Налет ‘те сакам’ ако се’ шо носи чоекот у нашиот живот е стрес, солзи и нервоза. Некои луѓе не можеме да ги бираме, постојат во нашиот живот зашо, ваљда судбина. ‘Те сакам’ не оправдува токсичен однос. ‘Те сакам’ не ги обновува живците. ‘Те сакам’ не е лек против несоница. Такво ‘Те сакам’ ми е као акнат ханзапласт на скршеница која захтева итна операција. Некад, најчесто у период на несоници, си се прашувам шо е значењето на ‘те сакам’? Откоа ќе се сјебе скроз работата, откоа ќе се премине црвената линија сто пати, откоа ќе потечам од плачење, шо е поентата на ‘Те сакам’? Добра ноќ и сакајте со дела, тогаш ‘те сакам’ уопште и не е потребно
Ова треба да биде ставено на почетокот на форумот. Бидејќи сите тука си ги извртуваат мислењата во нивна полза и вадат сосем друг контекст.
Просто некогаш не ми се верува дека млади девојки од 20тина години викаат/пишуваат гиникилог, гиниколог, гиноколог, гениколог итн... Дали се работи за неписменост или сексуална неедуцираност не знам, но мислам дека неопходно е сексуално образование зошто срамота е да не се знае гинеколог и уролог што е и како се вика/пишува правилно...
Сељачаната македонска никако да научи да си гледа пред себе и за себе. Тие за секого знаат како треба и до задутре ќе дрдорат без прекин. Сечиј живот можат да го средат, освен својот Од 20-годишни стрини само дистанца, лек за овие нема. Наследна болест.
Читањето само на позитивни вести за некои состојби во светов не е добро.Човек само си одмага така. Светов не е розев. Некои нешта не се такви какви што изгледаат.
Мојата интуиција до сега не ме излажила. Некогаш си мислам дека е до мене, дека сум многу претпазлива, старомодна сум за овој модорен свет, дека не верувам во се набрзина, преку ноќ. И стварно така излегува, не можи од две видувања или од месец, два колку и да сакаш да бидиш сериозен. Некогаш кога кажувам совет да не брзаат, да припазуваат, кизне шо си мислат. Се надевам дека за следен пат повеќе ќе мислат и пазат.
Не ми се јасни луѓево што чуваат 4 деца или повеќе, а немаат пари за леб.Убаво е да се има големо семејство, ама мораш да имаш услови за тоа. Прво треба да имаш дом каде ќе ги сместиш, а потоа редовни месечни примања за храна, облека и останати основни потреби на децата.Ако немаш пари ќе чуваш едно дете или нема да чуваш. Греота се децата да страдаат. #ИзнервиранаОдСекојдневниПрилозиНаТВ
СДК 1 Мрза и безволност не се исто. Не секој што лежи по цели денови и не излегува од дома е мрзлив. Некој губи волја да извршува активности затоа што го гуши средината. Им велиш а,бе,овој е депресивен,анксиозен,не му попувајте. Им велиш дека му треба поддршка,а не паметување,ама не,они упорно по нивно тераат дека е плашливко,кукавица,мрза светска... Не веруваат во дијагнози дадени од стручно лице,ама веруваат во оние дадени од нив и комшиката Петранка. Не е само воздухот токсичен,и луѓето се. Како побогу да функционира кога го газат? Едноставно,се разочарал. Му ги потонале бродовите.Не може да пее весело и не може да се смее. Ни грам разбирање немаат,а очекуваат да се опорави. Скршено срце не се лечи лесно,ама некои не капираат. СДК 2 Брачните партнери треба да си ги решаваат несогласувањата далеку од очите и ушите на нивните деца. За децата и ситната кавга е стресна.
Денес решив денов да го искористам за себе. Малку да си се разгалам со благо, со топла купка, со нега на коса. Преку глава ми е од обврски, фак дис шит, сум заслужила. Ќе си се повлечам после во соба по возењето велосипед, ќе си пуштам фудбал, ќе си читам книга и ќе јадам грицки. Ќе враќам на пораки само на најбитните луѓе за мене, ги има и од форумот, и нему. А за останатите, кој како заслужил. Вечерта ќе се слушам со моите и ќе се смееме на камерата, ќе се гушкам и со мачорите. Совршенство.
Најдобро нешто шо ми се случи на факултет е што ги најдов најпрекрасните луѓе на свет. Толку ги сакам шо дури и викенди и секое можно слободно време со нив го проаѓам. А добро е што и дм се уклопи со нив, па и со дечкото на другарка ми се поблиски другари станаа, шо ми е премило, па и реално испадна подобро од што би планирала, си се најдовме убаво друштво. Чисто утринска мисла, понекогаш си правам ретроспектива колку се смениле работите. За среќа сега на подобро, сакам да е вака зошто стварно ми е убаво и се осеќам како доста да ми е исполнет животот и да е се како што треба. Ова ли е тоа се местат коцките како сакаат, се распаѓаат кога сакаат ама се е со причина? Ако за ова било, не жалам ништо.
Не беа доволни возачиве на коли без никакво знаење и сообраќајна култура, им се придружија и велосипедистиве што се клатат лево десно по коловоз и си цепаат без да погледнат дека сметаат позади. Па малку беа овие, дојдоа и овие со тротинетиве. Кога гледаат дека нема услови за нешто, што мора да се правиш модерен граѓанин бре?
Имам прекинато скоро 4 годишно другарство зошто си зема за право "другарката" да ми кажува како сум била себична зошто дечко ми ќе сум го моткала со години у врска и без сигурност да имал, а бил постар и ќе си го трошел животот туку така, зашо не сум сакала деца ни брак до 30г и не сум мислела на тоа дека природата за раѓање на нас жените ни била ограничена, туку на кариера и ќе сум била после стара мајка. Не беше ни прашана за мислење и без да се објаснувам со тек на време си се одалечив. Не сум ја ни осудила шо сакаше деца у рани 20ти и маж, сама си го имаше наметнато муабетот и си кажа "што и лежи на душа" за мојот став што сама ме потпраша. Година дена подоцна ич не ми е криво што прекинав нагло и без збор контакти со вакви луѓе. Кога ќе се сетам со какви луѓе се иам порано дружено, срам ме фаќа. Outgrow-нав многу ситуации и луѓе и без збор си заминав од секаде шо не ми одговараше како што сакам јас. Кој се лутел и зборел дека сум себична и намќорка ич не ми е гајле. Мирот е бесценет и веќе многу внимателно бирам како и со кого го трошам моето време. И немам време за објаснувања и попувања од некого што и како е правилно да правам.
Убавиот период кој одамна го чекав конечно започна. Се чувствувам подобро од било кога, ми фали само уште нешто за да биде се комплетно. Блиску до врвот сум и успеав во она што го сакам и не застанувам овде. Одам до крај.