Како си дозволувате бе да ставате слики на Инстаграм со косите мрсни 2 недели неизмиени? Лична хигиена е во прашање, на таков зејтин мора веќе и да замирисала, место да ја фати во реп или *недајбоже* да ја измие, става слики секоја недела на Инстаграм.. прљавштината не е во мода..
Положив прв усен колоквиум анатомија денес. Или што би рекла другарка ми разбиен е малерот, сега ќе ти тргне у живот. Се осеќам ко камен од срце да ми падна, цела вечер око не склопив од страв.
Одлуките што ги носиме се одраз на севкупното животно портфолио. Храброста е доблест само ако умееме да покажеме дека тоа сме ние.
Чудно ми е што кога по 2-3г се присеќам на некое време од порано, ги памтам само убавите моменти, а лошите ми се избледени, па го идеализирам тоа време иако не било нешто уау тогаш у моментот. Чудна работа е мозоков.
На предметот животни вештини во основно да не учеа како да се снајдеме во животот, а не како женските да знаеле да плетат, а машките да готвеле, подобро ќе ни беше сега.
Ќе ми пукне душата, ми се грчи стомакот,грутка во грлото ми стои. Срцето ми бие,се дели дел од мојата душа, се кине ама болно се кине. Очи полни солзи,капки полни вода. Јас на удолница,тие на угорница,си мафтаме, не можам да си влезам внатре. Стојам и гледам, си мислам вечер нема кој да ме пречека. Празен стан,тишина. Тишина која боли. Боже,чувај ми ги од зло.
Се случува нешто (навидум) добро и наместо да се радувам како секој нормален човек кај мене се уклучува overthinking дека не е како што изгледа и дека кај и да е ќе тргни на лошо. И седам сега, стравувам во ниедно време дали всушност ова е интуицијата која ми ја кажува вистината или е повторно една игра на мозоков и одам предалеку. Дали е стварно сѐ океј?
Сакам да видам како би изгледале јавните личности ако ги немаше пластичните операции Не би имало барбики а И сите би изгледале различно, а не како сега сите ко од иста мајка родени
Она кога ќе шернат во група слики од резултатите од полагање и не можеш да се најдеш на првата слика од положени, па доживуваш мини срцев удар се дур не се најдеш на втората слика положени студенти. Се препотив али добро е.
На чекор сум да се откажам од една цел што од денешна перспектива ми изгледа неразумна. Се надевам дека овојпат ќе истраам и ќе ставам крај, дефинитивен крај.
Дали луѓето кои се злобни уствари се несреќни ? Дали кога се подбиваат, омаловажуваат со луѓето е поради немање шо друго да прават со животот свој ? Хм....од секогаш ме интересирало како можи наместо со себе, да се замараат со други луѓе.
Колку и да ја сакам и ценам самотијата и сопствената приватност, сепак поддршката од пријателите и најблиските ми е незаменлива