Мајка ми отиде на фризер да се фарба, шиша, нијансира и тато ја однесе и ја чека да ја земе. Ги нема со саати али викам може шетаат у град, сеедно. Ми врти тато по 3 саата откако ја чекал да ме праша дали фенирање била последна фаза, умрел од досада чекајќи, сега му рекла на телефон ја фенирале. Ќе паднам од стол од смеење значи, маживе се врв, последна фаза ми вика.
Не премолчувам веќе никому. Ако имам проблем ќе го кажам. И нема да се извинувам и кој сака и колку сака нека се лути,не губам здравје за никого.
Пред 10 минути читав нешто од досада во свекрви и снаи проблеми. Ми пишува дм сега гледала мајка му некоја серија со доктори, па и текнало за мене и му рекла што прави женска ти, поздрави ја. Таман си викам е фина е женава, убаво што и текнало на мене , ми текна што читав прееска за свекрви досадни какви имало и си викам леле и мајка му да не излезе некоја таква у иднина, што и текнува за мене па сега? Фемина ме испоремети, со trust issues сум целата од се што сум прочитала тука. Да се одјавам што побрзо.
Стигната сум до 1/3 за исполнување на една материјална желба.... Материјална е де, само здравје и ќе си соберам пари Ова како потсетник за во јули да проверам дали ќе си ја исполнам
Порано немав некоја желба за цвеќиња воопшто. Мајка ми од секогаш чувала дома, во дворот има еден куп цвеќиња, таа ги вади со татко ми ги гледаат. Јас не знаев кога се вадат дали секој ден, еднаш неделно, има различни, некои сакаат многу светлина, некои не, ни пак кое како се вика, освен попознати шо се цвеќиња. Се со пред некое време почна да ми се врти во умот желба за одгледување на цвеќе. Од пред еден месец почнав да загледувам по цвеќари, барам на нет читам за нив. Имам голема желба за кактус. Не знам зошто баш него, ама ете ме влечи многу. Да помини сето со 8ми Март сега, па ќе си купам кактус. Тоа ќе биди прво мое цвеќе Многу сум возбудена
Обично ова време, кога тишината станува сѐ погласна, се будат "што би било кога би било" прашањата.. Што ако сум искрена и ме плашат малку.
Седам и се мислам дали е можно дека веќе и тебе те нема на овој свет Господ секогаш ги бира најдобрите порано да отидат кај него.. Но спомените никогаш нема да умрат тие секогаш ќе живеат и ќе се сеќаваме на тебе.
После турбулентниот период, смртта на другарката, болести во најблиската фамилија решив да продолжам онаму каде што застанав. Не сакам да чекам повеќе, не сакам ништо да ми биде пречка за остварување на желбите. Јас сум тоа, одам секогаш до крај, макар светот се срушил.
Јас денешниов празник сакам да им го честитам на сите ЖЕНИ. Не потенцирам мајки, туку жени. Жената не е помалку жена ако не е мајка. И да, почит да постои секој ден, без тоа не вредат денешните подароци и празни зборови.
Лани за 8 Март на свекрва ми и направив аранжман од свежи цвеќиња и нејзиниот омилен парфем од Авон ... Кога дојде не го зема целиот поклон , само парфемот го пикна во џеб ... Се осеќав грозно се изнаплакав , вриштев како луда од кога си замина и тогаш одлучив дека повеќе нема да добие поклон од мене . Станав огромно злопамтило се памтам и ќе памтам во иднина ... Оваа година престанувам да испагам глупава како резултат на тоа што сум добра...
Го мразам фактот што секоја година денов ми е депримирачки бидејќи баш на овој датум можеш да се изнаслушаш и изнагледаш стопати повеќе сексистички работи од обичен ден.
Кога ги читам вестиве на Сител просто посакувам да се вратам во Мк. Толку убава земја, без криминал, без врски, каде што владее ред и мир, закон, парична помош за толку мн граѓани, солидни плати...
Почнав да кивам, да ми тече нос, да ми солзат очи како последица на доаѓањето на пролетта и мојата алергија кон полен. Ми преостанува у наредните месеци да се надевам дека нема да имам напади од алергијата по јавни места, да не случајно ме исфрлат од некаде мислејќи дека сум некоја заболена од корона што се рашетава лево десно. Премногу сакам пролет, само уште да не бев алергична на полен се ќе беше совршено ама тоа е.