Лани изгубена, 10мин пред прво предавање, не можам да го најдам амфитеатар 1 и се шетав ко изгубена околу факс. Па прашував постари колеги и ми покажаа кај е, па го најдов. Сега по 1 година јас им објаснувам на бруцоши кај е тој амфитеатар 1 да го најдат за полагање. Колку брзо проаѓа времево.
Сонував дека седнувам во омилениот ресторан, ги нарачувам омилените пилешки прсти со сос и печурки, и добивам одговор дека веќе не ги прават. Се разбудив како да сум сонувала најлош кошмар, задишана, со тахикардија, страшно вознемирена. Уште денеска ќе нарачам за да го извадам кошмаров од мисли
Никогаш се немам успиено за училиште/факс или општо за било каква обврска. Од кога знам за себе, секогаш кога требало утредента да сум некаде и да станам порано, сум спиела како на боцки и сум се будела пред алармот. Пример во 7 требаше да станувам да се спремам за школо, станував уште од 4ч на секои 15мин да проверам да не каснам или сум се успала пошо потсвесно на тоа само мислев. И така таа лоша навика ми се провлекуваше со тек на време. Најхаос проблем со спиење доживеав летово за време на испитна, око немав склопено ко шо треба ко човек без да паничам да не пропуштам некое полагање. Месецов за првпат у живот успеав да се натерам да спиам нормално, без да се будам цела вечер иако утредента си имам некоја обврска. Успеав веќе неколку дена вака. Се надевам нема за колоквиумска па да се вратам на старо. Одма примеќам разлика у тоа дека сум понаспана за разлика од порано. Цел проблем у животов ми прави проблем мозоков и тоа шо ептен се премислувам. Страшна работа е психава.
Сакам да кажам дека денес се случи нешто големо во мојот живот. Иако се работи за убав настан, едно поглавје во мојот живот кое конечно заврши, јас се чувстувам многу изморено, психички и физички. Не го чувствував во целост товарот на целиот овој процес се до денес. Дали вака се чувствува човек кога велат дека му паднал камен од срце?
Не разбирам, толку ли е тешко да се прифати туѓо мислење без исмевање и осудување? Замислете го светот кога не би постоел никаков контраст или никакви нијанси во нашите ставови...
Малку е чудно меѓутоа би ја изгушкала бившата на бившиот. Сега ми е јасно низ се што тоа девојче има пројдено. И мило ми е што сум имала удел да се отераси од него. Додуша на лош начин, меѓутоа на крајот испаднало дека е добро за неа.
Не можам да ги разберам оние шо тепаат диви животни и после на кола опнато го сликаат, па сето на фб објавено
Нема полошо од тоа да го сонуваш блискиот замотан во пластична фолија и да присуствуваш на неговиот погреб. Морбидно. Боже,чувај не сите.
Никако да се научам да ја сакам есента, заедно со чувството на меланхолија што неминовно го носи секој есенски ден...
Закажување на фризер и правење на шопинг листа за после колоквиумска е најдобрата мотивација за да ги преживеам овие стресни денови неделава. Малце помачи се, после ќе уживаш заслужено.
Има такви сонови, кои се толку реални. Сонови во кои секој допир можеш да го почувствуваш. И потоа се будиш, и сфаќаш дека нештото е невозможно да се случи во реалност. Е, тоа боли.
Денес слушав една емисија со вклучување гледачи.Се вклучуваат гледачи и кажуваат мислење за темата.Денешната тема беше Недела како неработен ден. Се јавува еден повозрасен човек и вели:"јас сметам дека недела треба да е неработен за сите освен за моловите, за да можеме да отидеме да си купиме нешто". ОК, дали во моловите работат роботи?И луѓето во моловите имаат потреба од одмор. Или неработен ден за сите или работен за сите. Се стремиме кон еднаквост, ама секој ги понижува продавачите, келнерите, готвачите кои исто така се луѓе.
Гледам Турска серија(комедија).Зборат двајца мажи како они седат дома,а жените работат.Како тоа мажот готвел и перел додека жената работи,што ќе рече маалото... И ова треба да е смешно според сценаристите на серијата јер серијата е комедија.Во 21 век уште има уназадувања. Ама,не е смешно! Жената не е слугинка и на мажот нема да му падне знаете што ако фати да зготви и испере!
На луѓето им фали само искреност и прифаќање на различните. Не сме ни ангели, ни демони... луѓе сме со доблести и маани.