2ч пешки со другарка ми од факс до дома го свртевме цел град пошо цело Скопје е хаос ама супер се прошетавме и муабет се изнапраивме, дури не ни забележав колку е се хаотично околу нас од што ми беше океј. Е, во вакви моменти сфаќам дека ич не е битно дали имаш кола или одиш пешки, битно е да имаш прави луѓе со кои се е интересно. Среќна сум што имам вакви луѓе во животот. П.С одамна толку добро кардио не сум напраила
Заради ненормални неписмени скапани идиоти што не заслужуваат да живеат пошо само штета шират некој невин ќе пати. Да ти се плукнам во идиотот гаден одвратен штетник Да даде господ да платиш за све !
Дали некогаш сте ставиле малку повеќе шминка за да не се забележува многу дека сте плачеле? Yeah, me too.
Речиси имав заборавено како е да се смееш од срце, до солзи. Денес се потсетив, макар сама, убаво беше.
1 Февруари од секогаш ми бил омилен ... со брат ми како мали си поставувавме цели за наредните месеци баш на овој ден ... Пакетчињата за божиќ што ни ги даваа сеуште не ги имавме изедено ... јас секогаш имав повеќе бидејќи не јадев многу ама секогаш и моето пакетче го делев со него ... Се сеќавам немавме детска соба до мои 10 години ... една соба ни беше и дневна и спална и работна соба па секогаш кога ќе ги нацртавме цртежите трчавме на третиот спрат кој не беше цидан и сакавме од ладното да ни се исушат побрзо ... Тој скоро на секој цртеж имаше нацртано полицаец и сакаше да биде еден ден ... Потоа како растеше посака да биде на повисоко ниво но се му остана само желба до денес. Тато од секогаш ни бил идол и на двајцата па сакавме да одиме по неговите постапки па затоа твојата цел беше тогаш да си полицаец ... но не да се откажеш како тато. Имавме заедничка визија за своја фирма ја основавме успешна е и денес правиме 5 години ... И баш денес брат ми е на конкурс за полицаец , пресреќен е ,целиот во трема , целиот воспален од вежбање иако кажа дека 1 недела нема да тренира, иако е во форма веќе со месеци не си остана на зборот... јас сум уште посреќна за него . Свесни сме сите дома дека нема да сака да е обичен полицаец и дека ќе се стреми за нешто што мама најмногу ќе е против но јас секогаш ќе стојам зад што и да одлучи . И срекна сум што никогаш не се откажа од неговата цел . А јас денес ќе најдам цртеж и ќе те пречекам дома па гласно да се изнасмееме сите дома.
Го сакам февруари, колку и да звучи како клише, за мене е во знакот на љубовта и крај на зимата. Нека ни донесе убави моменти
Ја сакам тишината. Сакам кога сама пијам кафе/какао. Книгата и мачката ми се верна дружина. Обожавам чаша вино, пиво да се напијам. Сакам навачер да стојам на тераса, да гледам во небото, да ги гледам звездите, месечината и да уживам. Сакам ветрот да ми го гали лицето, да ми ја вее косата. Сакам мирис на нова книга. Сакам да се разиграм на песни. Сакам да мирисам новоотворено чоколадо. Сакам да те гледам кога спиеш. Сакам да заспијам на твои гради. Дури овие работи ме прават среќна, знам дека не сум се изгубила себе си.
Од оние што успеваат да се опседнат со обични филмови, до степен филмот да го сметаат за битно ИСКУСТВО во животот, и на најмала критика за истиот да реагираат со навреди, треба да се припази човек. Таков сличен го убил и Џон Ленон. А доста ги има низ интернетов.
Зрел си тогаш кога гледаш смирено на животот, на околината, на се околу тебе, бунтовноста си ја оставил во младоста, во главата имаш експлозија од мисли а изговараш мал фонд на зборови и тоа тивко, зошто веќе ти станало сеедно, уствари не ти е грижа.
Ќе почнам ли пак некогаш да заспивам пред 1-2ч барем, се прашувам... Целосно си го поместив биоритамов.
Се трудам премногу за да го положам и последниот испит овој семестар, па мирно да легнам да спијам недела-две.