1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    Скд на факс имав предмет техники на продажба и избрав презентација за дизајнирање на понуди .
    Толку го сакав предметот што речиси се опседнав со него во тој семестар. Во тој момент посакував тоа да го работам и ми беше job of the dream.
    Работев на неколку проекти само и во понеделникот добив прилика тимски да работам на проект за креирање на понуда за маркет. По препорака.
    Земав одма стапив во контакт со асистентката по тој предмет , се консултирав и на крај беше воодушевена од мојата идеа и реализација.
    Однапред знаев дека со љугето со кои ќе работам нема да ми оди но дадов прилика и бев премногу флексибилна.
    Уште од старт девојката со која треба да работам не се заинтересира , од мене се чекаше се .
    Иницирав за заедничка работа не добив одговор, ја прашав на колку страни да биди понудата бидејќи таа е врската меѓу мене и маркетот ...
    Сабајле добивам порака дали до утре ќе сме завршеле од пон да сме доставеле понуда.
    Јас понудата уште во средата ја направив и само чекав да ја видам нејзината идеа .
    Очекувано немаше ни идеа ни готов проект .
    И го пуштам мојов проект за да ја извадам непријатната ситуацијата .
    И добив одговор дека не била добра, била начичкана и чоколадата до виното не требало да биде ... ме праша на која програма сум работела .
    Од маркетот добивме само 7 производи кои таа недела ќе бидат истакнати.
    И истите беа на мојот проект не ни додадов нешто по мое за да бидат начичкани . А според бојата ги додавав производите за да изгледа визуелно впечатливо.
    Се откажав не се изненадив од нејзината реакција ... не сум горделива , немаше можност за соработка никаква ... колку можев толку направив . Нека се достави нејзината понуда им пишав дека јас се повлекувам .
    Незнам можеби згрешив ама натпревар со други никогаш не сум сакала.
     
    На Miss666, LejlaD, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    26.789
    Пол:
    Женски
    Секоја личност што заминала од мене ми оставила по некоја лекција.
    И секоја лекција си има различно значење.
     
    На CameliaMiller, Idedemja, Tea678 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.399
    Пол:
    Женски
    Младите си оделе од државава па како да не си одат кога:
    1.Одиш во Министерство за образование и наука и однапред ги известуваш дека си позитивна на вирусот и затоа ќе одиш после рок.Тие ти викаат во тој момент:може нема проблем, а дента кога одиш таму таа одговорната што треба да ги земе документите ти ја затвора вратата пред нос и чекаш некое време за после едвај да те внесат во канцеларија и сите да зјапаат во тебе и едвај да и текне на една да те услужи и тоа и таа не сака да те сослуша зошто си после рок;
    2.Одиш во приватна болница Жан Митрев со надеж на добра услуга.Даваш добар кеш, те прегледуваат и во терапијата која исто така ја плаќаш посебно ти велат дека не знаат да ти дадат терапија;
    3.Матичната докторка во период од 2 недели ниеднаш не ти се јавува да те праша како си знаејќи дека си позитивна на вирусот;
    4.Решение за самоизолација и проверка од полиција нема повеќе од 2 недели.Вртиш на многу броеви и никој не крева.

    Ова се само дел од причините поради кои некој си оди од "државава".
     
    На krofnicka27, Miss666, Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    27.390
    Толку ми е здосадено од некои луѓе и баш ми е мило што сами ми се тргаат од патот.
    Истите притоа се вивнати во облаци и ги мава некој филм смешен.
    Изгледа денеска е ИН да си се освен humble.
    Океј е да имаш досаден живот. Во последно време на сите ни е досаден. Ама, не е океј да си измислуваш факти кои не се точни за само да излезе дека ти е интересен животецот, а ти е беден. Ко, треба некој да ти се восхитува или што?
     
    На Indiegurl, LejlaD, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Другарка ми конечно раскина токсична врска. Се радувам ко ја да сум се спасила. Дечкото беше невиден емоционален вампир, постојано ја растажуваше и навредуваше, да ја направи да била како сакал он, требало да се смени.
    Требаше време сама да увиди, но веќе неколку дена е без него и одма се забележува разлика на подобро.
    Стварно е полесен животот кога ќе излеземе од токсични врски и ситуации.
     
    На H.VAGA, Idedemja, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  6. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    Сношти едвај заспав и денес станувам нерасположена .
    Пробувам да се расонам со чепкање по инстаграм.
    И гледам јас сум добитничка на Giveway.
    И истиот подарок треба да го поделам со личноста за која пишував пред некој ден бидејки мојот коментар каде што ја имам и неа означено е избран ..

    Личност која сакаше да открие со која програма работам , да ме исфрли од тимската работа и да работи сама па ете се накити со моите перја....
    Да ...иако јас се повлеков .
    Мојот проект денес го гледам како понуда на маркетот. Не е ни изменет. Но нека е во ред ...

    Без сомнение и од срце ќе и го дадам нејзиниот дел од подарокот .
    Колку и да ми се испонаша лошо и колку и да сака да ме искористи ... пак јас ќе зрачам со добрина .
    Бидејќи тоа го носам во себе и сум пресреќна што сум таква со надеж дека некогаш ќе сретнам личност како мене .
     
    На Idedemja, LejlaD, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.463
    Допаѓања:
    41.051
    Пол:
    Машки
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    57.533
    Пол:
    Женски
    Реалноста е дека ако на некој му е дојдено до тебе, ако му е грижа, ќе знаеш. Инаку ќе се прашуваш често каде стоиш во нивниот живот. Буквално нема друга причина.
    Наивна јас, си мислев дека сите тие долги разговори значат нешто, ама само мене ми значеле.
     
    На Limpan, Idedemja, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    15.661
    Пол:
    Женски
    Сега на ладново ако настинете, лекот е само зејтин (малку загреан) во уши на памук и многу, многу чај.

    Од желби - да се наспијам.
     
    На LejlaD и Аргентина * им се допаѓа ова.
  10. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Женски
    Го тагг мм на фб дека треба да ми купи пакетче, пред некој ден.
    Кога си дошол од работа го оставил под елката, и јас дури сега случајно го приметив:inlove:
    Се израдував бетер од мало дете.
    Колку малите нешта можат да ни го разубават денот, животот...
    Го изнагушкав, си го исполнил тагот :P Пакетчето цело ми е на милка:$
    Прво си реков лелее колку благо, после ее добро де неморам се да изедам за два дена:rofl:
    (ситнице нису ситна ствар):mm:
     
    На Cherry blossom89, Idedemja, LejlaD и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.478
    Секоја "приказна" има две страни.

    На форумот често наидуваме на проблеми во врски, каде што едниот бил токсичен, а другиот цвеќе за мирисање. Иако не е секогаш така, бидејќи ја имаме слушнато само едната страна од приказната.
    Сите грешиме во врската, не сме безгрешни. Ама полесно е целата вина да ја препишиме на едниот партнер, оти нели, онака големото его ќе ни се повреди.
     
    На Mencia, Limpan, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    15.661
    Пол:
    Женски
    Во следната година сакам повеќе брчки од смеење. Друго ништо.
     
    На Regina.Phalange, CameliaMiller, Idedemja и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    57.533
    Пол:
    Женски
    Откако ќе заврши коронава сакам гушкањето со луѓе да биде норма исто како што е ракувањето. Сакам да можам да гушнам луѓе без да се плашам дека можам да ги заразам нив или тие мене.
    Сакам да можам да се изгушкам со оние блиски луѓе што ми значат најмногу. И ќе ги изгушкам најнајсилно штом еднаш заврши ова лудило.
     
    На CameliaMiller, Alisa22, edna_malecka и 10 други им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе забораваат што кажале некогаш, па сами си се фаќаат во лага после некое време. Или, да е иронијата поголема, истите работи кои ги критикувале, па дури и оговарале без срам, сега истите работи и тие ги прават :mm:

    Така малку тажничко е од страна човек кога гледа.
     
    На CameliaMiller, edna_malecka, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Сите луѓе се добри,животот ги натерал да бидат злобни.
     
    На Limpan, edna_malecka, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Честа појава е да имаат вработени неписмени овде.
    Не знаат да кажат колку изнесува точно сумата па кажува бројка по бројка.
    Тоа се учи од мали нозе и срамота е во 21 век да не знаете основни работи.
    Секако, 2+2 не се 5.
     
    На edna_malecka и LejlaD им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.790
    Пол:
    Женски
    Ок, ај вака.
    Ми се повраќа од луѓе (вајда ова се толерира) кои мислат дека се достојни да вперат прст у туѓ живот коа нивниот е за грев.
     
    На CameliaMiller, eliesaab, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Машки
    Дојде денот кој го чекам неколку месеци.
    31 декември 2020.

    Последен ден од годината која не знам ни дали ја да сметам дека сум ја живеел, затоа што... не доживеав ништо значајно. Не можам да кажам дека немаше добри и убави моменти во неа, не можам затоа што ќе згрешам.
    Имаше, можеби и доволно беа, ама останаа во сенка на другите, оние неубавите.

    Годинава можам да речам дека научив многу, многу битни нешта, нешта кои веројатно (ќе) ми служат и помагаат (понатаму) во животот. Можеби и се пронајдов јас, не целосно, но доволно за во неколку месеци. Да да, дефинитивно научив многу битни нешта годинава.

    Полициски часови, викенди во домашен притвор, страв, неизвесност... но и мотивација и амбиција беа нештата кои ја одбележаа годинава. Немаше патувања, немаше дружења. Празна беше. Немаше нови искуства во позитивна смисла. Најтешкото за мене беше што немаше лето, лето какво што јас го сакам. Немаше море, а камо ли дружења и долги смеења на плажа придружени со звукот на морските бранови.

    Сепак, морам да се заблагодарам за она, за она што годинава сфативме дека е најбитно од се. Семејството. Мислам дека сите научивме дека највредно од се е нашето семејство, нашите најсакани. И преблагодарен сум што сите заедно, сплотени, ја преживеавме годинава и здрави, ќе ја испратиме оваа година која не сакаме да се повтори. Здрави и живи ќе влеземе во новата година. И среќен сум поради тоа, многу. Уште повеќе благодарен.

    Од 2021, за разлика од многу други, имам големи очекувања. Нешто ми вели дека тоа ќе биде година во која уште повеќе ќе се остварам јас во вистинското светло, токму онака како што сакам. Планови, цели, амбиции... ги има, ја има и мотивацијата, која ќе ми помогне да остварам сè што замислив. Но сепак, здравјето пред сè. И моето, но и на моите најсакани.

    2021 ќе биде многу подобра година, за сите. Сите, можеби некои потајно, но сепак сите тоа го посакуваме и затоа така ќе биде. Мора да биде.

    Уште неколку часа до полноќ...
    Не знам дали да прославам дека на оваа година и дојде крајот, или да го прославам доаѓањето на новата. Најверојатно и двете.

    2020, фала ти за се. Но не се повторувај, те молам. Нема потреба да се враќаш, навистина. Доволно беше, доволно нè научи.
    Остани само во минатото засекогаш. Само таму.

    2021, биди подобра за сите и усреќи нè после лошиот период. Биди исполнета со здравје, љубов, мир, спокој и многу добри авантури. Те чекаме со отворени прегратки.

    One more mission accomplished, the hardest so far. Congratulations!

    :l:
     
    На edna_malecka, Idedemja, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Ќе се потрудам во Новата година да не бидам толку наивна и добра, бидејќи не го заслужуваат тоа некои луѓе. Колку повеќе попушташ, на глава ќе ти се качат. Ама џабе пишувам кога утре пак е истата песна :whew:
    Се надевам дека 2021 ќе биде подобра од оваа, иако не ми се случи нешто лошо. Повеќе психички се уморив ^_^
     
    На AngIv, mode-kristina, edna_malecka и 8 други им се допаѓа ова.
  20. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.054
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе звучи клише, но време е за нов почеток.
    Премногу лоша година имав за да кажам дека ќе бидам истата јас. Затоа сега велам дека ќе бидам подобра оваа година. Оваа година ќе заборавам. Ќе гледам на иднината без да размислувам однапред и да пресметувам ризици. Ќе се надоградам себе си, како психички, така и физички.
    Ќе се навраќам само на убавите сеќавања и лошите ќе ги оставам зад себе. И него ќе го оставам зад себе. Нема повеќе проверување, да се прашувам дали и нему му било тешко, дали започнал нов живот, зошто се промени наеднаш... Се преиспитав и навистина не ми е грижа. Повеќе немам чувства кон него, не какви што имав. Никогаш повеќе, без разлика на што и да се случи нема да бидеме заедно.
    Сакам да го оставам зад себе, па макар се присилила себе си на тоа, ако е единствениот начин.
    Затоа ги избришав. Тие неколку слики наши на социјалните мрежи ги избришав, почнав со тоа. Собирав храброст да го сторам тоа веќе одамна, но кога и да тргнев да бришам, копнежот по сеќавањата не ми дозволуваше. Се натерав сосила, па и него го избришав. Толку е, доста беше, не сакам да знам ништо за него...дали е добро или лошо, што и да треба да дознаам ќе си го најде својот пат до мене ако треба да го дознаам. Овој прв ден од годинава ми беше само изговор за да почнам некако.
    Чувствувам мало олеснување, а ќе ми биде уште подобро. Ме обземаа лоши чувства постојано, сакав и тој да пати како што патам јас, сакав да знам дека не му е сеедно, но му беше. Чекав да дојде кармата... се прашував каква ли приказна измислил за пред луѓето за тоа што е оставен. Луѓето ќе зборуваат без разлика на се, ќе прашуваат без разлика на се. Затоа не е важно дали и што кој ќе каже. Никогаш не сум ни придавала важност, ама сега пак, воопшто. Нек' се сити кој нема поважни работи во животот.
    И уште нешто. Мора да бидам повнимателна со тоа кому давам пристап до себе. Доста ми е од половично присутни луѓе и луѓе кои во лошото се губат. Морам да си го најдам внатрешниот мир по секоја цена.
     
    На Kjara15, mira.mira, edna_malecka и 12 други им се допаѓа ова.