До кај сум со животов. Толку сум периодов изгубена, што не знам што да правам. Како се` да ми е сеедно. А, уствари не ми е. Како некое гревче, полно со рамнодушност и невиност. И да ми се качат на глава, пак ќе им речам: ништо, во ред е, добро, извини, фала. Пред некој ден се удрив во столче излегувајќи од предавална, мислев удрив некого и на столчето му реков: Извини. Вакви ко мене се пропаст за опшеството.
Не знам кога ќе престанат по фимови да покажуваат дека е смешно кога машко дете е малтретирано од девојчиња на негова возраст. Тие го тепаат, му ги земаат парите, го навредуваат, а останатите се смеат. Сѐ е толку комично покажано. Женски тепаат машко. Што е најтрагично не е само по филмови така, туку и во реалноста. Братучед ми како дете еднаш дојде со солзи и модринки дека девојче од комшии го тепала, а тетни ми (негов татко) му се смееше и го викаше слабак дека женски го тепале. Нема врска што девојчето имаше 50 кг, а тој 20тина. Нема врска што таа е дупло поголема во тежина од него иако се врсници. Битно е женско и многу смешно е кога тепа машки. Друг случај, исто од фамилија маж се фалеше дека ќерка му вежбала карате и во школо ги тепала сите машки. Викаше: -Бетер од машко е, кога ќе им влезе лом ги праи сите хаха крвови има. Со фалење и со гордост ова го кажуваше. Таа и слични на неа се насилници. Нема врска кој пол е, треба да се преземат соодветни мерки против такви силеџии. Доста им викаат на машките дека се кукавици ако се малтретирани. Колку повеќе со сила ги терате да се јаки и силни само дека се машки, толку повеќе се затвораат децата во себе. Не го игнорирајте детето ако има проблем. Со разговор и поддршка сѐ се решава, а не со каиш и шамари.
Некои луѓе воопшто не се штедат во навлегување, оговарање и осудување на приватните животи на еден пејач, глумец, водител и слично - сметајќи дека со впуштањето на јавна професија си ја ставаш целосно интимата на тацна пред цел свет. А од друга страна пак, има и такви што постапките на омилените селебрити ги гледаат пристрасно, додека тоа разбирање не го покажуваат во реалниот живот дури и со блиски личности. На пример, познатите жени кога ќе се разголат - тоа им е работа, секси се, згодни - додека обична девојка слично облечена би била „лесна“. Ако некој познат е зависен од алкохол/дрога - тој е боем, бунтовник, ексцентрик - додека за истиве обични луѓе со тој проблем се само отпадници. Кога некој од светската сцена ќе се самоубие поради депресија, жалат и сочувствуваат - но луѓето околу нив со психички проблеми ги игнорираат и сметаат за желни за внимание. Треба да се сфати дека и јавните личности во суштина се луѓе од крв и месо, со чувства како нас. Нивната професија не им дава за право сè да прават и да биде романтизирано, ниту пак на светот му дава право да знае, а и измислува сешто за нив. А свеста за сериозноста на нивните проблеми и емпатијата кон истите, треба да биде пример како да се однесуваме и во секојдневието, со луѓето околу нас.
Се прашувам до кој степен на мизерување е стигнато нашево поднебје штом и дете од 11, 12 или 15 години не гледа иднина тука? Кога го прашав тоа дете која е неговата роденденска желба, знаете ли што ми одговори? Ми рече дека сонува за да си замине од тука штом заврши и со средно образование, затоа што не се пронаоѓа во општество во кое не може да напредува. Да, ова ми го кажа дете на возраст во која јас не морав ниту да размислувам за отселување затоа што не бевме стигнати до ова ниво. Да беше само еден ваков одговор, ќе го наречев можеби и тинејџерски сон но образложението кажува се'. И истава желба ја имам слушнато од уште неколку деца од комшии, пријатели, роднини. Претпоставувам дека веќе одамна не сме толку вешти во прикривањето на грижите и реалните проблеми преку таблета за смирување или приклештена насмевка на лице.
Ако некој рече сите жени се курви не значи дека навредува некоја жена зошто не посочил име, туку рекол општо. Значи, сите жени се курви, ама ти што си жена не си. Или...силуваните девојки сами си го барале, ама не значи дека мисли исто и за одредена девојка што била силувана. Confusing, right? Е такви се и тие што зборат за абортусот дека е убиство.
Не верувам дека постои некој горе и диригира кој ќе живее, кој не, кому ќе му се врати со добро со лошо... Сметам дека религијата прави раздор меѓу луѓето иако учи да се сакаат различностите. Ама, постам. Не затоа што иде Велигден и е пост, туку затоа што сакам да го одморам телово од глупости храна која ја внесувам. Нејсе, покрај партнерот денес бев и јас на причесна. Контрадикторна сум до максимум, знам но, убаво ми дојде што ете, првата а веројатно и последната причесна во мојот живот беше покрај него. Ситничар сум за тие работи, ги памтам и сакам да се сеќавам на вакви дребулии што мене ми значат. Небитно тоа. Додека чекав во редот за причесната, една многу религиозна жена буквално ме истурка со раце и почна да вика како требало да го пуштам дечко ми пред мене прв во ред затоа што мажите по дифолт се причеснуваат први само затоа што се мажи. Иако на почетокот не ја сфаќав шо збори, по два три пати викнато сконтав и викам океј, ајде иди прв.. Иако знам дека во христијанскава религија, па и исламов постои хиерархија, сепак се осетив доста грдо. Дали само затоа што сум жена треба да чекам прво мажите да завршат? Сите тие жени кои чекаа од сабајлето треба да го пуштат него па и други мажи кога би имало во моментот само затоа што така треба? Па дури и после разбрав дека ако имаш добиено воопшто и не смееш да одиш на причесна затоа што си била сам кајнд оф нечиста?! Глупости.. Сакам религии, да читам за нив, правила, начела, сакам побожни луѓе, ја сакам нивната верба и нивниот жар кога зборуваат за она што веруваат и апсолутно никогаш не сум се потсмевала на верник, туку со задоволство сакам да зборам на религиозни теми затоа што секогаш сакам да научам нешто ново, ама не сакам да се осеќам потценета само затоа што сум жена.
Најголемите "верници" од било која религија се всушност најпокварени луѓе на овој свет. Религијата треба да нè зближи едни со други, а не да прави раздор меѓу нас. Верник сум, почитувам колку-толку, ама поубаво ќе беше да не постоеше никаква религија. Само човек и нечовек.
За мене, чувството на страв кон новото, непознатото и воздухот вон комфорт зоната е ништо наспроти чувството кога знаеш дека си ја пропуштил шансата и не си се помрднал од истата точка. Второто е пострашно, иако не изгледа така на прв поглед
Какви жртви за љубов прават луѓево, ау. Никогаш, ни во лудило не би жртвувала толку за некого. I hope he's worth the orgasm, though. Не можам да се помирам и не можам. Целосно репрогамирање и бришење на сопствените вредности. Изгледа ние што напоредно се сакаме и самите себе и партнерите сме тие ненормалните.
Не им замерувајте на луѓето што социјалните мрежи ги третираат како реалност. Може само тоа и го имаат..
Сум простила милион пати. За некои нешта пак ќе простам уште толку пати ,но преку некои нешта не можам да преминам. Некаде мора да се подвлече линија и да се изгради ѕид. Толку е!
Сакам да кажам дека последни неколку дена мозокот ми работи брзо, и оди на места на кои не треба. Излегвам од дома и чекам повик да ми кажи некој дека нешто гори. Буквално, не користам метафори тука. Кога зборам со пријател се плашам дека ќе го повредам со збор. Зборам со дечко ми и се плашам дека ќе ми раскини зошто сум јас, кој би ме сакал? Од друга страна, за луѓе и работи кои не ми се важни пристапувам како факинг психопат, со цел некој да ме забележи и да му дам до знаење дека знам шо се случва, али стварно не ми е поќе гајле и дека се е само мала претстава. Крај краева, контрадикторни и крајно различни чувства имаат сите, не знам шо се бунам. Видов една слика денојве, онака в срце ме погоди. Колку е интересно ко ќе си спремен да умриш, ама не и да зборниш со колега. Колку е интересно ко ќе си спремен да умриш, ама не и да чекаш да се случи нешто помалку страшно. Чекањето убива. Неизвесноста е лоша. И така. Заборајв да наранам мачките, брб.