Денес направив важен чекор, за кој собирав храброст веќе подолго време. За среќа, беше полесно отколку што си замислував дека ќе биде. Обично, човек во фантазијата си создава секакви лоши сценарија, а реалноста не е толку црна. Доволно е само да собереме храброст и да се обидеме...
Не знам дали само мене ми е вака, или општо сиот женски род, имам импулсивен нагон кон шопинг. Влегувам во манија и сум во состојба цела продавница да ја купам. Да имам милиони, ќе преспивам во молови. Какви се тие боженствени храмови?!? Влегуваш и забораваш на проблеми, животни прашања, забораваш кој си и што си. Маж ќе налупа 10ка со кромид, ракија и шопска, ама какво исцелување жена може да доживее на шопинг, тоа е магија. Аххх
Тоа што одбирам да бидам тивка и да не вратам на луѓе кои намерно провоцираат пошо не е мој стил да се испокарам и исповреѓам иако реално тоа и го заслужуваат, не значи дека сум глупа или не сфаќам што е работата, само одбирам да не си го трошам времето на глупости и небитен фактор ликови. Болна легнав по едни сандали шо ги видов и не ги купив. Да успеам да си ги сопрам прстите и да не ги нарачам пошо не ми се вистински потребни ќе биде чудо. Ајде Дрим, нов предизвик за тебе, во наредните 24ч да успееш да не ги купиш сандалите.
Вие шо се озрачивте од сликање со коктели.. Пици... Тестенини... Шо не клајте една слика кај шо јајте грав. Just say....
Нема поента маската да ти стои на брада или на само на уста. Со носот што правиме? Или носи, или не носи и не ми диши во врат.
,,Работите ќе бидат оштетени правопропорционално со нивната вредност'' Марфиевата константа Многу се изнервирав, многу. Ако успеам сега да ја задржам ладнокрвноста, ќе си честитам сама на себе.
Толку е читан форумов шо мое мислење и идеја за меменце од темата за медицински, го искористиле на инста профил за машински факс. Ако, значи многу не читаат.
СДК вриштам во себе,а не на глас оти не сум како нив. Можеби за џабе се нервирам.Кучињата си лаат,а караванот си врви.До кај ќе врви не знам,ама нека си мислат тие личности кои треба да мислат. Ќе помине,си велам. Ќе гледам во друг правец.
Секогаш се залетувам и правам погрешни проценки за луѓето. И на крај се разочарувам. А чекам, давам шанси, верувам на празни зборови, чекам дела, ама не вреди се на зборови останува секогаш. Нешто што не го мислиш и не можеш да го исполниш не го кажувај, не ветувај. Некој се надева.
Многу ми е смешно кога некој роднина дава интервју на тв и сите роднини до 10то колено вртат еден на друг "абе ја виде на Славе жената на тв".
Близок човек седна и рече дека ништо не можел да направи,плус се чуди како таа дошла до тоа. Јао,која патетика... Он со години плашливо молчи наместо да ја доведе во ред,а не му текнува зошто дотичната му госпоѓа се поквари. А,бе,и Пчиња некогаш беше чиста милина,ама покварен народ ја направи бљувотина.
Баш го хејтам чувството кога ми недостига нешто толку добро и исто толку нереално. А се случува, ете вака.. понекогаш.
Не можам да сфатам, два пати пишале и одма "ми недостигаш, те сакам, сакам да те гушнам" Едно видување и врска, па по дома одење роднини, пријатели нз шо. Како така на брзина се јавуват чуства и се. Па по два месец ќе се чудиме шо му стана, го снема и слично. Не, за 2,3,6месци не можиш да познаваш човек, кој тек го запознаваш. Многу чудно време, многу чудни работи околу мене гледам.
Ме гушат ѕидовите,луѓето дома,семејните драми.... Улав народ не ме остава на раат. Ама ај,надежта за подобро утре никогаш не умира.
Злобен завидлив народ, зар може бре да сте толку завидливи и за банални работи и ситници да завидувате? Па дури и пробувате да бидете иронични, да се потсмевате, па како вас не ви е криво а криво ви е до бесконечност од лице ви се чита Такви ко вас не перцепирам веќе за ништо, одвратни сте.
Јас цел ден: здрава исхрана, вежбање... Јас после 1 часот по полноќ: умирам за јадење, ајде да си земам за јадење нешто и секако се јаде некое чоколадо, грицки и тако то... А, немам брз метаболизам, воопшто немам и се што е екстра калорично се фаќа за мене, немам луксуз да јадам вакви глупости. И после зошто дебела. Е, така нека стои ова тука да си го читам кога се прашувам зошто сум се здебелила и си се лажам дека е ради стресни ситуации, као у стрес сум се дебелеела. Да, де да, не е од чоколадите у 2ч.