Неколку пати имам слушнато дека најубајте жени биле на форумов. И пред некој ден, отворам една тема (модни критики) што ја спомнаа во дискусија и многу позитивно се изненадив. Згодници едни!
Време и внимание, најдрагоцените ресурси во градењето на односите. Ако ги давате, а не ги добивате, присуството заменете го со отсуство што ќе се почувствува.
Уште чекам да се роди тој што ќе знае дека патот до моето срце е: кадаиф, баклава, палачинки, пудинг..итн., итн..
Оставање празно место пред интерпункциски знак ми боде очи, а често го забележувам на многу места во последно време. Исто така ми боде очи и кога нема празно место после запирка на пример. Интерпункциски знаци не се пишуваат вака: - Ќе можеш ли да ми помогнеш ? - Мора да одиш таму !!! - Важи , ќе се чуеме . - Важи,ќе се чуеме. Значи, правилно интерпункциски знаци се пишуваат вака: - Важи, ќе се чуеме. - Мора да одиш таму! - Ќе можеш ли да ми помогнеш? И баш размислив, никогаш на часовите по македонски не се посвети внимание на пишување правилно интерпункциски знаци кога пишуваме електронски. Можеби тоа е еден голем пропуст на училиштата, па затоа и голем дел грешат.
Не можам да ги сфатам сериозно луѓето што се опседнати со хороскоп. Посебно кога ќе ги видам темите како на пример Како во врска со машко овен ми иде у око да си брцнам.
За жал, многу желби се остваруваат дури откако ќе престанат да ни бидат желби. И многу нешта доаѓаат кај нас откако ќе престанеме да се надеваме. Твој ред е да посакуваш, да молиш, да пишуваш. Доцна е.
Веќе ми фалиш.... Станот не е дом без тебе, само празнина со ѕидови. Едвај чекам да се вратиш. И кога ќе се вратиш, не те пуштам пак. Не сум навикната да сум без тебе. Спијам на твојата перница, барем дел од твојот мирис кој избледува да го почувствувам. Никогаш не сме биле одвоени на подолго време. Не очекував дека ќе ми биде толку тешко. Иако ќе се слушаме на вибер, ќе ми фали твојот допир, твојата насмевка, твојата прегратка. Те сакам премногу....
СДК Требало како мало да ме дадат на посвојување во странство. Ја замразив бившојугословенска север на 19 год. и никако да ја засакам. Уште слават утре.... ко да има нешто за славење тој шо не е клептоман на функција. Изблик на искреност, ама не можам да ќутам јас.
Се случи мала несреќа и еве размислувам колку сме мали, кревки и безначајни суштества во универзумов. Слаби креации кои за секунда може да се повредат или да исчезнат. Пред некој ден со мајка ми бевме кај баба. Тие две беа во двор, а јас земав нешто од горе. Само 2 мин ме немаше и кога се враќам ја гледам мајка ми седи омалаксана, а околу неа застанати комшивка и баба ми. Прашувам што се случува, а комшивката вика: - Падна мајка ти. Како бре падна? Седеше на стол и беше бледа како дух. Бела на лице и испотена. Не можеше да диши и се држеше на гради пробувајќи да земе воздух. Глетката не можам да ја заборавам. Не беше психички присутна и главата ја наведнуваше. Почна паника да ме фаќа, ама останав смирена. Не сфаќав што се случува и како паднала. Ја прашував дали ја удрила главата, ми рече не. Се сопнала на последната скала и паднала на колена. На едниот глужд имаше оток, а другата нога и беше со крв. И дадов малку вода и нежно ја миев по лице и врат. Уште беше бледа и отсутно ме гледаше. Се изгуби и главата и паѓаше. Полека со куцкање ја однесов до кола. По пат менуваше бои на лице де бела, де жолта. Викаше и се повраќа и ќе се онесвести. Сами ние две бевме во кола и не знам како успеав да возам. Среќа ногата не е скршена, туку лошо шината и потечена. Не може нормлано да се движи, со завои е стегната, а другата нога на колено има огромна крвава модринка и оток. Бледа била од шокот и силниот удар...затоа и било лошо. Полека почна да и се враќа бојата на лице, па кажуваше дека кога паднала ништо не слушала освен зуење. Ме гледала мене низ магли и во исто време и студело и ладна пот и излегувало. За малку не ја удрила и главата. Ете можеше уште полошо да биде, ама помина. СДК не знам ни сама како останав смирена покрај анксиозноста. Навистина добиваш супер моќи кога саканите се во опасност.
Скопјани немаат никаква сообраќајна култура. Факт. Секако чест на исклучоци. Но, мојот целокупен впечаток е тоа. Во села со максимално дозволена 50, се престигнуваат коли кои возат над 100. А, ако некое дете излета?
Пред некоја вечер ја сонував една другарка која одамна не сме имале контакт, ни онака да пишиме на фб. И баш се чудев од каде се најде таа во мојот сон, од нигде никаде, зошто ја сонував. И денеска ми пиша Кога видов порака од неа се зачудив скроз Немаме пишувано времиња, ни се имаме видено и нормално пишаното беше со некоја цел, за помош Не ме ни праша ни едно како сум.
Искачам со еден познаник. Идеме на кафе. Ми кажува каква кола ќе купел, колку пари е облеката што ја носи, што ќе работел во иднина итн. Доаѓа време сметката во кафичот да се плати и ми вика:немам пари. Згора на сé си нарачал пијалок над 200денари знаејќи дека нема пари. ОК, ја платив сметката. Ова е еден пример, а колку ги има вакви ехе. Со вакви богаташи следен пат поинаку.
Ми пропадна летото. Ни одмор не земав ради коронава. Кај ќе идев?! Езеро има свои убавини, ама море си е море и Грчка си е Грчка. Ми фали ладно пиво на плажа каде има чиста и мирна вода, со совршена температура. Негде на Егејско, она Јонсконо реума ми направи. Далеку од сите проблеми, далеку од мислите. Само јас и тој.
Доаѓа на гости една пријателка на мајка ми. Ја внесуваме во дневна коа ќе дојде(логично).Денес си собра смелост госпоѓава и си влезе во спална и детска, за да види како се уредени. Дали луѓево знаат што е срам?Може немам паркет во соба, може немам мебел, може ми се соби-шпајз. Зошто луѓето се љубопитни и безобразни? Во моја куќа никој нема да влезе во соба каде што нема да го поканам, дури и по цена на пријателството.