Во Македонија и општо на балканов, нема за што не се плука и хејта, секогаш се гледа во дворот на комшиите. Па и социјалните мрежи во последно време како им се погодени, особено тие анонимните за хејт. Пушти твитер, пушти форуми, насекаде нешто се хејта или некој. Или на фб статии, под анонимни профили земале хејтаат дечко што сакал да се шминка и навистина имал талент. Тој барем си ги следи соништата, вие освен хејт по дома на таа објава, што друго правите во животот? Затоа и многу луѓе се плашат да се тоа што се и уште се пати од тоа "што ќе кажат комшиите". Ама и најдобар да си, па некој ќе хејта. Пошо кај нас е така, се нешто ги интересира за другите. Може да имаш и докторат, но пак ако си немажена/неженет некој ќе плука и ќе вика, види го/ја бе џабе се тоа коа нема деца и партнер. Да раскинеш врска сите одма знаат се и тоа се раскажува небаре крај на светот е. Да се разведеш, ехе тоа дешавки раскажување, абе знаеш шо се десило вака така. Да си жена и да си на позиција некоја појака одма кузне оваа со кој одела бе, па ја ставиле на функција. Да е маж поуспешен одма сигурно нашол некоја богата швалерка или фамилијата на женска му го гурала кроз живот. Да напраи некој бизнис или нешто свое одма хејт и за тоа. Некој сакал да земе курс и да се надогради и по програмирање да речеме иако има друга струка, хејтање и за тоа, како не му успеало едното, па сега друго сакал да почне, овој не знае што сака у живот. Да смениш кариера, факс, работа, пак зборење. Да си успешен, пак зборење за тебе. Да се омажиш, разведеш, пак на некого ќе си му тема на муабет. Излегол некој да дава интервју, почнал да пишува статии или колумни, одма муабет ау овој/оваа што се будалее, демек големиот стручњак, па уште од фрижидер не ми излегол. А, ако си надвор од стандардите општо прифатени барем за толпата тогаш уште полошо. Дознале за некој дека е геј или лезбејка, ау, страшно, леле слушна за овој шо бил? И што? Што ти смени тебе у животот ако Трпе имал дечко и Стојанка имала девојка? Што ако Трпе се развел или раскинал? Што ако Стојанка се омажила на 20 или што ако не се омажила, а е 38 години пример? Што им менува на луѓето за да толку се замараат за комшии, пријатели, роднини? Најсреќен во Македонија е тој што е имун на сите овие малограѓански понашања во околината и што си праи тоа што му е него мерак. Па и мислењата на другите нема да ни ги платат сметките. Затоа прави си што ти душа сака, бегај од вакви оговарачи што знаат за сите да кажат нешто и ако слушнете некој муабет некаде за вас дека се правел не си земајте на срце, тоа се луѓе што немаат што да прават во својот живот, па гледаат за сите останати. Можеби некогаш ќе биде подобро. Ама во блиска иднина тука тешко, треба многу време да се искорени ова затуцаниот менталитет.
Не значи дека ако одлучам да не коментирам на одредена тема дека немам мислење на истата. Понекогаш на човек не му се дискутира за нештата, не му е денот и не му се збори. А и некогаш е едноставно мудро да се премолчи.
Мали навики големи разлики. Мали чекори големи промени. Ситните парчиња во мозаикот го дефинираат личниот профил.
Мини срцев удар имам кога го ставам алармот за во 6 сабајле и гледам дека имам само 5 часа за спиење. Би работела цел живот втора и трета смена, а прва смена воопшто не сакам. Ах, зошто морав да бидам ноќна птица, прашање што си го поставувам уште од кога знам за себе.
Нешто што во последно време ми е на листа најомразени особини е кога личноста е вејка на ветрот. Имате ли бре вие став за нешто? Мора да ви е многу лесно да немате рбет и да немате ни облик, како ви свирнало така. Немате вие нервози, едноставно мењате мислење и крај. Да ми е паметот ваш на еден ден да се одморам. И најјако е дека мнозинството се вакви. Мрш
Една другарка ми се пожали дека не знаела како да го направи еден проект за на факултет, нормално и се понудив да и помогнам бидејќи го знам многу убаво нештото што го учи. Ми вика остај, ќе се снајдам. И викам баш би ми било ќејф ако сакаш да ти помогнам, навистина ме интересира таа тема, немој да се срамиш. Пак ме одби. Денес слушам од друга другарка, оваа и се жалела како сум се правела дека сè знам, па уште и преку проектот сум сакала да и се докажувам нејзе дека сум била подобра и да сум се фалела демек види јас знам, ти не. И после сите ме прашуваат зошто воопшто немам самодоверба, зошто сум толку повлечена, зошто не ги покажувам пред сите моите способности... Ете, затоа. Затоа што од една понуда за помош испадна дека сум се правела како се знам, а камоли да почнам навистина да кажувам што знам и за што се трудам...
Ми фали патувањето со автобус до и од градот каде што одев на факултет. Си пуштав музика на слушалки и тотално се исклучував од светот околу мене, гледајќи низ прозор додека истовремено си замислувам некои сцени што се случиле или би сакала да се случат. Како патот отприлика беше 6 песни, некогаш и 7 ако имаше повеќе застанување и чекање автобусот. Песната што ми беше најубава во моментот беше резервирана за на крај, таман да заврши пред да треба да се симнам. После тоа чувството ми беше ко да сум се вратила од којзнае каде. Сума сумарум: daydreaming + музика + автобус ми претставува некое посебно задоволство.
Очајно ми треба мир. Се навратив денес на некои времиња кога сѐ беше поедноставно, сѐ беше толку помалку хаотично и сѐ беше лесно прифатливо. Кога бев сосема друг човек. Ми фали спокојот и ми фали леснотијата со која го гледав светот.
Порано си имав 3 столба.Се осеќав бестрашна. Не морав да го поставувам тоа прашање.Го знаев одговорот по сјајот во нивните очи. Кај останативе не приметив сјај ниту еден миг.Поради тоа и одамна престанав нив да ги прашувам. Ми се смачи да го слушам истиот стаклен одговор. Ги оставам да мислат дека им ги купувам зборовите. Боли,ама барем не се парчосувам како некогаш. Поарно ми е милијарда пати.
Смачено ми е. Као, животот е убав и сум многу љубопитна ама во исто време е премногу и премалку. П р о м е н а.
Тоа што секој некогаш згрешил, некаде потфрлил, не значи дека грешката, слабоста, маната се нешта кои треба да се поттикнуваат или далеку било, воспеваат. Наместо секој да се стреми кон оплеменување, подобрување, овие си седат такви јадни и уште стремеж им е да има повеќе гревчиња како нив. лол
Среќата е релативна работа, и секого не може да го усреќат мали и ситни работи кои малтене се бесплатни, секој не може да ја види убавината на природата на пример која ни дава бесплатно толку многу работи, секој не може да ужива под сонцето на некое ридче во некое забаталено село, секој не може да оди бос во река, да бере разни тревки по планините, секој не може да го прифати својот проклето несовршен изглед во огледало
Едно време им се восхитував на интелегентните луѓе, сега ги ценам повеќе оние што се добри во душата.
Едно од мемињата што најдобро ме опишува. How to not cry when explaining what made you so angry and upset и останати мистерии.
Многу ми е тажно кога гледам сега се е повеќе околу вештачки изглед, силикони се почесто, глумење среќен живот и нешто далеку од реалното само за повеќе лајкови, следачи... Добро каде исчезнува она духовното, вистинското внатре во човек шо е, безгрижната насмевка од срце, искреноста? ЈАс го имам фала богу второто, се трудам се повеќе да е присутно во мојот живот, ама кога гледам наоколу навистина ми е тажно..
Ми фали времето кога јануари беше период кога се радуваш на празниците, на храната за празниците и плус за тоа што си на зимски распуст и 20 дена ќе се изнаспиеш, па и на планина ќе прошеташ, ќе уживаш во снегот. Сега само учење, испитна, неспиење и стресови. Ајде среќен почеток на испитна на сите од студентска вероисповед, we can do it, само ни треба тон кафе, поминати долги часови и непроспиени ноќи врз книгите, мотивација, доследност и упорност. Да ги преживеам успешно овие 4 недели, да имам енергија и мотивација, ништо друго не сакам.