Вечерва се развива можноста за формирање на кластерот „Прослава ради Фудбалска Победа“,славење без почитување на мерките во време на пандемија и тоа ради мажи кои трчаат по топка.Јее,ептен зрел спорт... И не само ваква,туку секоја прослава при која не се почитуваат мерките е погрешна во ова време. Really? Каде им е совеста? Ваквата прослава може да изгасне нечиј живот,ама на себичен народ не му текнува.
Често знаеме да кажеме дека:нема луѓе,секој е од корист. Сите го кажуваме истото,заборавајќи се сами во која група спаѓаме. *Луѓе *Нелуѓе Аааа и уште една битна,небитна ствар. Хулиганите што дуваа пред камери на плоштад без маски, нивните татковци и мајки нека не бараат од Венко да си даде отставка. Браво за Македонската репрезентација,гордост наша А утре нови бројки на новозаразени. Венко е крив јебига
Она кога идеш 5минути пред зграда да се видиш со другар ти и да му дадеш индексот, па твоите се ко "ааа чим искачаш више оди у маркет и купи тоа, тоа, тоа и не заборавај и рог од еднорог да најдеш да купиш за торта да правам".
Сакам да кажам ... Нешто. Ама немам шо. Сакам да кажам нешто ослободено од товар. Ама немам шо. Сакам да седнам пак да пишам оти инаку официјално месец сум скокнала. Ама не знам шо. И така. Тое. Го чекав Октомври за да имам на шо да се надевам и помина и другиот Октомври е во 2021. Јбг.
Фризерот ми рече дека сум му била една од омилените што доаѓаат кај него зошто сум имала многу мека, неоштетена коса што била реткост денес и ептен мерак му било да ми ја средува. И секогаш ми посветува многу внимание, абе не очекував дека толку ќе сакам на фризер да идам. Секогаш искачам насмеана од кај човеков, невидена позитива е.
Мразам шопинг. Многу ми е досаден. СДК 2 Дојди на свет во Маќедоња кај што секој секого го мрази и автоматски должност ти станува да се чуваш, небаре во дворец полн со интриганти се имаш родено хаха, не во најдлабоката вукојебина на Балканот.
Наполеонов комплекс да ти бил: Сега ги сфаќам некои мажињa ама би требало да оладат, не сме им ние криви шо сме високи
Чудно но вистинито, од денешна перспектива периодот кога бевме под полициски час останат е како еден навистина добар период за мене, кога сум се чувствувал исполнет. Интроверт, јбг.
Имам планови за 2021-ва, а немам планови за до крај на 2020-та и не планирам да правам оти крш е цела година откако почна. Ај.
Обично не обрнувам многу внимание на соништата, но тој од синоќа ми остана во сеќавање. Затоа што во него имав храброст да бидам тоа што навистина сакам да сум...
Постапките на луѓето откриваат она што се. Тоа што го прават го отсликува нивниот карактер. Не наметнувајте очекувања! Прифатете ги она што се и бидете свесни за својата вредност!
Си играм мајтап за симпатии, али вака ко шо се осеќам сега, последен пат пред 5 години. Let that sink in.
Цел ден го гњавам дечко ми да ми објасни како да ги разберам задачите статистика како се решаваат, ми објаснува од сабајле и си гледам ко теле во шарена врата. Да сакав да пресметувам задачи ќе студирав нешто поврзано со пресметки, задачи, бројки и тако то. Налет и денов, формулите, задачите и све више.
Денес ми стигнаа резултати од нешто важно за мене. Очекував дека ќе се добри, но не до толку. Најдобар успех имам меѓу колегите. Колку убаво се почуствував, си помислив ете знак дека го можам ова.Мотивацијата и самодовербата на повисоко ниво.Ќе се трудам уште повеќе отсега. Секој мал чекор ме носи поблиску до целта.
Некогаш сакам да можев да ,,држам'' лутина малку подолго, некои очигледно го заслужуваат тоа. Никаква втора шанса овојпат...
Секогаш бегам од луѓе кои измислуваат лажни нешта и се фалат без да ги прашаш ... незнам но ете секој следен пат вртам глава кога ќе ги видам . Во неизбежни моменти намерно ги прашувам за фалбите кои ги кажале па гледам како влегуваат во уште поголема лага . Непријатно ми е што слушам зошто воопшто не им се вклопува муабетот . И секогаш им се чудам ... зошто секогаш мора човек во секој момент да е среќен, да e богат , да има најголем број на пријатели , да има најсреден живот...