кон минимализам, па сакам собава да ми има таков изглед и да го има само тоа што е навистина неопходно.
    Собата и домот ни се место кај што поминуваме највеќе време и треба да ни биде најубаво таму. Парите вложени во уредување на просторот на живеење и во патување се најкорисно потрошени пари според мене. :)
     
    На Biljarkata, Stephen Amell, Hellobeautiful и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Ми текна на писмото што го напишала Исидора Бјелица пред да почини. Целта беше да се извини што не си заминала навреме и што се борела до последно. Срце ми се скрши ;(:u:
     
    На Cutiepie1, Idedemja, SURF и 2 други им се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    13.178
    Пол:
    Женски
    Да не се повторувам пак со пишење на истото, затоа нека стои.

     
    На *Amethyst*, Elf, НаталиЛили и 2 други им се допаѓа ова.