Некогаш колку и да се трудиме, некои нешта не зависат од нас. И во ред е да бидеме гневни поради тоа.
Ти пристапува арогантно и надмено, нападно, објаснуваш убаво што е, како е, пробуваш да разјасниш ситуација без карање за на крај да добиеш игнор и пасивно агресивен коментар како провокација. А м а н од вакви.
Жена на жена вика ваква си таква си и обавезно неколку зборови во одбрана на мажите. Зошто?? До кога меѓусебно напаѓање? Или битно е ај да испаднам јас "попаметна" ќе ја извреѓам колку можам. И ако се буниш следни коментари се па ти шо сакаш да те тапшаат по рамо... Никако да научиме дека секој од нас е различен со различни ставови и треба да разбереме дека не може сите така да размислуваат како нас...
Некои работи се учат со годините, некои се нормални да ги знаеш од секогаш, на пример да не бидеш срање човек. Јебала нас демократија, ако говор на омраза е право на мислење.
Абе ноктињата кичурајки, а се оправа за вкусови, кои биле сељаци, како изгледале луѓе никогаш видени и сл. Другата дава поддршка, а во муцката ко некое јети. Секако, незадоволството од себе на друг мора да се истури. Свашта по свету.
Ќе си се пожали некоја на обилна менструација и јаки менструални болки и одма се јавува некој „паметен“ со „златното решение наречено роди си“,божем тоа е лек. Гинеколозите не се за џабе смислени и едуцирани за вакви проблеми,ама кој да сфати...
Татко ми остава пари на масата и вика:еве за утре за во центар Мајка ми:добро со нив ќе купиме нешто за детево Татко ми:за кое дете Мајка ми:па за @Принцезичка1 Татко ми:аа добро Знак дека сум пораснала. Татко ми веќе не ме смета за дете
Кога ќе ми текне за какви работи губев нерви точно пред една година... Сега ми изгледаат целосно безначајни, неважни, дури и смешни. Времето може и да не е лек за се', но дефинитивно помага за менување на гледната точка.
Оф муко...најде еден дечко пред два месеца, го напна да бидете заедно и сега ти си најсреќна и најзаљубена на свет како твојот мочко да е бред пит ти се знаеш за врските и што е потребно за долга врскакако да сме те прашале, другите во необлигаторни врски и оние кои се сингл се за тебе несрекни.Едвај чекам да те слушнам каков муабет ќе правиш кога ќе ти раскине и овој клошар како претходниот. Многу ме нервираат вакви напорни девојки преокупирани со врските.
Ич не сакам групни проекти. И луѓе што не сакаат ни една страна од семинарска да напишат и чекаат на другите.
Конечно ми ја донесе од подрум тато елката. Идам да си ја накитам собата и да си внесам позитивна атмосфера.