Никој не е толку зафатен за да не може да најди време повеќе од еднаш или два пати годишно за да се видите, а не се оддалечува повеќе од 100 километри од каде што живееш. Посебно кога се работи за некој поважен настан каде што сите се собираат, да ти рече "Не ми се исплаќа да дојдам за еден ден" и да ти го турни карактерот, бидејќи ти е битна личност. Се' е до приоритети, ама..
Ме израдува веста за свршувачката на Џени фром д блок Ја обожавам, а со Алекс ми се еден од омилените славни парови. Некако веста ми го исполни со позитива денот Обожавам парови кои од авион се гледа колку се еден за друг. Не, не мислам на оние што очајно се трудат така да се претстават, туку кои навистина се. Покрај моите, лично познавам и друг таков пар, само помлади, и толку ми е омилен, што не можам да ви опишам со зборови Толку се среќни, исполнети, релаксирани, кога седиш со нив само се полниш со позитива Да ги гледаш со полно срце и да му е мерак на човек, бидејќи во свет исполнет со 'на сила вљубени и исто облечени'- кадар за социјалните мрежи, ова е реткост и јас сум искрено среќна и благодарна што ги познавам
Ако никој досега не ви објаснил - луѓе, можете навистина да почитувате аспекти од минатото без притоа да измрчите и навредите за сегашноста. Да, имало квалитетна уметност, литература и музика, но тоа не значи дека сѐ што се создава денес е ср*ње. Да, имало прекрасна мода во минатиот век, елегантни мажи и жени - но тоа не значи дека денес мажите се облекуваат како „педери“, а жените изгледаат „лесно“. Впрочем, да знаат доста модни икони и уметници (воедно и хуманистички и прогресивни умови) во кој плиток и хејтерски контекст ги цитираат некои луѓе, би се превртувале во гроб. Да, млади луѓе се бореле и во војни, но целта на многумина од нив во таква ситуација била да остават мирно и донекаде безгрижно општество на наредните генерации да живеат како што сакаат и всушност личи на нивната возраст - а не да ги романтизирате хорорите низ кои поминале... Најдов дел од reddit кој баш ве опишува оние во ваков фазон - I am 14 and this is deep... па сеа видете...
Кога луѓето ќе прекинат времето да го користат како изговор за се што можат или не можат, светот ќе беше поубаво место за живеење.
Од лузери за денес издвојуваме една наставничка која пред очите на своите мали ученичиња клоцна едно мало кученце. Што поука ќе извлечат децата од ова еве не знам..
Некои работи сами се средуваат,но упорноста се исплати,времето си покажаа кој е во право,задоволството е мое.
Најстраши ми се луѓе кои се прават мутави, наудрени, изгубени, демек не те слушаат кога зборуваш и само одеднаш во погоден момент ќе ти пласне во фаца што си правел/кажал на 27 октомври во 13:15 часот, во 2008 година. Уште ако и имаат мала мутава насмевка... Стварно страшни сте.
За почит се луѓе кои и во позиција на моќ знаат да се извинат, да признаат дека погрешиле и да не им е проблем што не се безгрешни, на прашање да си кажат дека не се доволно информирани и дека ќе истражат за убаво да пренесат знаење нареден пат. Ни требаат повеќе вакви личности, посебно во образованието...
Ти велат дека грешиш,дека немаш поим,дека не те бива,а кога ти им го правиш истото,не чиниш. Дури и во состојба се да те зашамараат ако ги потсетиш дека го прават она што не сакаат некој да им го прави ним. Да,да ќе одиме наваму-натаму,ќе се караме до недоглед... Многу корисно. Балкан си е Балкан,нема што...
https://www.crnobelo.com/zivot/rodi...telkata-kujna-da-ne-ke-i-kupuvate-so-tie-pari Многу добро текстче, ни ја опишува општествената ситуација. Вреди да се прочита.
Жената е крива и треба да си ги сноси последиците најчесто во овие три случаи: Кога сака абортус. Затоа што ако не сакала да има бебе, не требало да има односи. А некогаш е крива и затоа што не знаела кога ќе сврши партнерот, па да се тргне навреме. Кога раѓа. Затоа што убаво ѝ било кога го правела. И кога е силувана. Затоа што сама си го барала. 21-ви век само по календар. Инаку векови наназад.
Колку е бедна бремената жена која пуши цигари, пие алкохол, ја бои косата со фарба која содржи амонијак и става вештачки нокти од чепост?
Почнува сезоната на луѓе што ќе оговараат, ќе се скараат со по некого, ќе користат секакви зборови во нервоза - ама битно пости тераат, и мора тоа да го кажат на секој пред кого ќе се случи да каснат нешто, бетер од вегани. Мех...
Убаво е чуството кога 2 'од горе' во рок од 2 и пол мин ти објаснуваат процедура која трае 90 мин и на крај велиш само-готово. Тие што гледаа се фатија за глава, а јас се фатив да го работам тоа Ќе научат, има време. Битно амбиција имаат и ме слушат. Таа што не слушаше и ми глумеше сезнајка секако нема да дозволам да се врати. Кога треба знаење од некој да земеш не смееш суетата да ја ставиш во преден план. Така сигурно нема никаде да останеш, кај мене па ич
Најубаво било да не шириш познантства од форумот. Така барем ќе си живееш во некој магичен свет кај што секој си го живее алтер егото што го замислил за себе. На форум феминистка - во живо исто така, ама кога ме изнервира жена ќе и рече "изгледа одамна не си тепана". И така... Може јас сум крива, може многу верувам во луѓето. Можеби сакам сите да се добри и праведни. Ама не се...