Најголемиот шљам во Македонија виси на социјални мрежи и останати платформи за меѓусебна комуникација, дефинитивно. Ајт.
Perks од то дека сум порасната на форум е шо сите кризи, ментални и емоционални распади ми ги гледате #live.
Браво животе браво удри ме уште појако удри и така сум навикната од ваквите удари,ќе се зачудев нешто поинако да се десеше.
Толку ветувања си дадов на себе, за 2021 да ја направам поинаква. Еве го Април дојде, јас иста, па и бетер..
Ден слободен. Седам на тереса, сонце ме грее и си кулирам си лименка пиво. Друго не би посакала во моментов. Убаво ми е Момент само за мене. Сите мисли можат да се гонат сега.
Физички сум во мојава соба, психички сум на некој остров и уживам. Среќа фантазиите па не се забранети... Да можев некако да се телепортирам на некоја плажа, само тоа ми треба во моментов...
Доминик ми извадиле муабет дека со тебе нешто ау Луѓе дај бе пораснете еднаш,отупени во минатото пред 100г кога девојка и машко ако бидат видени заедно девојката ја извалкала честа а машкото треба да се упука Но кога ќе слушнам трачови од женско за женско уште шамии им треба на главата за да изгледат како комшиката Донкакоја ги уговарала девојките од нејзиното мало За честа чунки се работи,за доброто на планетава Абе овој твојов и на Фемина бил член,женкариште бил,и тебе те мота Другари како не
Од кај ми потекнува сиов овој бес не знам.. а може и знам ама ај што ќе правам? Ми се бега. Обично секогаш се соочувам со проблемите ама сега само ми се бега. И не се некои проблеми, туку мисли. Што ќе биде, како ќе биде, дали ќе биде,колку ќе биде веќе уморна сум со мислите за иднината. Ај како да ги избегнам овие мисли? Ми се дружи, ми се излегува, а не можам ради пандемијава. Многу нешта ми се сменија и допрва ќе се менуваат, а моментално многу ми треба животот од пред една година. Се беше поедноставно. Не можам да се видам со другарка а после да немам грижа на совест. Ми се меша со луѓе, ми се оди на свирки леле не знаете колку ми се оди на свирки, во гужви... Наместо да си ги уживам годиниве јас секој ден дома размислувам за иднина зошто сегашноста ми е досадна, и нема услови да се случи ама баш ништо. Досадно ми е тоа па тоа и го окупирам мозоков со глупости. Ни серија ни филм ни хоби ни работа не помага. Ми треба промена.
Уживам во дивите работи, Јавувајќи ми се во 3 часот наутро и да ми кажат дека ме чекаат пред мојата врата. Дајте ми зајдисонца во различни градови и патувања по патишта по нечистотија што не се гледаат на мапите. Виски за појадок и ефтини возбудувања за вечера. Дај ми среќа во насмевка и ништо со сигурност, освен начинот на кој се чувствуваме едни на други. Има толку многу живот во живеење додека сте живи и давате апсолутно сè за да го имате сето тоа со вас. Бидејќи пандемијава не затвори, се што ни даде е болка и дупла депресија, ми ги затвори сите патишта на кои се надевав, ми го затвори патот кон оној принц и го изгубив. Изгубив се но се држам барем јас за после ова во иднина да докажам дека после секоја бура има сонце
Најдобар начин да се релаксираш после 2 досадни и стресни денови: 1. Воркаут со кој максимално ќе исфрлиш насобран стрес и негативна енергија 2. Долго туширање 3. Нанеси си млеко за тело со мирис од кокос (или било кој мирис што ти е пријатен) 4. Запали си и свеќа со мирис на кокос 5. Нанеси си и маска за лице со некој убав мирис, на пример мојава со мирис на лаванда ептен ми прија позитивно Се осеќам ко нова.
Кога некој ќе ми кажеш “не си компетентна да зборуваш” е исто ко на куче да му кажеш да не лае. Многу за право си зимаат некој луѓе.
Колку е непремостив ставот и пристапот на ова поднебје за одредени активности и обврски и после една година "ненормално нормално" секојдневие, кога доаѓаш до потврдено сознание со коментар дека работата на далечина од дома ти овозможува дружење со филџанот кафе пред камерата зашто некои поимот сериозност го исклучуваат надвор од институционалната средина. П.С. Не секогаш "дома си е дома" е поистоветување.
Ден среда. Решив да се опуштам, да си посветам малку нега и време на себе. Се осеќам добро. Убаво ми е.
Денес имав разговор со личност која е повозрасна и поискусна од мене.Кога и кажав што студирам се насмевна и ме праша: го сакаш ли тоа што го студираш? Јас и возвратив со насмевка и и кажав да. Таа ми рече дека по моето зборување се забележува љубов и дека имам добри карактеристики од таа струка што веќе ги применувам. Се почуствував толку среќно после разговорот. Мали работи што може да ти го исполнат срцето и направат денот убав.
Покачувањето од 200 денари на минималецот ги скара синдикатите и владата Е овде живееме. Потребни ли се уште зборови за ова?
Се чуствува еуфорија за празнициве Католички Велигден Сите се весели и покрај пандемијата и секој своја корпичка си гледа.