Последниве неколку дена не можам ни три саати континуиран сон да сврзам. Не знам дали е млада месечина, ретрограден Меркур, мојата совест или затната чакра у прашање, али.. баш ружно се осеќам. Се осеќам празно, изморено, безволно. Недоволно добра ни за себе, камо ли за другите. Знам дека сум лошо друштво, тензична и хистерична. Стварам проблеми таму кај шо не постојат. И се’ е кај мене у глава. Ми фали нежност малку, убав збор, поддршка и тапшање по рамо. Ми фалат прегратките со луѓето шо ги сакам. Кога и да посакам. Ми фали слободата, ми фалат гужвите, ми фалат плановите, макар никад не се изреалирале. Забрането ми е да сонувам и да се надевам во моментов. Ми фали старата јас. Ќе се врати ли?
Еден месец помина, а мојата голгота никако да престане..... секој ден, се повеќе и повеќе се борам со самата себе, а оваа битка не знам кога ќе заврши, ниту како ќе заврши......
Додека си го правев утринското кафе,си помислив денес ќе биде убав ден. Тргнав кон вратата да излезам надвор и забележав дека врне. Навистина убав ден
Знаете кој момент ми е најдепре? Што сите чекаме да заврши 2020 и веруваме дека 2021 ке биде поразлична... Ха... на стапица ми личи тоа.
Се ежам кога ќе видам мислење напишано без точки и запирки. Подобро ми е да се искористени на погрешно место, отколку воопшто да ги нема.
Од болка само таа кога мускулите ме болат од вежбање зашто знам дека вежбите функционираат. Или зошто кондицијата ми отишла испод нула од излежавање ама ај тоа не е тема на муабет.
Чувството кога ќе видам дека сум направила граматичка грешка во реченица, а веќе поминало времето за редактирање.
Седнуваш конечно да учиш на 2-3 саата во мир и тишина и баш тогаш: - мајка ти те бара во дневна да отидеш зошто и требало нешто да и помогнеш на компјутер - другарка ти итно ти врти, морало совет некој од тебе да добие - тетка ти ти пишува за нешто да те прашала Ништо од учењето за вечерва.
Мм сака да купиме елка, а јас сеуште се чудам колку ли брзо помина оваа година. Сигурно е затоа што лето воопшто не осетив....
Колку не сакам има зад едно провидно не можам се препознава кога оправдувањето има тенденционзна карактеристика.