За паметен човек, тешко се наоѓа amusement во денешно време. На што се се смеат луѓево, Боже каков народ.
Малите работи направени од срце, ме прават среќнa. Оние ситниците, кои ми крадат насмевки. Смеата на моите најблиски ме прават среќнa. Мјаукот на моите мачори дури и кога некогаш претеруваат. Неговите пораки за добро утро. Мирисот на свежо мелено кафе и книга. Кога некој ќе ме пофали за приготвениот ручек. Е тоа ме прави среќна.
Успеав да си легнам рано и да станам во 6 без аларм наместо да си легнувам во 6 ко што правев изминатата цела година... Ај, позитивни промени на пат и сите токсични навики ќе се исфрлат. Си ветив, ќе си го средам животот.
Сама дома, само што завршив со работните обврски. Тоше на плејлистата, кафе, книга и со мислите некаде далеку. Размислувам да провозам со велосипедот круг, два. Полна сум со енергија, сакам да ја истрошам.
Чудно ми е што на Балканот плукаме по тие со приватен факултет зошто сигурно ималe врски, а во западот не им е гајле дали си со државен или приватен.
Сфатив дека е погрешно да се прават планови за далечна иднина. Посебно планови кои вклучуваат други личности. Личностите се менуваат. Се менуваат и чувствата. Плановите пропаѓаат. Сето онаа што со години си го сонувал, полека се губи. И ти останува едно големо ништо.
Се е од корист. Веќе на никој не правам услуги, оваа вечер разбрав дека се е залудно колко си подобар со некој толко повеќе на глава ти се качува, за жал.
Постојано е истото. Ми бодат ножеви во грб додека се нервирам што некој ги врти околу малиот прст,а тие не се свесни. Или не им е гајле,де.Можеби тоа им одговара. Се осеќам како странец онаму каде што не треба. Зборувам,ама џабе.Не ги гледаат моите солзи. Ама и покрај сè,не би можела без нив.Тоа место би ме задушило без нивните гласови.
Порано не сфаќав колку смртта е една моќна сила, не сфаќав дека тој лик и глас нема да ги видиш и слушнеш повеќе. Ќе гледаш само слики бидејќи се што останува се само црно-бела хартија. И како некоја мисла ќе го видиш истиот лик во сосем непознат човек и ќе посакаш да е тој,но штом се заврти сфаќаш дека не е. Затоа денес, сфаќам дека рацете ни се врзани цврсто и нема назад. Смеј ни сѐ одозгора чиче, на сите ќе ни недостигаш.
Цела недела место не ме фати и си наоѓав куп "обврски" за да ги избегнам главните. Не ме мрзеше, ама монотоно се чувствував со едно те исто. И така, одејќи си некни си се замислив - што мислев, не знам ни јас. Само знам дека имав некои вештачки чувства. Жив човек немаше, на улиците испаркирано што треба и не треба. И ми никнуваат двајца, овој мало, мало едвај се гледа. Мавта таму нешто зазборено, гледам дека не ме примети детево, застанувам (нема кај да се помрднам) и луууууп во мене. Најинтересно беше што си кажа што беше ова големово и пак си продолжи со муабетов. Иако го искара човекот, овој пак со неговото. И тек тогаш си викам, види така треба. Епа исто и во животот. Што и да ти иди, тераш напред и така.
Нема ништо поубаво од звукот на крцкањето на снегот под нашите нозе. Милина. Ја сакам оваа снежна постела.
Некои ветуваат и неисполнуваат, некои се политичари, а некои цел живот се покрај тебе само што касно ги приметуваш.
Се изнашетав на снегот Цело бело околу мене, ситно си врнеше, околу мене ни кола, ни човек, ништо. Крцкање на снегот и уживање, среќа. Само пешачев дури и песна ми дојде на ум си потпевнував, нетипично за мене Се дури не се најдов со тебе
Колку треба да си болен во мозокот да фрлаш ѓубре во езеро,река,природа. Но природата ни го враќа тоа што е наше... Ова е Охрид,Република Македонија. Но ова го нема само во Охрид ова го има во секој град. Го има и во Вардар. И после од истиве ќе слушнам дека: Не не бивало