Ако имате оставено мејл адреса некаде, тоа значи дека таа треба и мора да биде во употреба, а не за еден е*ан одговор да чекам недела дена, месец, или никогаш да не го добијам потребниот одговор
Кога ќе видам луѓе како продаваат на улица за цени од 5-10 денари, ми иди се што е изложено да изнакупам Не е фер, богатите стануваат уште побогати со неправење ништо посебно, а некој мрзне надвор.
Ако имаш машице,не хватај ватру рукама. Добро е речено.Ама не,они ко да не се живи ако не се залетаат. Тешко било полека и сигурно да се трга...
Читам твит: ,,Знаете од што се останува мал? Од злоба." И гледам еден коментар чуден и почнав да ги читам и другите. Сите коментари беа од луѓе кои тоа ,,мал" го сфатиле мал во физички раст, висина. Колку некои луѓе гледаат само површно. Штета.
На другарка ми од Азија кога дојде овде многу работи и беа во неверување со нашиот затуцан менталитет, ама кога виде дека 2 години стар ајфон и бмв старо 15 години е кај нас статусен симбол ја удри еден таков културолошки шок. На шала само рече дека сме биле Адибас нација. Поубав опис за државава не може да се даде.
Бог рекол кога ке те удрат во едниот образ сврти им го другиот...... Ама не е тоа за идиоти тоа е за културен народ... Ке свати па ке застане ке се запраша оваа луда да не е? А не е не требало така па ке се исправи... а гом.о од човек пак ќе удри и се така дур не му го свртиш грбот А се повеќе има го.но народ
Празниците се најубав период ради собирите со најблиските, ама од тоа спремање софри и уморот кој ме совлада молам бога побргу да си заминат
Сакам да кажам уморна сум. Смачено ми е. Имам нагон да си ја досечам косата овој пат не само да ја потсечам ко претходниот. Имам нагон да се оддалечам од сите и да о д м о р а м малку. Сакам да се нашминкам за да личам поатрактивно оти така се надевам дека ќе се засакам. И така.
Не е се така како што изгледа!!! Изгледот лаже. Секој сам си знае во своја кожа како му е. Затоа не судете никому.
Пред некој ден се видов со другарка со која последно сме испиле кафе и исчаскале фино у 2016та. Из текот на муабетот, од неа слушнав едно триста пати ‘леле ама си се сменила’. И не, не мислеше физички. Поминаа три дена од средбата, а ја тачно знам шо сакаше авторот да каже. Погруба сум тоа е вистина, не толерирам и тоа е вистина, поладна како чоек тоа дефинитивно, ама одвнатре сум истата, дури уше покревка од порано. Ама како да си дозволиш да се отвориш у светов пред некој, сите глумиме камења и недодирливи, не, не ни треба љубов скраја да е, се’ можеме сами. Јел да? Не ни треба совет, ние најдобро си знаеме, ама триеме сол над туѓи глави. Не ни треба поддршка, нити пак помош, можеме да си го истераме нашето до крај, макар главата крварела од безбројните удари у ѕид. Фактички, се’ што сакам да кажам е дека посакувам стварно да бев сменета и да не ме дирка реченица кажана пред 72 јебени саати. Фуј бре
Близок кој си седел си јадел,пиел за да си го спаси сопствениот г'з,ти забива нож во грбот онака цинички. За вината да падне на твој грб.
Колку утеха е сублимирана во едно се ќе помине? Зарем смислата на постоењето е да поминат, радоста, љубовта, успехот и целата животна мантра што го дефинира и позиционира човечкото битие на највисокиот стадиум во еволутивниот развиток?