Бевме договорени во 7:30. Цел час ги чекав за после тоа да ми се јават и да ми кажат да се вратам дома и да чекам они да ми се јават кога да излезам. Епа штом е така што не кажа порано, бог да чува. Колку се само неорганизирани.
Корона кризата ги исфрли на површина целокупното човечко самољубие, себичност, егоцентричност, саможивност, фалбаџиство, мрза, неработливост, дарба за ескивирање и злоупотреба.
Наивна ли сум, глупава ли сум или немам сила да ги симнам розовите очила? Животот ми испраќаше неколку ,,повици за будење'', а јас упорно го исклучував алармот. Се вели дека оние што летаат високо паѓаат со најголем тресок. Се надевам дека нема да го научам ова на потешкиот начин...
На баба ми неостварена животна желба и е да живее во Франција. Јазикот го знае многу добро, преубаво готви и сакала да се пресели таму за да работи во ресторан. Не успеала. Само еднаш била во Париз на два дена пред многу години...Толку била нејзината посета во Франција. Кога бев мала и не знаев ни да зборувам, таа веќе ме учела француски. Мама, тато и песничката Frere Jacques. Тоа ми биле први зборови. Седната во количка гласно сум пеела, а таа ме шетала низ паркови. Сите гледале во нас и се чуделе толку мало дете да мрмља песничи на француски. Кога пораснав со таква љубов и желба ми зборуваше за Франција што можев само да ги затворам очите и одма да се најдам покрај ресторанот во центар на Париз каде готви баба и од внатре се шират опојни мириси. Сега лежи неподвижна во кревет. Не е целосно неподвижна, ама едвај до вц оди. Се кае што не направила посмели чекори. Се кае што кога се сопнала на пречките не побарала друг излез, туку се предала. Се кае што не патувала повеќе. Прееска на телефон ми вика да и испечатам слики до Франција и да и ги однесам. Сакала да ги гледа и да си ги чува покрај себе до кревет. Срцето ми се скрши од жал. Порано имаше многу слики што собирала од списанија, магазини, книги, ама во поплава ги изгуби. Најдов само една постара слика и ќе ја додадам и неа во новите. До вечер ќе ги средам и ќе и ги однесам. И таа била млада, имала соништа и цели, ама не успеала. Животот поминал, па сега и осtанува само слики да гледа. Жално, тешко и страшно. Што ако и јас не успеам?
Што да правам κога сеκој не го бива за се' а, уште поинтригантно е κога неκој не го бива за ништо. А, во тие неκои сум и јас. Се жалам од физичκиот изглед...а, не треба. Неκои луѓе стојат само од глупости. Другите ние поради нив се фрустрираме. Барам нешто, не можам да го најдам. Што ми се другите виновни? Најлесно е κога вината ја префрламе на другите но, анализирајќи ја ситуацијата трезно, вината е κај мене самата. Вината ја наоѓам сеκогаш во мене. Порано не ми сметаше толκу што луѓето се интересираа за мене. Сега почна да ми смета. Со κого излегувам, со κого се дружам, што правам...во таа смисла. Утре требаше да одам на пат ама, ништо. Ептен далеκу сум отишла со помислата деκа неκој нешто ми направил. Задачата што требаше да ја извршам нема материјалност. Ееее и тоа бидна! Се плашев од материјалисти...страшно ми изгледаа κога ми зборуваа деκа "има нешто". Не им верував. Суеверија!
Читаш постари разговори и ти се појавува она топло чувство внатре, не можеш а да не се смееш и да се навраќаш на тие моменти. Моменти кога сте се запознавале и зближувале сѐ повеќе. Но уште е поубаво кога ќе сфатиш дека и сега ништо не е сменето и личноста сѐ уште ја имаш. Само што сега сте поблиски. Знаете дека секогаш сте тука еден за друг. И можеби, само можеби, ќе остане така иако животот ќе ве однеси во различни правци кога тогаш. Толку се ретки вакви луѓенца што се осеќам привилегирана да ги знам.
Деновиве се изнашетав, се изнауживав, се дотерав, штиклосав и нашминкав убаво по долго време, се изнасликав, поминав време со сите што ги сакам. Накратко речено живеев и стварно уживав. По долго време се осеќам толку убаво, ко нова да сум, па ми требало вакво нешто. Да ми понудат во моментов да шетам низ светот за да сликам и рекламирам туристички места и не знам шо, веднаш земам еден куфер у рака, него и авионска карта и оставам се тука и не мислам двапати. Ама ај ќе си останат ова фантазии и убави мечти. Ќе мора за брзо да се вратам на обврските. Ама убаво било вака.
Се смееме до солзи. Си раскажуваме ситници кои нè зачудиле, замислиле, засмеале. Се присетуваме на зезанции од детство, па одново сме истите тие живи, раскокани и растрчани деца. Пееме колку што нè држи глас, без да си размислуваме кој гледал и слушал. Накратко како да сме тука секогаш, на истото место, со истите стремежи, со сета сила верувајќи дека никогаш нема да престанеме да бидеме заедно. И всушност, ете една вистина. Така ги чувствувам и по многу време. Ретко кажувам, но ги сакам со сета моја душа.
Значи си ветив себеси дека нема, ама морам една жалопојка да пишам. Уште го сакам, ама ми е поубо без него. Ова е ваљда она што велат дека некогаш љубовта не е доволна... Токсичните врски ги доживувам како болест. Ти ја цицаат енергијата, радоста, те прат да се чувствуваш помалку вредно, немаш концентрација, не уживаш во ништо... И за што?! Се прашувам дали ќе бидат среќни ваквите луѓе? Дали можиш да си среќен откако ќе напрајш некој да се осеќа како г*мно?
Пред мене стои огромна шанса, се чека само јас да протегнам раце и да почнам да се борам за она што го сакам. Вистински, длабоко и со секоја клетка во мене сакам да успеам. Уште отсега знам дека ќе слушам обесхрабрувачки зборови, дека залудно се трудам и дека си го губам времето. Жалам... сепак ќе се обидам. На крајот на краиштата, го правам тоа за себе, ако не успеам или ако изгубам нешто, само јас ќе страдам, никој друг. Овојпат, сама на себе ќе си бидам единствен и најдобар сојузник.
Не бре, не сте ни вие способни за онлајн настава. Подобро да стопирате еден семестар сега, отколку вака. Развив аверзија спрема зборот онлајн. Они уште не знаат да се организираат. - 1. Нема човек што не ме излажа за рандом работи. Блокчиња (од сегде) и seen ќе летаат. 2. Две чаши подметнати кај мене, неизмиени и затскриени (од пред цели две недели!). Ако. Им ги ставив в кујна на гнасите, можеби и ќе се научат на ред. 3. Што не речеш оти + 0.3 треба, а ми кажуваш сега после месец дена? Па нормално дека ти ќе си ги корегираш тие, не мора очите да ми ги превртуваш. 4. Ми се јавува една, лански-замански работи ми збори. Се прашувам, што е со луѓето?? Ако други така ве трпат, јас - не. - Песнава..!
Се осеќам паднато. Депресивно и без волја Од лани ова време до сега имам накачено 10кг. И тоа како се забележува И она што највеќе ме боли во цела ситуација е фактот што не јадам Ама нели нормално, кога ќе те видат луѓе што не те виделе подолго време одма се избацуваат со коментар за килажата, а јас добивам една волја да ги рашамарам и да ги прашам: A тебе те интересира моето здравје? Што сум јас должна да им објаснувам дека полицистичните јајници сега земаат замав и стомакот ми е подуен како жена 6/7 месец трудна и дури не можам да дишам нормално Што ли ќе се прави, сериозно не знам Ама не се сакам ваква
Другарка ми: Уште само 1000 пољубувања на врата у наредниве години кога одиме по индекс и не ни е готов и здравје ќе дипломираме.
Растрчани утра имам неделава, уште два дена нека поминат побрзо и ќе здивнам од обврски и кофеин, уживанции, со ништо не се замарам веќе, ноге у вис....И така светот од март е заминат по ѓаволите, а поготово државата
Се избањав и седнав на балкон со кафе и сок. Уживам во тишината. И во свирењето на штурците. Убаво ми е.
Посакувам да можев лесно да кажам како се чувствувам. Да постои еден збор кој ќе опише како сум, бидејќи не сум ни среќна, но не сум ни тажна. Во еден миг преовладува среќата, а во друг тагата. И тие се совршено избалансирани, се неутрализираат едни со други, а во мене оставаат само празнина. Празнина која ја чувствувам дека постои, која постепено ме обзема, а јас не знам како да ја опишам.