Пробувајќи да не повредам блиска личност, кажав многу глупава лага, која ако се открие (односно кога ќе се открие) ќе биде полошо отколку веднаш да ја кажев вистината во очи. Нека не спијам и нека ме мачи совеста сега, кога сум безобразна!
Терсене човече сум, многу незгодна, ама и добра во душа. Исто толку и емотивна но и посилна од кога и да е. Таа добрината што ја имам, не ми донесе секогаш добро во животот. Ама и вака ми е добро, се снаоѓам, успевам, секогаш стигам до целта макар и тоа што сум ептен инаетлива. Чинам тоа ми донесе колку толку напредок во животот. Не се двоумам за одлуките, решавам по брза постапка, не анализирам и не вртам во круг. Или џа или бу.
Договарање со друштво за искачање be like: - Да идеме на концерт, ќе имало на отворено утре. - Да идеме у бар. - Да идеме у кафана. - Да идеме у кафич. - Да идеме у 10. - Да идеме у 9. Дур се договориме и усогласиме сите и викендот ќе пројде...
Зборот не се враќа. Морам да научам да бројам до десет пред да кажам нешто. И да ја искоренам навиката да кажувам ужасни нешта на недолжни луѓе, кога сум лута или нервозна.
Ми требаше многу долго време за да научам дека не треба да се задоволувам со помалку отколку што заслужувам на поле љубов. Една случка неодамна ме натера да размислам и да увидам дека јас всушност, трпам многу с*ања од личности што не би мрднале со прст за мене. И полека почнав да ги елиминирам од животов мој. Пошто јас многу се вложувам било во врска, било во пријателство и не знам зошто луѓево го сметат то како дозвола да ми фрлаат в фаца секакви зборови и да однесуваат како што ќе им светне. Е нема да мојт поќе!
Сакам да кажам дека сум горда на сама себе! Поминав тажни и тешки денови, скроз сама деца си чував добри 4г, положив за кола, дозавршив факултет и дипломирав, во еден ден одеднаш положив за негувател и воспитувач, се вработив, се во помалку од 1ипол година! Па не е малку. .. и уште си се чудам зашто сум како падната од Марс, па ми треба пауза на мозоков некое време, но не застанувам тука, ке си остварам се што сум замислила. Кога се сака, се се може! А во моментов ми требаат само дечињата и маж ми и да си одморам и уживам
Животот ми е далеку подобар кога имам обврски, кога си го планирам времето уз нив, кога имам занимација....
Она што најмногу ме живцира е кога некој ќе ми се јави во 12 часот навечер и ќе ме моли да го сменам на работа. Јас не сум на копче,па кога ќе посакаш да ме стиснеш. Не може ни во 12 часот да ми се јавиш, не е тоа да седиме во канцеларија со сите четири во вис. Си бара одговорност,свест и одмор.
Факултетот ни е во најмизерна, очајна состојба откако постои. И тоа е зошто се алчни,егоистични и најголемите лоповишта на УКИМ!
Некои никакви денови, а ја класична амеба. Многу филмови (не се сеќавам на ниеден наслов), многу саати сон, (ништо квалитетно, само се наталожува повеќе умор), многу мисли, флешови од пропаднати планови, ма бљак. Шо и да е ова, ретрограден Меркур, млада месечина у Вага, ватевр, сигурно не бере баш гајле за менталното здравје на поединците у галаксијава. Иш!
Една од глупостите на Ина Многуфина. "Денеска е Крстовден, сите на кои сум им пишала крст нека си го земат за домашна слава!" Боже, прости им, не знаат што пишуваат.
Никогаш не ги разбрав постарите комшивки што викаат на кафе, а се први трачарки. Се лутат кога не им се оди на кафе, а они се први да се нацртаат пред врата. Која како испрала алишта, што испрала, како ги спружила..? Ми оди на тераса и ми ги гледа моите алишта. Со убаво чим не пројдов, фатив и ѝ се нацртав дома и ѝ зашетав на едната низ соби. Ене ја, ја нема да ми дојде на кафе.
Па да, во право сте. Не знам јас што очекувам од дебил, љубезно го прашувам а тој ми се курчи. Уште доказ да сум му дала. Среќа имаше што во униформа бев иначе ќе ти го спуштев лепо.
Ја имам најдобрата, најверната другарка на светов, која секој би посакал да ја има. Сестрата, што мајка ми никогаш не ми ја роди. Девојката што за мене се грижи повеќе отколку самата јас, што тагува и се радува за мене повеќе отколку за себе. На сите ви посакувам по еден таков човек во животот. Те љубам другарке! ❤️
Ја сакам ноќта и нејзината тишина. Ја сакам и самотијата која доаѓа со неа, сè е толку спокојно и навидум безбедно. Но, не ја сакам нејзината боја. Само навечер, темнината која е присутна во мене се слева во темнината од ноќта. Сите стравови, болки, спомени и солзи, кои вешто ги кријам преку денот, излегуваат на површина. Тишината на темнината ми ги буди мислите кои се обидувам да ги заборавам. Колку парадоксално, нели? Да го сакаш она што ти ги отвора старите рани и што те повредува.