Дури чекав подолго време имаше дете со мајка кои не зборуваа македонски и дојде еден постар човек. Човекот му зборуваше на детето, го прашуваше, а детето 5год А буквата на македонски не знаеше да ја кажи. Мајката едвај проста реченица да сврзи за да зборува со човекот, да му кажи дека детето не знае македонски, колку год има, како се вика, толку. И така дури стоев и си се почудив малку, кај живеам јас уствари, која држава е оваа? И после се шо се дешава тука, некој ќе ме праша зошто ќе си одам од "државава"? Некогаш сакам да ми ги дадат розовите наочари со кои гледаат.
Кога почнувам да губам верба во човечноста, се појавува некој, кој ми докажува дека сеуште постојат добри луѓе.
Добро, што им е на луѓево што редовно ми го понижуваат факултетот и ми викаат дека денес "секој втор бил програмер" и не било ништо за пофалба тоа? Ај мене не ме засега, си ја сакам струката и никогаш нема да престанам да се трудам, ама истото тоа утре некој друг ќе го слушне и ќе му се наполни главата дека не вреди ништо, па ќе се откаже. Прво, не учам и не давам се од себе за ТИ да ме пофалиш. Второ, прво научи една hello world програма да напишеш, види колку е "лесно", па после кажувај како е лесно и секој втор е програмер. Исто како што јас не можам да кажам дека е лесно да станеш доктор или архитект. И трето, гледај си ја својата работа побогу. Што толку те тригерира тоа што некој има љубов и пасија кон одредена професија, па мораш да ја омаловажуваш и да го убедуваш дека не е ништо. Нека се среќни само што имам култура и почит во себе и знам да се контролирам што зборувам во моментот.
Нека заврши овој кошмар веќе аман! Почетоков од 2021 е полош од цела 2020! Некои работи не заслужуваме да ни се случуваат
Тие што уговараат некоја личност пред васшто го прекажуваат муабетот со вас Утре,задутре... И вие ќе бидете тема на разговор,и на вас ќе ви смислат некоја приказничка,и вас ќе ве издадат. А тие желните за тролање ќе останат сами,нема никој да ги сака. На пример јас бегам од другари што секоја бивша им е к***а. Утре ќе се спречкаме и јас ќе станам нешто што не треба,според нивни математики. Бегам од секакви луѓе што тресат зелени за друга личност.
Отвораш Фемина. Гледаш некоја трола, цело време лаже за годините што ги има, љубовните проблеми и' се за глава да се фатиш. После гледаш во 2021 година се полни ли се полни темата за гатање и дури некоја гатачка ја поистоветиле со ангел. Доволно, затвораш Фемина.
Уште малку ќе дојде полноќ, а јас си лежам непокриена и згора на се со отворен прозорец и уште ми е пеколно жешко Во ПМС не сум, што дијагноза е ова не знам
Се почесто гледам луѓе шо вежбаат некоја година в теретана стануваат фитнес тренери и нутрицонисти сами по себе. Се поголем и поголем број.
Пред некој ден отидов кај тетка ми, да ги посетам и да и помогнам нешто околу компјутерот и интернетот и некои кујнски апарати. Мене ме бара кога нешто не е во ред и мило ми е што има доверба во мене дека можам проблемот да го средам. Пред да влезам, комшиското куче кај неа со радост се втрча кон мене и почна да си игра со мене и да ми ја лиже раката. Животно бе, ти се радува, сака да игра, сака внимание да му посветиш. Беше бело со кафеави дамки, загар. Не ги гледам кучињата по расата, мене сите ми се мили, сите кучиња ги сакам, такви прекрасни се, најдобриот пријател на човекот. Сега имам 2 мачори, им ја давам сета љубов на светот, и истото го добивам за возврат но се надевам дека еден ден повторно ќе имам прилика да чувам куче.
Преку глава ми е више од моите, не можам ни да ги гледам веќе ни да ги поднесувам. Во се се мешаат, се сакат да знаат, кај одам, со кој, што праам и слично. Кога им се спротиставам одма почнуваат со драмите од нас зависиш, додека си под наш кров ќе правиш што ние ќе кажеме,вреѓање и слични глупости. Со душа го чекам денот кога ќе ја напуштам оваа куќа и моја нога веќе тука не стапнува.
"Nije problem toliki nikad u ljudima koji vladaju, koliko je problem u ljudima kojima se tako lako vlada" Đorđe Balašević
Лелеав свилен фустан со гол грб, баш дамска должина малку под колена, пуштена коса со мирис на кокос, измачкано тело со убава крема за тело со по некоја дискретна светка шо совршено се уклопува у амбиентот у клубот у кој шо сум. Руфтоп, големи прозори, надвор градски светла, голема гужва ама на никој не му смета, посебно не на мене. Единственото на кое шо внимавам е да не истурам некој со пијачката која шо не можам да ја испуштам од рака. Ц е л а в е ч е р. После х време си ја собирам косата пошо малку жешко од играњето, ги оставам само шишките на страна, али не прекинувам да денсам. И да сањам... О боже, колку ми фали животот. Ваков
Денес помина едмо полициско куче покрај мене и само во ѓеме гледаше цело време во никој друг, што може да е ова ?