Со глупаците е така, секогаш веруваат дека сите се како нив. Она што тие го прават мислат дека секој го прави и дека така треба, што не може да биде подалеку од вистината.
Сегде се труби Божиќ од песни до декорации , и стандард глупото прашање зошто не сум во крисмас муд ... никогаш нема да бидам , пред 10 години го изгубив татко ми овој период ...далеку ми е до славење аман!
Мое е да се испофалам за моето достигнување а ваше е како ќе го прифатите. Се додека подбуцнувате,вреѓате е само доказ дека сте несреќни.
Сакам да кажам дека ме прај пресреќна кога ми пишат сите порака како си добиле честитката по пошта. Онака сите изненадени, одма ми пишат да ми кажат колку се израдвале и дека е добра идеја и онака, срце ми топли то.
Не ми се верува дека уште има луѓе кои се занимаваат, да те заследат на инста, за и нив да ги заследиш ти, па после да те одследат, за да имаат повеќе следачи
Во последно време често гледам видеа како студенти им се заблагодаруваат на одредени професори за нивната пожртвуваност и безрезервна помош со цел да го совладаат предметот. Meanwhile, кај нас едвај чекаме да изгасиме meeting..
И после толку години, се нешто ме враќа назад, како невидливо јаже ме повлекува, и кога ќе ме праша некој по телефон-каде си? Со стишен тон и доза на несигурност кажувам дома. Мислиш ја изневерувам онаа дома каде пораснав
Не можам да разберам како постојат луѓе кои до толку не знаат што прават во животот и во меѓучовечките односи и нон-стоп бараат совети и кога ќе чуеш какви совети бараат, ти иди да се крстиш.
Најлесен начин да дознајш кој комшија те заеба, кај мене во маало, е да фатиш да колниш за тој шо ти згреши и одма мора да се оправдат за да преќиниш. Ако некогаш лошо се осеќате сетете се дека ги немате моите комшии и одма ќе ви олесни. Суеверни копилиња.
Не знам која мамичка има потреба да го слушне ова, ама вашите роднини и познаници не служат за да им ги решаваат тестовите на вашите деца. Им дојде крај на полугодие сега, а јас нели немам друга работа, па ќе им ги заработувам петките на деца што одвај двапати сум ги видела во животот, а некои ич. Едно е да те прашаат да објасниш нешто што им е нејасно за сами да решат, со задоволство помагам тогаш. Сосема друго е да ти пратат слика од тестот и за возврат да очекуваат читливо и средено да им го вратиш назад во рок од 20 минути за да има време да го препише детето нели. И да знаете дека не им помагате вака, баш напротив. Без разлика дали се работи за онлајн тестови, состави, писмени задачи... Се фалат после детето колку им било паметно, а всушност повеќе им вреди една мочана петка отколку децата нивни да се научат на одговорност и носење со последици. Дури и на форумов ми се има случувано да ми бараат. Како јас немав некој таков дежурен сервис за решавање задачи?
Рандом пишувањата никогаш не биле 100% прифатени. Секогаш сметаат дека е ирационално да се тргне од негде и дека се се исплати. Се исплати само ако и двете страни имаат полза, ако едниот не сака тоа е еднакво или на респект или на блок. Најчесто е второто,респектот е заборавен како блок под клупа во основно.
Божиќна атмосфера, Велигденска атмосфера...итн атмосфера... со други зборови, модерна конзумеристичка манија проследена со специјални фотосесии за социјални мрежи и клише цитати.Паа, не ни имаат поента празнициве ако не го правиме горенаведеното, нели?Секако, не сме ни верници, само мудри слободоумни атеисти кои во останатите денови од годината се бориме против религиозната опресија, ама сега ја сакаме магијата на празниците.Упс, да не заборавам, *магијата на празниците уредени по западен шаблон, сигурно нема да ги следиме заостанатите македонски традиции.
Она кога ќе си добиеш преслатка порака дека годинава им била тапа, но се пресреќни што те запознале тебе во оваа година и дека си најдоброто нешто што им се случило годинава, толку. Се топам. Крај.
А да ви кажам ли дека тој што го рачунате за најмило душиче е најголем шпион помеѓу вас, или сеир да фаќам на вашиот лимитиран капацитет за проценка на личности?
Ветување... Колку посветеност има во заложбата, наспроти безочното расфрлање со празни зборови. Кога очекувате нешто, посакувате промена, почнете од себе! Ако не сте истрајни до целта, сте се прецениле!
Можеби не сум таму каде што посакував на почетокот на оваа година, но и сега не е воопшто лошо. Морам да се научам да ги прифаќам непредвидените околности, без постојана желба за контрола.