Дозавршив и испратив, ама се осетив мизерно за нешто што си вложив труд. Ми се ствара аверзија, а баш спротивно треба да е.
Кога една врата се затвора, прозорот секогаш може да се отвори. Само да не ти се потпре некоја "шарена" комшика на која многу и се трачари
Ми се смачи од балканскиов менталитет, мора ли се да се озборува, кој каде бил, кој со кого бил, кој, како, зошто, кога, каде, аман!
Моите ми бараа препораки за некоја добра книга, да ја купеле за подарок за врска немам кој али битно рекоа сакал многу книги. И викам ај видете таму од Себастијан Фицек нешто, тие сите се баш топ книги. Разгледале и ми викаат "абе ти секташка да не си, кај ги најде овие сите вакви чудни, психа да ти изместат, ко убијци да личиме, дај нешто повесело и понормално". Ох, Господе боже, тешко мене со луѓево.
На едно место држење лекции за тоа како насилството не е решение, како негативно може да влијае врз нечија психа, на друго тврдење дека ако е заслужено и ако доаѓа од девојка кон дечко е скроз ок. Зборување за заштита на жените, неетикетирање и разбивање на „сама си го барала“ менталитет, за потоа во друга тема да се кажува како некоја самата била виновна зашто се решила да верува во одредена личност. Советување на други да бараат психолошка помош, додека форумот е главна мета за исфрлање на сопствениот акумулиран бес во вид на деструкција и на сите навидум невозможни теми за караници. Постојано величење на тивки акции преку гласна „скромност“. Форумов стана школа за хипокризија без пардон. Во сета своја блескавост.
Денес сум расположена за карање, за к**чење и ‘рчкање на макс. Целл живот деновите пред да добијам сум безобразно створење. Мноогу работи иначе имам да изнакажам, и за луѓето на форумов и за луѓево околу мене ама неам време. До вечер ако ми пукне филм ќе ме читате во ,,испукајте се”
Секоја мал чекор напред, колку и безначајно да изгледа, е една мала победа и не' носи кон целта. Ова треба да си го повторувам секогаш кога за миг ќе изгубам трпение.
Некни со другарка ми зборавме, замисли од лошотилук да ни идеше менс, пошто грампи сум извесен период, башка ПМС па се смеевме дека ради то е, па после, шо ако ни идеше ради лошотилук? И заклучивме дека ќе бев чоек шо нема да преќини да крвари. Чирс.
Денеска добив многу убава, долго очекувана и битна вест. Наместо да се радувам, јас сум само рамнодушна
Не секогаш работите го следат планираниот тек. Посебно не оваа година. Уште на почетокот на годината многу планови ми се променија, некои целосно ми пропаднаа. Зошто сега да е поразлично? Ама останувам позитивна, само нека биде за подобро.
Оваа година ми беше полна со разочарувања. Но, тие разочарувања ме натераа да погледнам од другата страна на нештата. Да побарам решенија... Да откријам нови радости. Пропаднатите планови се претворија во нови можности.
Не ги сфаќам луѓето што не веруваат во вирусот. Се било заради 5Г, вакцини со чипови и триста други глупости. Аман! Не само вашиот, и другиот живот е во прашање. Божем првпат се соочуваме со пандемија во историјата на човештвото, па измислен бил вирусот. Не е толку тешко да се носи маска. И после сме имале по 600 заболени на ден. Е како да немаме?