Никогаш не легнувајте во кревет недоискажани и со надеж дека наредниот ден ќе биди подобра прилика за разговор. Ќе останите вака без сон, како jас сега. Осеќам една топка инает и нервоза во стомакот која не ме остава да спијам. Ќе наплатам утре и за несоницата, не останвам покусо.
Чудно колку се повеќе луѓе стануваат завидни и љубоморни не само што не се радуваат на туѓата среќа, туку и потајно се радуваат на туѓата несреќа
Колку и да ми олеснува кога се покажува дека сум во право за нешто,толку и ме плаши сопствената интуиција. Јао... Не пијам,ама во главава ми се мати... Очигледно,понеделник и спокој не идат заедно.
Знаев дека народот е глупав, но да не беа интернет платформите каде споделуваат свое мислење, немаше да дознаам до кој степен.
Отсекогаш не поднесувам луѓе опседнати со политика. И имаше едно време кога мислев дека тоа е единствената причина заради која не ги можам. Сега веќе сфаќам дека не е само до тоа. Сум забележала дека овие луѓе немаат други интереси во животот. Ама најсериозно, стварно ништо не ги возбудува, не им предизвикува насмевка, среќа, радост. Ни за филм знаат да продискутираат, ни за музика, концерт, книги, љубовни/семејни врски, ништо бре. Дури и да земат на овие теми да зборат, ќе ти фатат тука во политички контекст да кажуваат и ти се стужува. Тажничко така малце животот да ти минува во лаги. Уште потажно, да не успееш да восприемиш ништо друго од она што ти го нуди. Култура, уметност, љубов, пријателство, патувања, професионални надоградувања, спортување, дружби..
На малечко девојче го прашав која му е омилена Северина. Мислев на сирена... 2 мозочни клетки немам во мене останати јбг.
Знаеш дека живееш во пралелен универзум ослободен од "животниот образец" кога си резервираш место во мачешкиот свет на Мураками и предеш во сензибилна врска со таборот на "чудноста" необично-обична за реалноста што отсекогаш постоела. Поверојатно е да развиеш комуникација со мачките, отколку да одржиш ниво на достојна дискусија, а да не се прави обид за поистоветување.
Ја кога ќе имам сон дека дечко ми ме изневерил и за момент во сонот веќе не сме заедно, а изгледа како реалност, е вака се будам: Ама добро, чим се пуштам на фб и гледам пораки за добро утро од него и стикерчиња заборавам. Камоли да не си ги сонував најголемите стравови, полесно ќе ми беше. Од главата си патиме.
Последниот период, тешко е да речам месец - два, подолго е, се осеќам уморно. И физички да, ама не ради физичка причина. И веќе почнувам да губам желба за многу работи шо ме прат среќна. И ќе си дам неколку месеци пауза, па пак ми се интересни три дена. И после пак не можам... Шознам. Можи сум мечка и а чукни есен почнувам да хибернирам. Подранвам јас. Од помрзливите мечки сум. Или можи само почна да ми тежи товарот на последните 12 месеци. Од сам стар 2020 ми беше лоша и сакав да е се само симболично. Можи ништо срање се нема десено сеуште 2021 ама јас не се поправам. Па и шо да се деси. Не остана нешто лмао. Вечерва спиев на вечер и спиев воопшто после долго време. И сонвав лош сон. Сонвав дека нешто шо за малку се случи лани, ќе се случи годинава. Не ми се бендисва поќе ни спиењето. Не се жалам ко ќе не спијам поќе. То е се шо сакам да кажам. Ми треба пауза и мир од се. Пак. Ама во исто време социјални мрежи ме држат жива. Еве покажав почоечна страна од мене. Жими се не сум робот. И то е то. То е се шо сакам да кажам.
Толку потенцијални пријателства, пропаднати поради желбата за конкуренција, скриена љубомора и завист. Нека, и онака подобро ми е сега сама отколку со вас.
Две спротивставени* страни, *зависи кој од кое ниво го посматра непријателството. Од двете страни гомна, не знаеш кое од кое посмрдливо и по кој пат да минеш да ги заобиколиш. Се почеста ситуација во рандом општество.
Се осеќам тотално исцрпено, со сила туркам. Ми треба одмор од се. Да се телепортирам надвор од цивилизација на барем една година.
Мигрантиве се се поголем проблем за Балканот, во Србија се и тоа како зачестени нападите и грабежите од нивна страна врз населението, и доколку властите не се свестат шо тоа оставаат на овие простори проблемите шо ќе ги имаме со џихадиве ќе бидат исти ако не и полоши од оние шо ги има(ме)вме со Косоварите. Повеќе на линкот: https://www.instagram.com/zaustavimo_migrante/ Ова е во Србија.