Јас па будала сум фатила дечко од Македонија. Абе оди фати некој Гемранец/Швајцарец и закачи му се ко крлеж да не избега. Ќе родиш деца и ќе земаш цел живот детски додатоци. По цел ден си ја ладиш на нет кажувајќи колку е тешко во туѓина пустина, а едина обврска ти е да седиш од кревет на кревет. Рмбачот (мажот де) ќе рмба цел ден и кога ќе дојде уште ќе глумиш нешто лута, пошто не те шета доволно, па ајде он те смирува и те убедува дека следен викенд на Малдивите одите само да се смириш. Епа Џолано кога не си праиш план со време, некои други си прават и пленат. Оди ти кини живци со секакви будали на (и околу) работно место, наместо да се ладиш некаде под палми со коктелче и лепези, и да оставаш секоја минута сториња од морето, морските коњчиња и делфините. Се зезам де, кај го менувам јас моето будалче за некои европски намќори. Сами ќе заработиме и пак ќе идеме до крај на светот. Некогаш...
Ќе си заминам од овде и само една куќа во Крушево ќе си купам. За ако некад се излажам да дојдам, колку да имам каде да се вратам.... Само се нека оди по план.
Гледав на Вести дека некоја наставничка ги украсила столчињата на училиште со автомобили. Тоа значи дека секое дете ќе си има свој автомобил и секојдневно ќе си седи на истото столче, а со тоа ќе се одржува растојание помеѓу нив. Таков наставен кадар ни е потребен!
"Еј ќе те барам деновиве за кафе да знаеш." "Важи, пиши ми слободно ко ќе си тука." *никогаш повторно не ме бара* Добро, зошто, ЗОШТО велите дека ќе барате некого за кафе ако не планирате да го направите тоа? Знам дека се случува живот и излегуваат непланирани работи, ама побогу не можи истото па истото насекое. Еднаш годишно случајно ќе се видиме некаде или сме излегле и истиот муабет е сѐ до следната година. Откако завршивме средно само еднаш сме седеле на кафе, сѐ друго останало како празни ветувања. Ова ми се дешава со двете добри другарки што ги имав во средно. Со едната последно се видовме во јули месец кога тврдеше дека обавезно ќе ме бара деновите, а со другата од лани од ноември (скоро цела година). Дали јас сум премногу наивна или што е работава не знам. Ама ако му речам на некој дека ќе го барам да се видиме значи дека ќе го барам навистина, а не дека истиот муабет ќе му го терам следната година. Јас ги барав веќе неколку пати. Искрено оладени ми се чувствата сега и не ми е грижа, само си размислувам понекогаш зошто некои луѓе ги снемува одеднаш и те ghost-нуваат без никакво објаснување. А ако не си вреден ни за едно факинг објаснување од нивна страна, пиши пропало. На тој што му е дојдено до тебе ќе вложува во врската како што ти вложуваш, другото сето треба да се избриши од животот.
Да ти се плукнам во несовесниот народ. Толку многу ли ви е тешко да ги почитувате мерките? Толку многу ли сакате сите да се разболат и умрат?
Дожд, книга, кафе, музика на слушалки. Знам дека звучи како клише, но уживам во оваа есенска вечер, баш таква каква што е
При тенки ѕидови и подотворени врати го прават човекот будала дека погрешно слушнал. Не знам дали да плачам или да се утепам од смеење...
После 2 месеци решив да пијам еспресо како човек. Ај што не можам да заспијам, гратис имам две муви во собата што идат по светлината на екранот од мобилниот. Тапа сум, ќе заспијам во 7ам.
Ќе налетам на некои теми тука (на форумов) и не можам да се изначудам како некои солат памет само, а појма немаат од животот. Ама си мислам, ќе научат.
Само уште телефонот ми немаше паднато во вода и не се имаше расипано, бидна и тоа. Ај наздравје. Го прогласувам годинава за баксузно и умрено.
Единствено нешто позитивно во пандемијава е барем што видов со какви луѓе се дружам и сум опкружена. Сериозни и одговорни кои зрело се однесуваат, а не инаетчии кои не веруваат или го потценуваат вирусот. Знам дека како изроди сме ние ретките кои почитуваме мерки, ама ете мило ми е што блиските ми се такви внимателни и се грижат за себе и тие околу нив. Нека сме исмевани изроди. Дури и тие кои ми изгледаа општо несериозни сега позитивно ме изненадија. И помлади и постари. Баш се радувам што толку почитуваат и се грижат да не се прошири вирусот. Бар знам за во иднина со кого си имам работа.
"Ако работите може да тргнат на лошо, ќе тргнат... и тоа по најлошиот можен редослед" - Едвард Марфи - 1946 г. Тоа е тоа, проверено е друже Марфи... Не знам како ги преживеав овие дваесетина дена... како, само Јас си знам. Неубави моменти и тоа на неколку животни полиња, едно по друго, и тоа по некој е*ан редослед... Затоа сум целиот за никаде, плус покрај тоа, две недели сум во улога и на татко и на мајка, 24 часа на ден, преживеав, ама мислам дека добро е што не се мрднав. Како и да е, помина се, барем така мислам...а и да не е, ќе помине...со последиците ќе се носам понатаму, мора да си дојдам малку при себе... и да се пребројам де... Во уши ми останаа зборовите на колегата пред неколку дена кога влегував во кола... Пред очи ми останаа некои други слики... Тие работи ќе ми останат врежани засекогаш. Поуки? Неколку... ама за жал, не сум тип на човек што учи од грешки и му доаѓа лесно памет. Ама ќе мора да се потрудам... а и не дека имам некој избор, едноставно ќе мора да живеам така и со тоа. Дали се каам? НЕ... во ниту еден момент... всушност, може ли да се кае човек затоа што дишел со полни гради? Што гледал со широко отворени очи? Што живеел со полно срце? НЕ... нема да се покајам никогаш. Дури, ако имам можност и ќе се заблагодарам за се... А, на оние што се ситеа деновиве додека ми ја гледаа ситуацијата, им должам кафе...и пијачка... затоа шти ми ги отворија очите. А после тоа, ќе ги избришам... Знам дека гневот не е здрава работа... ама така мора... Се размуабетив... дека со денови немав можност ... Си го затворив боледувањето прегеска...и одма се пријавив доброволец за работа... само уште вечерва да доисчувам деца, од утре или задутре се враќам во нормала... барем се надевам.... Сликава... ми остана пред очи со денови... и ова...
Чувајте го духот! Тој е единствениот сојузник што од почеток ве води низ животните турбуленции и последен ве напушта.