Она кога се осеќаш виновна и незгодно ти е за одредена ситуација, ама не можиш да отвориш тема со личноста оти најверојатно уште повеќе незгодна ќе ја направиш ситуацијата и седиш така враќајќи си сцени и како можеше подруго да биди. Следете ме за повеќе tips and tricks за како да си го замарате мозокот со глупости.
Се' ми е тапа. Одамна не сум била толку мртва одвнатре. Не можам ни да се преправам дека сум океј веќе, мех...
Си направивме романтична вечер со дм,уз вино и пуканки разговарајќи за години наназад и сфативме дека на исто место сме чекале матура и полуматура. Случајно или ... ?
Секогаш сум бил внимателен во однос на мојот приватен простор и сум дистанциран, но, ми доаѓа по пандемијава да одам по улици, да прегрнувам луѓе и да ги прашувам дали нешто им треба. Чувајте се луѓе, оваа статистика е страшна. Издржете.
И така, сосема ненадејно, откако си се откажал од емоционално отворање и зближување со луѓе, ќе наидат прекрасни личности што ќе ги кренат критериумите за вистинско пријателство толку високо за наредните луѓе што можеби ќе ти влезат во животот и ќе направат да заборавиш на секакви отпадоци од луѓе што ти го загадувале животот претходно.
И уште не можам да поверувам, не не и не сакам да прифатам такви животни судбини. Ми се кине срце, ми иде да рикам... Срце ми плаче. Ме фаќа страв,паника.... Го гледам моето дете и помислувам на тоа дете... И ми ѕвони во ушите како ја бара мама, а солзи сами течат... Гушкам дете и ми брише солзи... Уф бе уф...
Луѓе со кои можиш да се смееш додека стомак не те заболи, ама и да водиш длабоки разговори со истите. Незаменливи.
Нема поголема среќа од таа кога гледаш дека вагата иде во минус се повеќе и повеќе. Си го жалам организмот со сите овие стресови шо му ги правам последниве години со ослаби и здебели се али еве ветувам последно ќе е ова. Ќе се уозбилам и ќе се грижам појше за себеси.
Коронава толку психички утепуа, па финансиски. Еден двајца да беа ајде, ама ова сите цел пакет. Ја мислам дека се опраев, и добро е што се опраев за да може да пружим грижа за сите. Налет ова, еден оставаш во болница, таман малу се подопраел го отпуштаа, друг носиш и се молиш да биде добро. Цел товар на мене и мајка ми падна, и среќа у несреќа е добро што пред да се разболеме положив возачка. Хаос е ова што се случува
Еве го и тој датум. Повторно без спиење,повторно удираат сеќавања и нервози. Па,уште со ПМС дупло. Аман,више...
Пред неколку часа сакав да влезам во една кола. Ја отворив вратата, ама поради Х причина не се качив и ја затворив вратата. На само 2 метри од местото се случи собраќајна несреќа.Тоа возило се судри со друго. Сакам да кажам: Фала ти Господе што по 1278 пат ми го спасуваш животот!