Секое премолчување и избегнување на отворен разговор е таложење на зборови, емоции, мисли што индицира лавина од тежина која го означува почетокот на крајот.
Рамнодушноста е полоша и од омразата. Не, не те мразам. Само веќе ми е сеедно, што и да се случи сега не може да ме погоди.
- Што корисно направи во недела вечер? - Успеав да се запишам да слушам изборен семестаров на кој има место само 30 души да го слушаат од 350+ души у генерација.
Сакам да кажам дека оваа недела сум навистина горда на мене! И да си кажам - Браво! Положив мн тежок и обемен испит, кон кој имав стварно многу страв. Газот си го распнав од учење, секој ден по 12-13 саата буквално од 5 Август како почнав да учам. И ете, денес си добив маил од работа дека сакаат да ме унапредат во работната титула и ми ја покачуваат платата за многу повеќе. И сум пресреќна! Можеби сум ненаспиена рахитично бидејќи учам и работам, и немам време за нормален сон, но трудот ми се исплати! Единствено сум тажна што кога ќе завршам факултет за брзо, и ќе бидам со титула др. по општа медицина, платата ќе ми биде многу помала од оваа сега. И незнам колку години и да работам во нашава земја, нема да ми стигне како моментално што ја зимам. И незнам уствари колку ми се исплаќа да работам како доктор, за многу помалку пари. Сета мака, труд, мачење сиве години на факултет... Додека, од др страна знам дека за некое време, доколку се трудам, ќе бидам повторно наградена во сегашнава работа. Во рок од 5 месеци, 2 пати ми ја качуваат платата и 2 пати бонус добивам плус. Дилемата е:„Дали да работам по титула од факултет, и зимам многу помала плата, или да работам тоа што моментално го работа, за кое не ми требаше факултет да се вработам, и вложив мн труд да стигнам до позиција каде сум сега, и каде зимам стварно многу убава плата?“. Ах, Македонијо, туго моја... Што ми правиш вака? Кога ќе се вреднува трудот во оваа мала земја?
Што е со родендениве на тинејџеркиве денеска? Тренд е последниве година-две да стават слика од изнајмен локал со диџеј, со 5 торти на 5 спрата, балони, шиени фустани и професионална шминка за што.. за 18-19ти роденден. Којзнае колку месеци штеделе за толку пари да фрлат за една слика за Инстаграм од роденден, зошто не ни е таков стандардот да можеме да си го приуштиме туку така тоа. Пола плата на родителот за да има 5 торти од 5 спрата за роденден и да биде принцеза на мама и тато... А тие се грбават по цели денови на работа.
Лето 2020? Календарски- да. По временски услови пак да. Ама ова сепак не беше лето. За мене не е лето кога не можам да видам Егејско море. За мене не е лето кога неможам да гледам зајдисонце на плажа покрај море. Или изгрејсонце. Можеби звучи meh, ама тоа сум јас. Какво е тоа лето полно со грижи? Полно со страв, неизвесност. Лето кога не знаеш што ќе ти се случи утре. Неиспланирано лето. Лето во кое немаш очекувања. Не очекуваш никакви патувања. Ништо. Депресивно лето. Одземен ми беше најубавиот период од годината. Период кој со душа го чекам цела година. Цела година чекам да уживам, да се релаксирам на море и тоа ми беше одземено. Не е фер. Не. Посебно не за љубител на море како мене. Мислам дека нема некој да љуби море колку мене. Сè си мислам дека никому не му недостига тоа задоволство колку мене. Затоа мислам дека никој не ме разбира. Ова лето немаше душа. Ова лето не беше лето. Барем јас не го сметам за лето. Ќе го паметам по празнина. Ќе го паметам како депресивен период. А летото не е за да биде депресивно. Затоа ова лето не беше лето.
Во последно време, почнав многу да ја засакувам ноќта. Тие доцни часови кога се' е тивко. Само тогаш можам да останам сама со себе и со моите мисли. Викаат дека утрото било попаметно, но не се согласувам...
Се забележувам себеси како ме смирува шопинг. Пазарување од било кој тип, кое сфаќам дека ми е всушност опуштање и радост уште од детство. И не е за колку повеќе нешта да се купат, да се потроши нешто онака импулсивно, колку што е самото разгледување по рафтови/закачалки/излози, па макар и ништо да не се купи. Сабота беше ден во кој се одеше во маркет и јас апсолутно морав да бидам таму. Си разгледуваш по полици тестенини во различни форми и од различен тип, па некаде понатака чувствуваш мирис на крцкав леб - багети од кои обожуваш да правиш сендвич, па здогледуваш различни типови сирења/кашкавали, омилените маслинки, одиш понатака за да си стигнеш и до чоколадните задоволства. Иако сега оваа рутина и прошетка изгледа поинаку со тоа што најчесто заглавувам кај понутритивните и поздрави нешта, сепак си ја задржав и за време на студентските денови. Сабота ми беше ден за минимум едночасовна прошетка до маркет. Доволно за да одморам мисли макар и читајќи разлики помеѓу еден и друг хумус. Друг пат неделното пазарување ќе го оставев за недела, а сабота ќе беше ден за подновување. Гледаш луѓе раздвижени, некои спортуваат, други ги впиваат последните/првите зраци од есенското/пролетното сонце или пак уживаат во свежиот зимски воздух, па луѓе кои си шетаат миленици, семејни прошетки и дружби со пријатели, а тука си и ти па ги набљудуваш со насмевка од топлина. Влегуваш во различни бутици и речиси како во истиот миг да си исклучена од сите грижи. Влегуваш во други светови каде си фантазираш како носиш некој аутфит на некое за тебе специјално место, се смееш и уживаш со сакано друштво. А кога ќе си купиш ново, едвај чекаш да го облечеш. Не затоа што е убаво познавање од мода, не за да се пофалиш, не за да покажеш и докажеш нешто. Едноставно затоа што се чувствуваш удобно во сопственото јас и сакаш да ги запаметиш промените кои ти се случуваат, растењето и менувањето на личноста, а кои не ги забележуваме се' додека не погледнеме ретроспективно понекогаш дури и низ модификациите на стилот. Но од оние навики кои за мене остануваат трајни е шопинг во сабота. Со ентузијазам до идната.
Сакам да исфрлам „бомби“ со се шо осеќам, али мислењето го ставив во драфт оти се осеќам дека е грешка и дека е само late night panic.
Чудно ми е како луѓето го сфаќаат моето молчење како шанса за да ги проектираат своите разочарувања, неуспеси, гнев и љубомора врз мене. Но, ако, ваквите само уште повеќе ме мотивираат да успеам во животот, нешто што тие нема никогаш да го достигнат.
Од одење чекор назад (само и само за да се сочува енергија!) во комуникација, никој не видел нешто корисно. Кога они немаат срам за незаслуженото, оти па ние да имаме срам за нешто што реално сме се избориле?
Повторно испитна сесија. Мразам усно, па сеа и онлајн, ужас. Денес полагам, од вчера се утепав од плачење и тресење. Не е дека незнам ама целиот процес ми е толку стресен, воопшто не сакам да се уклучам. Последна година ми е ама
Едино добро нешто што ми се случи месецов е што се измерив сабајлево, по 1месец обидување колку можам да внимавам на исхрана и вагата покажа -4кг. Ова е само почеток ама доволен за добра мотивација и позитивно расположение. Си ветив на себе, во 2021ва ќе бидам како нова, променета и психички и физички.
Вака звучат оние кои мислат дека имаат апсолутно право на избор без воопшто да им е гајле како и дали тоа влијае на другите. Наједноставен пример е со (не)носењето маски, јер "слобода на избор".
Испив кафе у 22ч као да ме држи до кај 2 и нешо да поучам. Еве го и 4 бидна, уште сон не ме фаќа, а треба сабајле на испит да се нацртам. Оуукееј, никогаш нема да се наспијам пред испит ко човек, јасно е.
Заврши испитнава и за мене конечно. Сега се надевам ќе се реализира некое мини одморче викендов пошо енергијата ми е на 0. И утре ќе спијам цел дееен, никој да не ме разбудил.