Место да спиам додека ти спиеш, јас зјапам во твоето мало лице, си ја гледам мојата душа, мојот спокој
Вирусот повторно зеде човек планина. Со своите музички инструменти топлеше многу срца. Почивај во мир,маестро!
Благодарност до админ тимот за новиот трофеј . Ќе се потрудам да имам уште подобри идеи и истите да ги споделувам со другите членови .
Некој човек го учел детето да пука со пиштол на само 2-3 години Што ќе му е на мало дете да знае да пука, никаква корист од тоа.Само штета може да има. Поради тоа пред некоја година имаше вест дека 2 годишно дете го убило таткото со пиштол. Мала неодговорност=голема штета!
To be kind is more important than to be right. Many times, what people need is not a brilliant mind that speaks but a special heart that listens.
Не знам кој е посмешен,дали студент што мисли дека знае сè или човек кој одма поддржува нешто,а нема поим од толкување на закони. Битно да се пише нешто,де...
Многу смешен твитот, заборавив да се смеам. 2021 сме! Уште со вакви твитови? Е*ати менталитетот шо го имаме во државата. И 100 години да поминат, пак ќе има коментари од типот: машко си, не треба да плачеш; женско си, твоето место е у кујна. Сакат да испаднат хумористични, ама само докажуваат колку се заостанати, уште живеат во праисторијата.
Давам совет на едно девојче на Инстаграм за една работа што нѐ поврзува, и сфаќам уствари колку ми требало некој мене ова да ми го кажи. Ситуациите донекаде ни се слични, најголемата разлика е што таа си признава како се чувствува а јас не. И нормално, не знае таа за мојата ситуација бидејќи не сме блиски толку, а сепак го ценам тоа што таа ми се отвори. Дали голем инает водам со чувствата или умешно ги контролирам? И двете. Иако на моменти ми изгледа дека ќе изгубам контрола, сепак никако не си дозволувам. Бидејќи вака е најдобро за сите, најдобро е и за мене. Најмногу ме збунува што ми нема логика. И трае долго веќе.
Не ги можам колку се иритирачко глупи. Наместо да се вклучи мозокот и да се размисли, мора да се рипа и за секоја ситница да се прашува, нели, се на готово. Пу, јаз'к.
Човек доцна сфаќа дека никој не може да го направи посреќен од самиот себеси, ама добро е кога ќе се сфати тоа....често мислиме дека среќата ни зависи од другите, колку само грешиме
Интересно е како некои луѓе имаат избрзано мислење за луѓе за кои воопшто не ги познаваат туку судат според рекла казала.
Ѕидниот часовник во соба ми застанал, мрдаше стрелката во место и решив да му сменам батерија. Ставив нова, го наместив времето 23:45 и стрелката почна, но наместо напред да врти, почна назад и минутите да ги враќа назад. За момент, си помислив, што ако стварно може овака да се врати времето во минатото и да се проживее пак истото што веќе сме го живееле? Ако ја имаме таа втора шанса, истиов ли живот би го одбрале, или би смениле нешто? Го чукнав 2 пати по механизмот, и почна да врти нанапред.
https://faktor.mk/uloven--vozach-koj-vozel-212-kilometri-na-chas-na-avtopatot-tetovo-gostivar Па Тетово од секогаш било рекордер во НЕпочитување на сообраќајни правила , зошто се сомневате во нас ? Нормално дека сме на врвот . А оној што возел 212 км на час , само би му кажала два три збора : Иако тоа е автопат , има многу дупки . Не знам како успеа да ги видиш со таа брзина , асфалтот воопшто не е рамен и имаш среќа во задникот што не си погинал некаде успат . Значи катастрофа . Велам јас деца возат кола низ градов , никој не ми верува .
Не е можно значи , јас сум магнет за машки со проблеми во глава. Милион нормални да има и еден ненормален јас за тој ќе најдам да се закачам . Мора да е до мене проблемот штом секогаш ми се лепат несигурни мажи со проблеми во глава.
Често ми требаат часови и денови за да донесам најобична одлука. А понекогаш ме плаши сопствената храброст... и импулсивност.