Петокот после работа тркнав да вадам Извод. Тоа шо внатре немаше никој, сите господа беа надвор на цигарче, нема врска. Почекав, си пополнив, дојде постар човек, дадов документ. За чудо одма го зедов Изводот, мислев ќе ми речи за некој час или вторник. Во меѓувреме дојде постар човек кој не можеше да се снајди кој лист да го земи да го потполни и дека не знае да пополни. Го замоли машкото на првиот шалтер шо беше да му го потполни. А тој прилично млад, само си седеше и ништо не правеше. Се направи дека не го слушна демек, чичкото неколку пати му рече, овој пак сам да си потполнел. Зедов јас му реков на чичкото дека ќе му потполнам не е проблем, туку работата му е таму ако некој не знае да потполнат, не друг да му врши нивна работа и тоа ги мрзи. И ме гледа преку шалтерот тој како некој мачор. Му потполнив, му го дадов на човекот. За две минути рацете не ми се изедоа. Ех колку мразам вакви работи и шо не можам да трпам. Порано ќе преќутев, сега не.
Кога ќе ме праша некое девојче како имам толку чисто лице и ќе ми наброи што се користи за нега на лицето и колку пари ја коштало се тоа, да сум ја кажела финтата што користам, срам ми е да кажам дека го мијам само со вода и ако не ме мрзи некогаш ставам крема за да си ја хидрирам кожата ама често и тоа заборавам па се дешава 2 пати неделно, викам "не знам и мама има таква кожа, сигурно е нешо до генетиката"... #Исповед
Кога промените почнуваат да се случуваат во свое време различно од потребите и желбите ќе се увериме колку нашите планови и очекувања биле во фаза на созревање.
Љубовта не е љубов кога решението е само едно и креваме раце еден од друг, без воопшто да не допира причината. Љубовта не е љубов ако се помируваме и не се бориме. Тоа е само фарса. Тоа не е љубов. И тоа е најлесно да се преболи ..
Sakam da izbrisam licnost od moevo srce i dusa koe me povredi premnogu.. No sto poveke minuva vreme, srce i dusa boli se poveke. Kolku li ke izdrzi bolka ova moe srce. Kolku i da se trudam da ja zamrazam taa licnost, ne mi uspeva. Me gusi bolka vo gradive. Sega koga mislev deka se se sreduva, ustvari se potona i mene me povlece dlaboko
Во деновите кога не знаете од каде да почнете и немате волја за ништо, почнете од најлесната задача. Така, чекор по чекор, се враќа храброста и самодовербата. Малку по малку, веќе ништо нема да изгледа тешко и неостварливо
Кога се чуствувам "кејџд ин" од сите случувања, најмалку ми фалат дополнителни ограничувања покрај пандемијава. Во ред, одново врие. Па кога секаде е исто сра*е, зошто не се отворени безусловно границите насекаде ениуеј? И после 8 месеци, ништо не е ослободено. Во услови на денешницата. Не знам што да мислам за да се утешам и дадам воља да продолжам малку повеќе ентузијазирано и енергизчно. Небаре никој не знае што треба да се прави... а као јас сум единствената нормална и паметњаковичка што знае како.
Колку луѓе запознав последниве 3 месеци, дефинитивно она један оде, три други доџе е чиста вистина. Не знаев дека толку лесно можам да склопувам пријателства и познанства, почнувам да си мислам дека грешно сум мислела сите овие години дека сум интроверт. Или можда научив лесно да се прилагодувам со луѓе?
Кога жената има циклус треба законски да биди ослободена од работа Прв ден ми е ужас, не можам да функционирам, како ќе помини денот денеска...оф
Најголем срам од онлајн предавања ми беше некако кога ми се пуштил микрофонот на сред предавање и тоа баш кога татко ми ме викна у дневна нешо да му средам на телефонот пошо му укочил, па за 2-3мин дур не бев пред лаптопот, ми стигнале пораки на телефон од поблиски колеги "дримке исклучи микрофонот", може па и професорот ме прозвал, а ја баш тогаш не бев таму. Уште ми е мистерија како се пуштил микрофонот сам и како сам си се изгасил после и иако помина 1 недела уште коа ќе ми текне сум зини земјо голтни ме.
Дали само јас не сум на фб оти 1. ми е досаден 2. нејќам да бидам на исто место кај што се собираат и сите луди и сите глупи, и шуто и рогато?
Само во темата *забрането јаболко * не се забега од темата. Сите други теми одлепија... Чистачите/чистачките на годишен се.
Ако си искажеш одреден став за одредена тема одма се поврзува со нешто што нема врска. Ако кажеш дека да ти пише "здраво" не е сексуално вознемирување одма испаѓа по дифолт дека ти велиш и жена која трпи насилство треба да ќути и продолжи и да трпи.. Да му е страв на човек веќе било каков став да искаже...