Чекам едвај да поминат испитиве, со работа да се растеретам и жими се ќе пијам од утро до вечер, цееееел ден. И ќе си направам маратон на Big Bang Theory. Само да останам читава периодов. Btw, нека ги пуштат границите аман да си го видам братчето, да ми се исполни душата. Нема ден да не помислам дека ми фали и да почнам да плачам...
Пред некое време полагав испит, и ми се вратија сите спомени од факултетските денови, ама оние негативните... Сиот стрес, непроспиени ноќи и то сето то проживеано 64 пати (толку испити) плус расцепкано на усен дел, практичен, писмен дел и тако даље... Ама па сме исчеличени сега бе. Сме постигнале нешто во животот. И освен дипломата, битна беше и таа другата школа, животна школа! Како да го турниш месецот со толку и толку пари, па крати од ова, крати од она, за јадење и да не зборвам. Пошто живеев во студентски, нема што не пројадов. Башка, апсолутно никој не познавав, па ги тренирав мојте социјални вештини. И ред други работи што не ми недостасуваат...
Зедов да правам ручек, некои пилешки крилца, салата и печен компир со зеленчук. Ме нападна другар вегетаријанец кој почна да го дрви дека јадеме мртви лешеви. Мислам, ја отупеа некои нејадачи на месо, ептен, со нивните приказни и солење на памет што било а што не било здраво за јадење. Може мене ми е препорачано да јадам месо за слабата крв, може па сакам да јадам месо. Оставете ги луѓето да прават и јадат што сакаат. Nobody really cares што мислат или едните или другите, нема потреба од напнување.
Зошто е чудно да се види човек со самодоверба? Баш ми беше многу мило и задоволство шо настапив со таква самодоверба
Не знам зошто кога се прашува што да се подари на некоја жена, поготово ако е 35+, се дава за совет купи и тенџере, тавче, не знам шо и за 8ми март на жени тоа се дава. Никогаш на никој не би му подарила вакво нешто да бидам искрена. И мајки и жени и девојки заслужуваат подарок лично за нив, нешто што ќе ги израдува, а не поклони за кујната... Друго, многу ми се глупи "смешните" твитови/статуси од тип на "успеавте ли вие што не бегавте од часови, успеавте ли вие што сите 5ки ви беа, успеавте ли вие што секој час и секој тест бевте спремни". Па и читаш риплаји и пофалби колку неоправдани и оправдани имале, колку 2ки имале... Само у Македонија е пофалба да кажеш колку 2ки си имал и колку не си одел у школо, а ако учиш не си кул, не си интересен, па и деца што учат трпат булинг дури. Let's not normalize this.
Си имам еден најдобар другар, далеку од мене е, ама нему можам да му кажам се. Ме разбира, ме чита ко буквар, ќе ме критикува ако треба, сме се карале, ама знам дека нему можам се да му кажам. Секогаш знае кога сум тажна, кога сум нерасположена или ненаспиена. Знае да ми даде таков туш за реалноста и го ценам за тоа, не ми прави филмови, и тука е за мене секогаш. Таквите вреди да ги имате.
Петок вечер: Мајка ми и татко ми на 50 години си излегоа во кафич заедно. Јас на 19г седам дома и спремам испит генетика. Мислам, супер е нивното, сакам и ја таков живот у 50тите.
Мајке ми ќе земам ќе си залепам на чело колку години имам да прекинат машките да се плашат и да ме прашват колку години си,страв ми е затвор да ом Убо било да си младолика викаат
СДК дека кога се зачленив на форумов,не претпоставував дека ќе ми се ежи кожата од нечии мислења,особено не од мајки на деца.За жал и реалноста е полна со такви. Имаат толку прекрасен подарок,ама не го ценат. Наместо да седнат со децата и да разговараат,тие ги удираат. Велат на нив ништо не им фали иако биле тепани како деца,па немало ни на нивните деца. Удираат по нивна крв,а со тоа и по себе. Се правдаат дека тоа се благи удари,ама не се.Па,уште и толку гордо го кажуваат тоа дека се благи. Грешат...И тие удари се ќотек и насилство. Самото тоа што мислат дека удирањето е во ред,е многу силен и цврст доказ дека нешто им фали. И им фали,им фали љубов. Тие не ги сакаат нивните деца,само мислат така.Но,ни еден удар не е љубов,туку „лечење“ фрустрации од нивното минато и поради тоа што не можат да се справат. Ударите што ги применуваат се погрешни постапки. И не чинат.Оставаат трага во потсвеста и рана во душата. Можеби последиците нема да се јават веднаш,но можеби ќе се јават подоцно. Можеби по 20-30 години тоа дете ќе е возрасен кој уште полошо удира други луѓе.Други ќе страдаат поради него. Ќе се создаде еден цел круг на насилство,круг што можел да се прекине само родителот/родителите да имал/е волја,а и свест и совест. Толку неблагодарни луѓе се,а по 30-40 години ќе се жалат кај роднини и на форуми како детето не ги ферма,како намерава да ги шутне во дом за стари лица иако тие нејќат.И нема да им текне зошто. Тие применуваат насилство додека пак некоја стерилна жена го моли Бога и оди на третмани и прима терапии за да може да почувствува радост секој ден,да види детска насмевка,да слуша детска смеа,бутање ствари и трчање наоколу.Жена која не би го удирала своето дете,туку би му ги бришела солзите,би го галела и прегрнувала,би разговарала неуморно со детето... Од срце им посакувам на ваквите добродушни жени да им се исполни желбата.Тие го заслужуваат тоа. #децатанесебоксерскавреќа
Не поседувам некоја опрема за спортување добра, поготово патики. Имам едни адидас но се доста застарени, за разлика од дечко ми кој има посебни патики за трчање, за искачување, за играње кошарка, за излегување и сл. И така ми предложи да одиме да се искачуваме и мене најголем проблем ми беа обувките. И некако ајде ме убеди, се среќаваме и го гледам ги облекол најстарите патики што ги поседува, од средно уште, од солидарност. Абе кај го најдов..
Порака до сите убијци: Сите во животот плаќаат за своите гревови, некој порано, некој подоцна, некој во овој свет, некој во другиот свет..
Си ги извадив џемперите, долгите блузи, мантилчињата, чизмичките и едвај чекам да дојде есен. Обожавам да носам мантили, чизмички на ниска штикла, џемпери, а плус и зимските јаки бои на алиштата ги обожавам. (Знам дека дур мрзнам на буска у 7 и 10 чекајќи бус така едно ладно ноемвриско-декемвриско утро ќе ја хејтам и есента и се ама бар да се порадувам сеа малце).
СДК дека ми пречат премногу гласни и нетактични луѓе. Не знам што е толку тешко човек да зборува и да се смее со нормална јачина
Се додека одењето на психолог/психијатар се смета за срамота, а одењето по бајачи за нешто најнормално, ќе си тапкаме во место. #смајлиштосекрсти
Губењето телесна маса и губењето κалоρии е многу важно κолκу и ρасκажувањето пρиκазни за аρамии. Κога неκој уρедува неκоја тема, тоа не значи деκа пишува есеј на таа тема. Κога неκој допρинесува да се ρазвие една дисκусија, тоа не значи деκа сите саκаат и допρинесуваат да ρазвие таа дисκусија. Κога неκој саκа да биде и да изгледа убав, тоа не значи деκа сите саκаат да бидат и да изгледаат убави. Κога неκој ρаботи и го ρазвива својот талент, тоа не значи деκа сите ρаботат и го ρазвиваат својот талент. Κога неκој има инспиρација, тоа не значи деκа сите имаат инспиρација. Κога неκој пρима инјеκции, тоа не значи деκа сите пρимаат инјеκции. Κога неκој е подготвен да живее и дејствува во едно општество, тоа не значи деκа сите не се подготвени да живеат и дејствуваат во едно општество. Едни имаат памет, дρуги не саκаат да слушнат.
Ги мразам деновите во кои немам волја да станам од кревет. Уште повеќе мразам да им се објаснувам на моите дома за тоа. Ќе биди ова долг и одвратен ден.