Некои луѓе толку многу зборуваат....и ништо што ќе кажат не е точно, не држи вода едноставно, и не вреди да им објаснуваш. Не знам зошто тие си го губат времето. Можеби ако засукаат ракави по дома, ќе пронајдат нешто во кое се продуктивни.
Пред некој ден и поставив прашање на членка од форумов на инстаграм. Секогаш ми текнуваат тешки прашања и само сакав да го видам нивниот поглед кон животот и размислувањето. Секако не се должни да одговорат ако сметаат дека не можат да пронајдат соодветен одговор. Всушност, секој одговор лежи многу блиску до нив.
Чај, готвење, нега на коса и тело, музика во позадина, Андреа Бочели на репертоар. И денот е совршен. Како јаготка на шлагот вечерва омилените играат фудбал.
Има моменти кога ќе се погледнам во огледало и почнувам да се мразам самата себеси дури неможам дс се поднесам,а зошто? Бидејќи се си ставам на срце, во кафич срам ми е сама до тоалет да отидам,срам ми е сама во кафич да влезам мислам сите мене ме гледаат (која будала), кога минам покрај толпа луѓе што ги познавам како да скренувам незнам како да го наречам тоа(само јас го осеќам тоа,а можеби и др незнам), ете толку ниска самодоверба имам. Лицемерни ликови околу мене колку сакаш,една личност постојано сака да манипулира со мене,мисли дека не се примека, а уствари и молчам само за да не стане поголема но ќе дојде ден ќе ми пукни филмот и на мене.
Не ми се работи денеска воопшто. А одложив еден куп обврски неделава "за викендот". И еве го викендот. Ете зошто избегнувам да одложувам што било, а најмалку обврски. Никогаш повеќе, си ветувам
Неколку важни работи што секоја девојка,жена треба да ги знае.. Spoiler: Кајгана,или на око.. http://www.zenasamja.me/zivotnistil/1405/ovih-5-pokreta-samoodbrane-mogu-vam-spasiti-zivot
Ептен тешко ми паѓа кога ќе се насмеам под маска за некој убав гест што ќе го направи другата страна или онака за поздрав и у момент ми текнува дека уствари другата страна не може да види дека сум се насмевнала и дека ништо не е како што беше. Се повеќе ми фали да го гледам целосно лицето на другите. Некако предолго трае се ова. Цела година ваков живот...
На форумов заклучив дека ако некои работи не ти се допаѓаат или си го искажуваш своето мислење спротивно од друг, тогаш одма плукаш, хејташ, оти на некој не му се допаѓа. Друг мора да е во право. Право на слободен говор.
Me накисна дождот, ама убаво ми беше додека шетав по улицата и ќе се смешкав на нешто што ми текнало. Ми велат дека блескам, можеби е вистина.
Драг дневнику, појма неам шо праам и ова ми се баш некои никакви денови. Морам да признаам дека не ми текнува да те испишам коа сум среќна и све ми е потаман. А тоа доволно збори за мене као особа. До следно, да не речам до утре, Гуд најт
Најгласни дека биле обесправени се оние кои всушност не се, додека оние кои навистина се соочиле со тешка неправда, или премолчуваат, или реагираат најтивко. Не знам зошто е тоа така. Изгледа е срамота да бидеш реално обесправен, а не е срамота да лажеш, да глумиш жртва, и од влакно да правиш слон. Лудо време.
Многу ми се чудни некои луѓе, велат дека не веруваат во господ,а кога ќе се најдат во тешка ситуација се молат на господ да им помогне. Па нели не верувате што се молите тогаш? Немам ништо против што не верувате го почитувам тоа, но немој ни кога ви е тешко да се молите на него,бидејќи нели според вас тој не постои.