Благодарност до Фемина за пакетчињата. Ми се исполни срцето и душата кога ме известија дека се добиени.
Си реков 'знам дека нема ништо но ајде да проверам! И резултатот покажа дека си тука, под моето срце! Срцето измени безброј ритми таа минута. Бев избезумена, незнаев што да направам, па дојдов пред Тебе Боже и ти спомнав 'нека овој пат се биде добро, те молам овој пат да успееме, те молам чувај не зошто никој неможе да не дочува колку Ти! Сега утрата се поинакви! И кога нема сонце, моето сонце си ти. И кога не се случува ништо, ти си пораснало еден милиметар. Се што немаше смисла сега има. Може сум себична, но сите и се останато отиде во втор план. Се прашувам дали е можно да сакам некого волку многу, некој кој го имаш видено само на црно-бела слика и плус личи на мало вонземјанче? Со најголемото нетрпение на светот го чекам нашето запознавање, во исто време се плашам како моето срце душа ке издржат толкав налив на емоции и љубов. Се топам на секоја наша средба, последен пат ми мафна со малото раче, и од нигде никаде се стркала една солза. Се прашувам колку солзи радосници ке бидат кога за прв пат ке ги осетам пеперутките во стомакот? Душа од мојата душа, се би сторила за тебе, само твоето срце нека чука, само ти расти, само ти живеј во мене, и твојата мама ке те чека за да те гушне и каже дека те сака безусловно,безрезервно, толку-колку што неможе да се каже, напише. Ти благодарам Боже, најголем си!❤
Се повеќе и повеќе млади лица и мои блиски пријатели се борат со депресија, со анксиозност, патат и страдаат наместо да уживаат во "младоста" која толку е префосирана и се збори само за нејзиното уживање. Поради тоа се повеќе се уверувам во една реченица што ја прочитав на фб од еден српски доктор дека многу е лесно млада личност да скршиш и повредиш кога зад неа нема некои големи успеси на кои може да се потпре и да се сети кога доживува некој неуспех или лош период, па секој неуспех и лош момент ја доживуваат младите како крај на светот и многу потешко се справуваат со се, па затоа треба околината да не биде толку строга кон нив и да не ги третира како роботи. И навистина е така, до 18-19г не третира светот како бебиња и потоа те "фрла" таму некаде да се бориш и снаоѓаш, а не сме сите јаки карактери кои може да го издржат тоа и целиот тој притисок. Всушност сме деца, но сепак сме и возрасни. И после ќе викаат на младите им е лесно, ништо не правеле, дома спиеле, лежеле, ех младоста да ни ја имале, џабе се жалеле младите. Толкав притисок од сите страни, мора да си успешен, мора да правиш тоа, мора да правиш она, мора да си во врска, мора да заработуваш, мора да положуваш испити, се нешто ни се наметнува се околу нас, цело општество, блиски, пријатели, сите, се некој соли памет како требало и што да правиш. А, ако не е така ти не си во ред, не си снаодлив, не те бива, неспособен си, види како другите можат на твои години тоа и тоа, а ти не можеш ни женска/дечко да најдеш, испит да положиш, работа да најдеш, цц срамота. Да, со вакви коментари се соочуваат голем дел од младите секој ден, постојано, дали од родители, дали од луѓе наоколу нив, битно ова е секојдневие. Ја видов мрачната страна на младоста за која никој не зборува јавно. Зошто срамота било да кажат дека на 20г земале антидепресиви, оделе на психијатар и се бореле со самите себеси секој ден, морало да глумат пред другите дека е се во ред. Камоли да се зборуваше повеќе за ова, да знаеме/знаат дека не сме сами што проаѓаме низ вакви работи. И да знаеше општеството да прекине да прави толкава тортура на млади лица добро ќе беше.
Многу родендени овој Јануари месец и воопшто не ме чуди како мајки сликаат мали дечиња со торти, колачи во боја па после се чудат како постоеле толку болести кога се јаде ѓубре од храна, ама важно е убаво, децата ги учат од мала возраст да јадат чоколади, торти, месо, наместо урми смокви, треба малце да се уклучи мозокот, за жал многу е мал процентот на луѓе кои размислуваат, па после крива е медицината , државата и све по ред.
Во споредба со коментари на објави на Фејсбук, ова на форумов и не е така лошо. Па тоа најмизерен речник, пцуење, вреѓање, клетви, сета злоба и простотилук на виделина. Најсериозно да се запраша човек што му е проблемот на овој народ.
Член сум на една група “Pixie and Brutush” за стрип од куче и маче. Често објавите се интересни и трагикомични. Се сеќавам пред некој месец бев во некој јак пмс,хормони до плафон и скролав низ групата и наидов на тажен стрип каде кучето умира а мачето останува само. Pixie е уствари мало маче кое е поврзано со неговиот security пријател Brutush. Тие секаде одат заедно,низ бројни авантури и лавиринти. Brutush бил трениран за во војска,но бил повреден и неговата мисија завршува тука. Станува домашно куче и брзо се спријателува со Пикси па така станува и негов заштитник. Таа вечер кога го читав стрипот се исплакав како бебе. Не можев да се сопрам Доаѓа дм од работа ме прашува дали сум добра,што ми е,зашто плачам? Добра како не За стрип плачам.
Конечно легнав порано да спијам и конечно да одморам на раат. Баш вечерва им текна на комшии некои да се дерат и караат.
Сдк ми се оди покрај море/езеро не заради пливањето туку да го слушам звукот на брановите, да го почувствувам мирисот, да ги гледам птиците како летаат, бродовите како пристигнуваат, да ловам риби, да седам навечер на плажа и да го гледам небото.
Клише или не, ама оваа година си зацртав во глава да бидам поупорна за две работи кои отсекогаш ги сакав, ама често дигав раце уште на почеток Овојпат ќе биде, мора да биде
Ајде се надевам дека вирусов за брзо ќе заврши и си велев уште малку да издржам да не се заразам, кога веќе скоро една година не се заразив, и во ист ден дознавам дека две лица со кои бев во контакт последниве денови, се позитивни на корона... Е ајде де сега...
Живееле без да ги интересира туѓото мислење за нив, а веднаш се правдаат ако сами си се пронајдат во нешто. Интересно.
На туѓите проблеми се исмеваш и саркастично одговараш, кога ќе дојде ред за твоите проблеми бараш сериозен разговор. Не оди тоа така. Карма ис а бич.
Во провалијава што некои ја нарекуваат држава, живеат млади медицинари кои веруваат дека Доналд Трамп бил испратен да го спаси светот Кој го испратил не знаат да кажат, ама изгубил битка против злата кабалистичка клика и сега борбата ќе биде уште потешка за него. Основна логика не им работи дека Трамп 6 пати ќе испоапсеше се дур беше на власт да не беше и тој од истата матрица, ама за да работат со вашите животи таман се. Патот под нозе и налет од тука, далеку од рацете на малоумниве.
Најјако ми е кога некој 100г што не сум го слушнала, ни видела ќе ме побара за некоја услуга, дури и бројот ми го нашол преку не знам кој. Е, само за вакви луѓе може да важам за "лоша". Премногу мразам користољубивост и вакви циле миле луѓе кога ме бараат зашо им требам. Научив да кажувам не на ваквите, па нека се лути кој сака. Не сум јас на повик кога на некој ќе му текне.
Не знам зашто се залажувам, се гледа и се чувствува се а јас упорно си се залажувам Премногу сум добра за некој што не треба да бидам.