Твојата музика се слуша низ цел свет денес. Твојата музика спаси многу од нас кои денес рониме солзи на твоите песни наместо да ни се исцрта насмевка на лицето. Среќен роденден и почивај во мир.
Мојата Мајка беше мојата најголема подршка,другар,пријател,советник,и додека сум жив ке се сеќавам на сите совети кажани.
Од позитивности за цела недела ми е малиот син на пријателка кој си седеше во парк со сликовница и детска книга, наместо со телефон во раце. Не му забрануваат родителите ни цртани, ни телефони, ни таблети, туку малото само си бара да чита од печатена форма. Ќе речев одамна, ама всушност никогаш немам видено толку мало човече да седи мирно и да чита книга.
Толку многу луѓе, ликови, различни а уникатни. Секој со своја приказна и да следат модни трендови но не онака слепо да делува како сите од ист калап да се излезени. Ме фасцинираат такви моќни ликови кои иако сум ги видела за некоја секунда ме заинтересирале да си помислам што ли се крие зад тоа лице, каква е таа душа, ја има, ја нема, добра ли е каква ли е? Толку различности а сите сме едно исто.
За коментарите од типот бевме многу блиски, а сега не ја/ го препознавам, кога секој ќе биде објективен во потрага по причината без да го обвинува само другиот, можеби ќе сфати дека секојдневните телефонски долгометражни разговори и исфорсирани средби означени со "квантитативна приврзаност" многу, наместо суштинско (квалитативно) пронаоѓање, резултираат со губење на значењето на пријателството и дружењето.
Имам толку негативна енергија, што се плашам денеска што можам да направам. Толку ни е заебано здравството, да ти е страв да одиш да се лечиш во болница. Да сме некоја држава, треба инспекција секој месец да им се праќа и се тоа нестручен кадар да се избрка. Се спрема 4 месеци за операција, нормално затоа што нема термини. Се прават разни испитувања, за да дојде денот денеска да влезе во сала и да и кажат не можеме да те оперираме не ги направиле сите испитувања. Најосновното испитување која крвна група е не го направиле, а што останува за другото. Сите повторно ќе бидеме во неизвесност до следниот термин.
Директното кажување било безобразно. Ама умилкување било убаво кажување. Со превртување очи,со лицемерие со све е најубаво на свет. Аха, шипки.
Не е важно што календарот кажува. Стар си колку што старо се чувствуваш, а јас... јас денес се чувствувам како прокувано гомно.
На првиот ден од пролетта го видов и првиот штрк. Се исперчил на уличната сијалица, како да сака да викне - еј јас дојдов и при тоа сум точен како швајцарски саат. Ќе да е некој убав знак.
Леле, во какви екстреми одат луѓево. Леле, не можам да се изначудам значи, зошто побогу така им правите на сопствените деца?! Она веган, и детето го рани да биде веган, мора да пие смудиња и да јаде салати, нема сакам, не сакам, месо, јајца, риба, јоккк. Најголем грев, чизбургер од Мекдоналдс. Она на хроно/кето, и на детето му направила ,,кето житарки" од свинска кожа и цимет и растително млеко. Луѓе жими мене, седнато и срка сирото. Најголем грев, 5 грама јагленхидрати. Она минималист, и го натерала детето да одбере само 5 играчки и да ги фрли сите други. Најголем грев, да има 2 кукли и 2 количиња. Она секое сабајле се моли/чита Библија/Куран шо и да е, и децата наредени до неа исто прават. Најголем грев, да те фане смеа при бајбл стади. Она сакала децата да и' пораснат во феминистки и решила да ги фрли сите продукти за убавина, бричеви и слично и сите да се мијат со јаболков оцет и сода. Што им правите на децата бе? Зошто?! Колку и да е добронамерен, екстремизмот во секоја форма е лош. И не, не води кон среќен живот. Остајте ги децата да бидат деца. Ако сакате да ги научите на нешто, научете ги на баланс. Бреј, несалам работа.
Денес колешка на работа нè убедуваше дека било нормално и сосема во ред ако мајка си се пресоблекувала пред синот. Лично таа понекогаш си облекувала/соблекувала градник пред 16 годишниот син Го учела да не се срами од голотија и да биде горд на своето тело, па и тој ако заборавел бањарка да земе после туширање гол си одел до соба Таа го родила и воопшто не било срамно да се видат голи. (Хммм? Да, ама кога е мало дете а не тинејџер) Колку да сум за тоа секој да си живее како сака, едноставно ова не можам ни да го сфатам ни да се сложам дека е ок...Ама ако им е убаво...
Трпение се помало, а безобразлук се повеќе. Аман бре луѓе, осет! Знаете ли што е тоа??? И да, ко за инат за време на пости живци како конец.
Велат дека ми мислат добро со нивните совети,ама не прават разлика меѓу совет и мешање. Треба да се знае каде е границата.
Ако преферирате и се гордеете во јавност младите да ги гледате на митинзи и во „патриотски“ хаоси по улици, а непристојно и срамно ви е надвор благо да разменуваат нежности со партнер - дури и од различен, а да не зборувам за од ист пол... не ми се обраќајте воопшто. Таква енергија не ми треба во животов.