Убав сончев ден, под крошните на дрвјата длабока сенка со оптимална температура. Решив да одмарам на клупа. Тука беа родители со деца. Џагор, смеа. Се додека едното детенце не фрли отпад на земја. Ме боли, навистина ме боли, кога некој не си ја сака својата околина. А, и немам ништо против малото детенце, тоа се одвиваше пред очите на родителот. Треба да го едуцира дека таа околина е нивна иднина. Се мислев дали да упатам коментар, ама па не сум вработена во комунално друштво да собирам по сите. Се обратив на родителот со смирен тон, иако вриев на неговата индиферентност према самата постапка. Среќа, изреагира, го земаа ѓубрето. Си викам, твоето дете ќе фрли, друго дете ќе фрли, ти ќе фрлиш и ланчана реакција. А битно никој не сака да се движи каде има депонија и се најгласни кога гледаат смет, ама таа депонија не е од воздух направена. Луѓето несвесни ја формираат. Треба строга едукација во училиштата на таа тема. Поголеми казни за фрлање отпадоци и не само фигуративни, туку наменски и чести. Сите се воодушевуваме кога идеме во странство на чистотата и хигиената во градовите и истото може и тука да биде. Ама не, ми се може, ќе фрлам каде сакам. Посебна болка имам за природните богатства, наместо со восхит да гледам кон природата, јас со чемер ја наведнувам главата.
Ќе излезам од сите групи со книги. Иритирате со тоа сликите и прашања од типот :Со која книга прво да почнам? - Со која сакаш е**те.
Порано многу ме исполнуваше кога помагав на некој. Ќе направам услуга,финансиски или материјално не е важно. Денес грутка во грло имам ако помогнам на некој, ме гуши кога ќе ме удават ко хиени за нешто, или па финансиски или па материјално,или пак за работа. Значи не сакам да помогнам. Не сакам,затоа ниту одговарам на пораки или ќе одговорам со “не знам”. Себично е.
Вчера официјално започнав нешто ново и му кажувам на брат ми и ме прашува а што е тоа ама конекцијата беше лоша и не му објаснив добро. Вечерта кога можев да му одговорам почнав да му објаснувам и тој ми вели изгуглав видов што е. Мој тип на човек и јас така кога не знам за нешто проучувам наместо да замарам околина. Ептен ако не се снаоѓам ќе се обратам кај него, многу ми е мило што го имам лично него за брат. А како мали колку се задевавме конкретно јас него, ама како поминуваа годините сосем се променија работите. Тука сме секогаш еден за друг независно од се и знам дека засекогаш ќе остане така.
Зошто κога ќе пρашам неκогаш неκој во ЛП не ми одговаρа назад сеκогаш?! И на фејсбуκ, гρупите во κои се најавувам, често одговаρаат на поρаκи но не и сеκогаш. И на мене неκогаш κога ќе ми напише неκој не одговаρам сеκогаш. Зависи од многу нешта.
Кога бев помала јас и се улизував на мама да ми даде пари или дозвола да идам некаде. Сеа она ми се улизува пошо имам возачка за да ја возам и да идеме негде. Ама ме убеди, идеме на шопинг и кафе така саботно мајка ќерка.
Мрзливо попладне. Си крчкам омлет со моцарела, у позадина Роби Вилијамс на најако. Мисли на сите страни, ми се прави некоја лудост. To make me feel alive. Добро сум.
Животот е убав. Саκам да ја посетам Италија и да пρошетам во Ρим на плоштадот. Да дознаам нови нешта, да дојдам до нови инфоρмации..
Одвреме навреме да си купиш нешто убаво, да си се поднапиеш и поткаснеш што ти душа сака, да заминеш некаде да се изнашеташ ко човек. Овие работи не се расфрлање, туку self-care. И ме боли фактот што не секогаш сум можела да си приуштам нешто убаво, ама никогаш не сум мислела дека нешто е беспотребно расфрлање само затоа што во тој момент не сум имала, а не дека не сум сакала.
Само да застанам стабилно на нозе повторно ќе видат многу работи од таа толерантната и мила ќутлива девојка што трпеше све и имаше сожалување и разбирање кон секого, само да ми се наредат коцките ќе се сменат многу работи тоа со сигурност го знам. А дали ќе биде лошо за некого или добро ќе оставам на времето да покаже, а сега за сега мудро си молчам и си чекам.
Имам навика да слушам една иста песна, се' додека не ми здосади толку многу, што веќе нема никогаш да ја пуштам.
Фразата "Баш ми е гајле за се", кога е поткрепена со објаснувања и оправдувања ја губи тежината на значење.
14.09.2015 Јас, бруцош, се движам сама по нови улици, запознавам нови личности. Се ми е непознато и чудно. Исплашена сум, а во исто време возбудена и полна со очекувања. 14.09.2020 Јас, апсолвент, ги спремам последните испити. Се движам по веќе добро познатите улици. Со денови гледам разтрчани и збунети лица. Се запишуваат, се вселуваат. И ми се враќаат спомените. Денес, јас на работа, а во близина има факултет. Гледам млади личности како брзаат, разбрав дека денес им започнува академската година, и се сетив, дека и за мене на точно денешен ден пред 5 години почна едно ново поглавје. Сакам да им посакувам на бруцошите и на сите останати студенти успешен почеток. Не доволувајте тешките денови, непроспиените ноќи, стресот и неправдата во некои ситуации да ве натерат да се откажете и да престанете да верувате во себе. Уживајте во секој ден, зграпчете го секој момент. Не сте ни свесни колку брзо сето оваа ќе се претвори само во уште еден спомен.
Во Македонија било евтино студирањето. Епа ај на кој му евтино нека ми плати 17000 рата за овој семестар и плус уште 3000 минимум нека ми даде за книги и практикуми да си купам.
Кога ќе си фатат дечко, 80% забораваат дека имале другарки, да излезат на кафе со другарка и слично. А кога ќе раскинат, одма пишуваат, па рамо за плачење, па одма се има време тогаш за кафе, одма те бараат. Многу интересно.