Ептен лоша работа е кога ќе се поврзам со филм, серија или песна. Сите сили во универзумов не можат да ме сопрат да ги истражам сите информации за истите и воедно да си западнам во daydreaming како би одглумила сцена или како би настапила со мелодијата.
Соученичка и врсничка од средно вчера добила син. Јас на нејзини години денес едвај станав во 13ч од спиење и уште се мислам дали кафе или јогурт да пијам за "доручек", не пак да се осмелам да родам и чувам бебе, ќе го изгубам некаде, ко шо ја сум цела изгубена. И не, не е осуда кон неа, туку сум ко браво за толкава одговорност на тие години, а јас тука уште сум ко дете несозреано. Ќе пораснам некогаш.
Од ситуација на денов, на акаунтот кај шо следам 90% странци и си постирам само слики онака од се само не од мене, ми пиша некој германец да ми ги пофали сликите, му се свиѓале. Ок се зазборевме малку, испадна бил физиотерапевт. Ме прашува колкава плата би земал кај нас со таа струка, му викам па околу 400 евра отприлика, дури може и помалку. Ми врати шокиран со тие пари ќе спијам на улица, како е можно такво нешто. Ее, во Македоња ние сме истренирани да преживуваме. Цел свет ни се смее, срам да му е на човек да каже на странец од кај е...
Наидов на една тема “Што ќе направите ако дечкото ве изнервери?” па ми текна дека еднаш на дм му имав кажано дека ако ме изнервери ќе го кастрирам па ни мој ни нејзин,ем ја среќна сингл ем тој без муда. Пред некој ден се обидуваше нешто да ми каже,сирот знае како реагирам. Врти,сучи ми кажува и јас земам ножот и велам “абе ќе те кастрирааамм” После ова ми вели “ остави го ножот уплав ќе добијам.”
Просто ме фасцинира фактот како толку возрасни и млади луѓе немаат способност за читање со разбирање.Онака, на некој прост текст, од секојдневие и вести. Битно истите први влетуваат со коментирање.
Колешката ми се налутила зошто не можев да ја сменам кога таа сакаше. Таа работи на две места, на два стола седи. Сакав да ја прашам зошто носот го дигна, си преќутев немам потреба да се правдам. Дено кој таа сакаше да ме смени мене е Католичкиот Божиќ и тогаш е дупла саатница. Ем на два стола,ем дупла саатница. Алчни луѓе.
Никогаш не сум сакала многу комфорт зона, одвај чекам да излезам од неа. Сакам кога го бирам потешкиот пат, околку се на маса да ми е сервирано.
Колку повеќе потискам во себе, во потсвеста, толку почесто ми иди на сон. Сѐ она што не сакам да си признаам. А вака ми изгледа дека лесно се носам, но којзнае. Но морам да признаам дека воопшто не се кошмари, туку напротив... Секогаш кога ќе се разбудам посакувам малку повеќе да ми траеше сонот.. Кога веќе само на сон се случува. Се чувствувам збунето зошто ова ми се случува, бидејќи е многу нелогично и контрадикторно, и малку исплашено бидејќи не е од сега.. Не сака да помини.
Сакам да научам да престанам да правам работи кои ќе усреќат некој друг, на сметка на мојот комфорт и желби.
Многу сум разочарана значи од се што се дешава, толку одвратни луѓе да постојат не можам значи. Не им е доста што ги трујат мачките, па уште земале и да ги тепаат. Некој ментален лудак мачорот на дм му го истепал пред двор и можно е да со скршена вилица, ќе покажат снимките, најверојатно со клоца по глава го удриле. Се надевам ќе биде океј мачето, а тој бездушник шо така направил како мирно спие да ми је знати само. Болни луѓе.
Денес сум и среќна и тажна.Среќна сум затоа што со домашните имаме јадења на трпезата на овој значаен ден.Тажна сум затоа што вирусот ги држи некои личности далеку и затоа што најпотребните личности одамна не се на овој свет. Пече и боли.Бабо и вујче,боли денов без вас. Сакам да се вратам во оние времиња кога најпотребните личности беа живи,кога им седев во скут,кога ме галеа по косата,кога си славевме и се смеевме.Тогаш бев најсакана и најбезбедна. Празнотијава убива...
Им најдов примена на штипките за алишта. Место стегач (пошто појма немав кај ми е) за да ја врзам косата со тукушто ставена маска за коса, ставив штипки. Тоа, ќе се снаоѓа човек кога се мора. Во последно ми излегуваат некои постари песни и ми е мерак кога си ги слушам.
Зошто воопшто се домкнаа пингвини во зоо? Карантин, адаптација, посебни услови три сезони... Зошто воопшто ја силуваат природата!? Ебем ти дегените. Човек. Најсовршеното суштество на планетата. Аха.
Сакам да кажам дека денес открив за Veganuary. Со пријавата добив две книги со рецепти и една со факти за нутриција и support group од други wanna-be вегани со кои ќе се дружам цел Јануари. Шо ме боли, мислам дека ќе се задомам таму и нема да сакам да продолжам без нив зошто веќе осеќам топлина, а само неколку пати пишевме во групата. Толку се креативни, човече, толку рецепти ќе научам. Ама знам дека ако пресечам нема назад и искрено ... Спремна сум. Осеќам дека светогледот кон храна ми се менва изминатата година и спремна сум последната промена да ја пречекам со раширени раце. Овде е за пријава, разгледајте заинтересираните: https://veganuary.com/ Идејата не е да си веган од после, сем ако сакаш. Ама јадиш plant based цел Јануари и да утниш - океј е. И ова преѓе за на стори го уредвав: И она сликата со похованиот карфиол некако в душа ме мава, ништо чудно утре то да јадам. А во една од книгите има славни вегани шо сакат да јадат по еден рецепт и Јануари ќе го отворам со булгур по рецепт на мојот омилен веган Joaquin Phoenix. Добра ноќ, ова ми даде некоја мотивација шо ми требаше да го прогурам денот зошто можи не се сеќава, ама сум практично зомби. Ех, како страна од дневник дојде ова.
Преѓека одам така по улица и слушам некој од позади вика - девојче. Првин не помислив дека е за мене, па по 2-3 пати викање се завртив. Беше стара жена, 70тина некаде години, која ми рече да и се приближам, а јас бев цела прашалници првин. Појдов блиску до неа, мислев ќе ме прашува колку е часот, но ме замоли ако сакам да земам од кесите в раце шо и беа да и носам малку оти и тежеле. Со задоволство реков. Малку пешачевме заедно, бидејќи беше блиску. Си позборуавме. Денот ми го разубави