Ме фаќа многу нервоза. Подолго време сум на едно место и тоа ми пречи. Не можам да бидам долго во еден исти град, сакам промена.
Со паѓањето на платформата за онлајн настава децата ќе ја научат првата важна лекција во животот-дека во Македонија ништо не функционира
Која е потребата да се лаже за нешто што е преочигледно дека е лага. Признај ја вистината и готово. На исто сме сите, на секој може да му се случи, не е ништо срамно.
Зела да руга и понижува студенти кои положиле со 6-ка. Ги прави будали. Ги прави неспособни,а не е ни свесна низ што поминуваат. А,под знак прашалник е дали деветкашите и десеткашите чесно ги заработиле оцените. А,пред јавноста феминистка се прави.Оф... Срамота!
Џабе сите пари, фалби и фурања од која фамилија доаѓале, кога се толку неподносливи и уфурани што ниеден пријател немаат што ги трпи, дури ни сличните од нивна околина.
Мразам ладно време, но овој ладен ден некако баш добро ми дојде. Официјално ја започнав грејната сезона, си запалив огинче.
Далеку од очи и далеку од срце... во некои случаи е точно. За жал или за среќа, не знам. Знам дека повеќе ништо нема да биде исто.
Многу е убаво кога гледаш дека некои лоши особини полека почнуваат да си ги пакуваат куферите и си одат од тебе...
Овој период пред три години бев толку мизерна и депресивна заради проблеми со екс друштвото бидејќи не сакав да прифатам дека е крај. Не сфаќав колку всушност токсични луѓе се тие за мене. Мислев дека ми мислат добро, а тие ме манипулираа. За секој проблем јас бев таа што е виновна. Дека таквото нивно однесување го заслужував. Не сфаќав дека скапувам во таа токсична средина криејќи се вистинската јас. Промената дојде кога си дозволив себеси, насила, да се тргнам и конечно вдишив чист воздух. Кога се ставив јас и моите чувства на прво место. Тогаш го добив одговорот во кој долго време се сомневав: сосема сеедно им беше. После толку време одделена од нив можам да кажам дека сум позрела, се развивам како личност без никакви пречки. И никогаш не сум била посреќна што не сум со нив. Тие не го знаат овој дел од мене, туку само застарената верзија што повеќе не постои. Но тоа не е воопшто битно. Дел од ова го должам и на личностите кои денес ги имам во животот, кои chances are, немаше да ги имам ако не донесев одлука за промена. Личности кои премногу ги сакам и не би ги менувала за ништо на свет. Иако се малку, ми значат премногу и со нив се осеќам како да сум ги знаела отсекогаш.
Пред точно 1година се сеќавам на овој ден ми беа први официјални предавања на факс. Си дојдов дома преисплашена како ќе учам толку материјал поготово анатомија, како ќе се запознаам со луѓето, како ќе имам време за се, како ќе положам нешто. И чим ми завршија предавања, одма дома почнав панично да учам. Еве ме сега 1год потоа, со колегите кои ми се и моментално едни од најблиските луѓе не се замараме ни потресуваме ич, ислушавме предавања онака лабаво, завршија предавања, одма се дотеравме и отидовме да шетаме. Сакам да кажам џабе се плашев дека нема да се запознаам со никој и дека нема да постигнам со ништо пошо и друштво најдов и 90% испити од прва положив. Добро анатомија ми остана, за неа само стравот бил оправдан. Ех, да бев толку лабава и лани ко сега се ќе беше поинаку. Ама ајде секој почеток е тежок, ги гледам сега и помаливе колеги, исти ко мене лани, си велам мора тој период да се пројде. Дефинитивно уште еднаш кажувам, мразам почетоци. Си ја сакам комфорт зоната и кога се ми е познато.
Понекогаш седам и размислувам околу тоа што (ми) е најбитно во животот. Што (ми) е најбитно за успех, на пример. Кога подобро ќе размислам, тоа го правам често, не понекогаш. И истражувам, доста истражувам за да дознаам што е можно повеќе. И така, во некој момент сфаќам дека можеби најбитното нешто за успех во животот е едукацијата. Знаењето. Секоја една информација повеќе од сферата која нè интересира е вредна, затоа што можеби баш таа информација, искористена во правото време, можеби случајно, ќе биде отскочната даска кон успехот. Отскочна даска кон себе- остварување. Но всушност, не е доволна само едукацијата. Едукацијата без мотивација и амбиција всушност не значи ништо. Или мотивацијата е најбитна? Затоа што, што ако имаме амбиција, но не и мотивација? Тогаш веројатно не би се стремеле кон нашите цели и амбиции толку многу колку што би се стремеле кога би биле мотивирани, зар не? За остварување на амбицијата, потребна е едукација, но нема едукација без мотивација. Така, доаѓам до заклучок дека нема едно единствено нешто кое е клучно за успех, туку мора трите, според мене најбитни, погоре споменати нешта да одат заедно, надополнувајќи се едно со друго во секој момент, секогаш и секаде. После нив три сметам дека доаѓаат самодовербата, па менталното здравје, храброста, физичкото здравје и така натаму. Спојлер Не знам што конкретно ме натера да го напишам ова, најверојатно тоа што пред малку размислував на таа тема... или можеби ми требаше мотивација мене...? Не знам, ќе видиме.
Me nerviraat ne onie sto nacukale milion kila, tuku onie sto nacukale milion kila i potoa se odnesuvaat kako da celiot svet im e vinoven. Ma kolku i da se ocajno greota ne toleriram, zatoa sto izgovor dodeka lecis frustracii na slucajno odbrani lugje NEMA. Kako da ti se objasni deka NEMA site da ti odat po gzot samo zatoa sto si debela i NEMA zatoa da te sozaluvaat posle tvoite ispadi. Debelina ne e ausvajs da bides necovek.
“Слухот ти е оштетен” “Ко куче да те бркало” “Дебела си” Ама..ама... И после друг имал 13 години. Ова се зборови од возрасни жени со деца. Жално...
Другар ми: Што е размена на студенти? Ја: Хмм, ваљда мислиш на она коа идат на факс у странство еден семестар колеги? Другар ми: Не, туку кога од УКИМ се префрлаат на УГД и од УГД на УКИМ, буквално мењам студент си прават меѓусебно. Како да не се смее човек кога е опкружен со вакви будали по цел ден.