Не се научија уште со ова заследи-отследи на инстаграм. Абе колку и да ви е убав и скоцкан профилот и колку да ме интересира содржината нема да ве следам ако ме заследувате само за и јас да ве заследам па после ме отследувате. Има опција mute posts and/or stories ама кој да знае до толку.
Интелигенцијата во вас е истата интелигенција која ја создала целата оваа планета. Верувајте му на својот внатрешен водич, кој ќе ви открие се' што треба да знаете. (Извадок од книга)
Се уклучувам на форумов за да се " излуфтирам" од секојдневието, ама секој пат се повеќе се напнувам, постојат членови кој тука се буквално за да си ги лечат своите комплекси. Нема тема, а тие да не се зачин да неможеш мислење и став да си кажеш и да не ти скокнат одма контра и така " суптилно" да те изнавреѓаат и направат да се чуствуваш како да твоето мислење е небитно, глупаво, смешно... Они се совршени они знаат се како треба нивното мислење е најточно и така секој мора да мисли во спротивно ќе те нападнат и едноставно не можеш да се разбереш...во суштина тие луѓе се далеку од тоа како се преставуваат, позади екранот секој може да си го креира својот живот како сака, а бидејќи нивниот е совршен само на фемина се исфрустрирани и нивната несигурност мора некаде да ја изнесат.
СДК 1. Нема ништо поубаво од тоа кога ќе се избањаш, издепилираш, ставиш млеко за тело, маска, фул скинкер. СДК 2. Им љубоморам на девојките што и излегува по три бледи влакна во текот на годината
Најдобриот совет што би го дала на некој што сака да успее во што и да било е воошто да не ги споделуваат своите цели јавно. Луѓето мислат премногу негативно за сите околу нив и сé го сваќаат како конкуренција. Дури и да не бркате ист успех, ќе ви посакаат да направите утка.
Некои мислеа дека пандемијава ќе ги потсети луѓето колку се важни некои нешта,ама јок бре,уште позабегани станаа. Емпатија,што е тоа? Да си ја удираш главата во ѕид поради нечиј егоизам...
Сношти се случи сообраќајка пред мои очи. Се судрија две возила,во едното возило жена а во другото маж. Секако мажот беше виновен, бидејќи возеше на друга лента. Мажот толку многу беше насилен што додека се стрчам јас да ја извадам жената од кола тој веќе се стремил да ја отвори вратата и да ја извлече насила жената од кола. Таа толку беше потресена што почна да плаче, не знаеше каде се наоѓа и што се деси. Ја тргнав на страна,додека се свртам мажот се расправаше со една од моите луѓе и ја нападна со глава во нос ја удри. Останав шокирана,но и присебна да ги раздвојам да не дојде до поголема тепачка. Едвај некако успеавме да ги раздвоиме без поголеми последици. Таа се повлече на страна,и си упатуваа разни пцовки. Тој се обиде да нападне уште една жена од моите вработени и пак јас се обидував да ја заштитам,среќа што и други се стрчаа да го спречат во намерата. Се собра многу народ,дојде многу полиција и ко капак на се мажот се онесвести. Додека го освестуваа него, се симнаа сите луѓе од зградиве околу и сето тоа беше потресно, не поради самиот инцидент туку поради насилниот маж. Значи каков идиот. Жена да се мавне и покрај силна расправија не смееш да дигнеш рака,а уште помалку некој насила да вадиш од кола. Целата ситуација е за пример на сите што бевме присутни какви мажи ни ја красат планетата Земја. Од такви мажи избиваат деца - јаки багабонти. А овие жени со кои работам се многу храбри и силни,тоа не се жени што седат на страна и фаќаат сеир, туку жени кои се подржуваат меѓусебе.
Сомнежот колку некој го познаваме ќе се потврди во моментот кога ќе се увериме што се е спремен да направи за да ја постигне целта.
СДК, било каква дебата во доба кога секоја будала има право да се искаже, е губење на време. Илузија која служи за народните маси да се издуваат, да се залажуваат дека сечиј збор се слуша и е важен, или за да го чујат од други она што сакаат да го слушнат. Амортизирање на гневот и незадоволството. Перење мозок. Затоа помалку филозофирање, повеќе фокусирање на дело.
Или ме ставаат скроз прва за полагање или најпоследна. Не знам што е подобро, да кршиш лед или да чекаш 40 луѓе пред тебе да полагаат и од сите по нешто да слушнеш, па дур ти дојде ред паника да те тепа на велико ради сите искуства шо ги кажале. Животе, секој ден нов стрес, не може више вака.
Сакам да кажам дека времето ми врви многу чудно. Малку спијам и денот е предолг и да напрајв нешто пред два сати, ми се чини ко да го напрајв пред барем два дена. Се осеќам физички и емоционално прегорено и ми треба пауза па си земам по мали одмори дури и од соц. мрежи. Сакам да се дисконектирам од сегде барем на недела онака да видам како е. Да видам дали ќе се релаксирам од се шо е околу мене. Иако значително намалив соц. мрежи пак читам, пак гледам, пак се нервирам. И то ме клава како во high alert фаза и така во круг. Отворам чат да пишам на некој шо познавам пошто се осеќам како со деној не сме зборале, а то еден ден во прашање. А, шо ќе биди ако на сите најавам една недела дека ќе ме нема и вистина да ме нема? Звучи толку примамливо.
Зошто лугето толку многу се злонамерни лицемерни, гледаат само да ти наштетат гледаат да те видат на дното зошто?
Не можеш да му помогнеш на човек што нејќе да му се помогне. Џабе 500 совети давани, на крај пак си тера по свое. После ама згрешив. Е, тоа е, назад нема. Кога зборевме, тенџериња тропаа работава.