После случката со 4 годишното дете од Србија кое вчера почина од напад од кучиња кои биле во сопственост на неговите родители, сеуште цврсто стојам на став дека не можеш да му веруваш на куче 100% и никогаш не би оставила бебе или мало дете само со куче.
Фучи ветерот, по некое куче лае, читам, прекинувам и размислувам колку како човештво сме назад, а колку ресурси и капацитет имаме да сме многу понапред, ама ни фали пред се емпатија, многу емпатија ни фали, па се останато за да се вратиме на правилниот пат. Божем пандемијата требаше да не научи на тоа, на грешките и како да ги исправиме, ама колку влечат за напред и подобра иднина уште толку и многу повеќе или ништо не разбираат или се прават дека не разбираат.
Претераа порталиве со објавување на веста за кучињата што го искасале до смрт детето. Океј, кучињата не биле чувани како што треба ниту дресирани, плус мало дете само не се остава покрај толкави кучиња. Многу често децата ги задеваат така што и најмирното и најтрпеливото куче ќе поита да ги касни. Не е тука криво ни детето ни кучето, туку родителите што треба да го дресираат кучето и да му укажат на детето како (не) треба да се однесува. И во ситуацијава едино родителите се криви и никој друг. Ама народов прост тука одма се попалува на вакви вести за да излези и да фрла отров наоколу па да настрадаат невини душички. Многу жално за детенцето, го зеле на душа родителите. Тоа е кога се силиш да чуваш големи расни кучиња па потоа ги затвораш или врзуваш на ланец и не ги ни погледнуваш. Куче треба да е дел од семејството и да му се посветува доволно внимание, многу љубов и дресура.
Долго време го следам форумов, но како и се друго и тој не е веќе тоа што беше. Се се извештачило, на некого му сметаат нови членови, на некого старите. Постојано некои препирки меѓу членовите, кланови, секти тракатанци, мажи кои дошле да боцнат нешто итн итн.
Колку сум ненормална од 1 до откачив дечко пошто со моите ФБИ способности ја најдов мајка му на фејсбук и ми изгледаше многу намуртена жена, па си реков беј проблеми ќе си имам во иднина кога ќе ми е свекрва, боље не. И сега ми е криво, ептен фино дете беше...
Незнам зошто али постојано се си ставам на срце, и најмала ситница да е јас пак се замарам во главата илјади мисли, се замарам за личности кои тие за мене не се замараат воопшто само кога имаат корист, дури и кога некој ќе ми пиши за кафе и неможам да отидам чуствувам вина, ме плаши ова веќе на некој начин
Родителите во 99%, ако не и 100% од случаите, кога ќе дознаат дека ќерката (дали и колку важи ова за машките не знам) има дечко, се интересираат колкав степен на образование има, од какво семејство потекнува и дали е богат. И ако нешто од тие три нешта не им е задоволително, ќе си го убедуваат детето дека тој не чини, дека треба да го остави, дека немало да биде среќна. И сето тоа од грижа за сопственото дете, му мислеле добро. Ако му мислите добро вистински, прво што ќе ве интересира е како тој се однесува, прво кон вашата ќерка, а потоа и кон сите други. Колку е добар, колку му е важна таа и нејзините чувства. Таа ако е среќна со него и ако и' е добро, тоа е само поради тоа што е тој, а не поради тоа што има. Тоа што некој го има се стекнува и се губи. Можеби и тоа се важни прашања, но не се основни. Но, ете, ќе продолжи да им се придава најголемото значење, довека.
Знам многу луѓе што за жал не можат да имаат дете. А толку многу имаат да му пружат на детето. Запознав една жена што за својата генерација е толку напредна, толку начитана, интелигентна и успешна во она што го работи. Смирена и сталожена жена, способна за водење цивилизирана дискусија без разлика на мислењата што можеби се спротивставени едно на друго. Една од неостварените желби ѝ е да има бебе. Има луѓе што кога ќе ги запознаеш знаеш дека има многу да дадат и пренесат на едно дете за тоа да израсне во личност што ќе има отворен и напреден ум, без типични ставови и однесување како што вообичаено гледаме на просторов. И од друга страна ќе прочитам нешто од жена, особено па и ако има и женско дете, дека сосема е оправдано насилство и дека веројатно „си го барала“ штом добила ќотек. Нема да ме чуди еден ден и помош да не пружи ако ќерката се пожали на семејно насилство. Колку штрафови треба да ти фалат во главата за да оправдаш насилство? Огромно гадење и гнев чувствувам. Што сакате речете ама ваква личност не заслужува да биде родител. Во нормална држава вакви проблеми би биле регулирани, а овде- за жал, уште долго ќе има вакви примитивци.
Луѓе занесени, во голем филм влезени организмот не ми ги поднесува. Не сакам да комуницирам со такви луѓе, не фала.
Кога кај добар и трпелив човек еден ден ќе ја преминете границата и тој ќе ви сврти грб, ќе дојде денот кога многу ќе се покаете.
Имаат витки тела и мислат дека се супер,и дека тоа треба да им дава предност. Бреј,уфилмани... Море,не е тоа ни за фалење,ни основа за добивање предност во животов. Виткото тело не го пере и не го покрива скапаното срце.
Веќе видено. Само кога имаат потреба ќе ти пишат, кога немаат не постоиш, тешко им е да ти пишат и едно "како си денес".
Срањево со коронава трае премногу долго. Дај нека заврши веќе еднаш. Ми се гледаат насмеани лица, ми се игра на свадба, ми се оди на плажа, ми се патува, дури и чекањето на бус ми фали, муабетот со таксистите, собиранките во парк, публиката за време на фудбалски натпревари. Се ми фали.
Да се сака жена не е само момент кога ги знаете своите тела и ги слушате чукањата на своите срца. Не е момент кога сте исполнети со задоволство кое не се објаснува. Да се сака жена не значи само да ја бакнеш додека таа спие или кога го приготвува твојот доручек. Бакнежот не значи нужно љубов, а љубовта не се состои само од страствени бакнежи. Да се сака жена не значи да се украсува со најубави зборови, да се кити со најубави подароци. Да се сака жена не значи само да се каже ‘Те сакам’, напишано во брзање. Тоа не покажува дека навистина ја сакаш. Да се сака жена значи секогаш да ја држиш за рака, дури и кога добила некое килце повеќе, за да ја охрабриш и да ја поддржиш. Тоа значи дека не ја оставиш сама кога ќе се разболи. Тоа значи бришење на солзи и верување во нејзините соништа. Да се сака токму таа жена значи да се биде благодарен што одбрала да ви подари прекрасни деца. Да се сака значи да се почитува и да се земат во предвид нејзините очекувања и стравови. Да се сака значи да се гушне кога е уморна и да се слуша кога нешто ја измачува. Од љубов да и’ простиш и да и’ помогнеш да го победи стресот, депресијата и фрустрацијата. Да се сака жената не е комплицирано, ако сите твои чувства се искрени и ако знаеш да бидеш маж кој сака, кој знае да одговори со иста мера, како и таа. Сакав да кажам само го презедов
Се осеќам уморно, безволно во еден момент, а во друг момент како да се мотивирам за да го поминам денот убаво и без песимистички мисли. Се растргнувам измеѓу овие две работи. Исплашена, и се осеќам како да не знам да се снаоѓам во дадени стресни ситуации, и правам непромислени потези. Лошо, за никаде.