Не можам да ги сфатам некои девојки навистина. Во врска се 5 години и раскинуваат, по само 10 дена наоѓа друг и многу го сака, не може без него, душичко, срце... А јас после врска си ги собирам солзите у чаша, не можам да се соберам и сите ми се одбивни.
Поголема парадоксна појава од суеверни верници нема, а со многу такви сум опкружена. И после таквите ќе ти попуваат за верување во Господ, во светците, пеколот и рајот. Што погласно те напаѓаат, толку посмешно делуваат. Најпрво треба човек да се преиспита дали е начисто сам со себе, па после да дроби за другите.
Од животни случувања ги издвојувам моментите со етика лично доверливо за кои чувствувам потреба од осаменост и присетување без јавна изложеност во нечиј фокус. Во прегратката на денешниот датум навидум обичен број е притаен достоен ден за сеќавање. Промените почнуваат некогаш, некаде и со некој...
Денес ми е убав и среќен ден. Некако се чувствувам силно среќно и исполнето иако нема некоја причина. Хехе убаво ми е.
Добар ден, добри вибрации, а не треба многу за тоа туку добра мисла, отворено срце за споделување добри емоции и најважно добри луѓе кои разбираат и враќаат со уште повеќе добри вибрации
Кога сте незадоволни, лути на некого, не го чувајте тоа во себе. Но, ни еден проблем не го решавајте со карање. Прво бидете смирени, а потоа одберете вистински зборови со кои не би го повредиле другиот, туку одберете зборови кои ќе му покажат на другиот како вие се чувствувате, за да наидете на разбирање од другата страна. Користете зборови кои нема да ја разгорат ситуацијата, туку ќе помогнат да се најде заеднички јазик, компромис. Зборови кои ќе го поттикнат другиот да се промени позитивно. И најважно имајте разбирање за другиот, ако сакате и вие да бидете разбрани од него. Ставете се во туѓа кожа, обидете се да погледнете на ситуацијата и со други очи, не само со вашите.
Никогаш нема да ги разберам оние кои осудуваат и плукаат по мајки кои вежбаат и имаат физичка активност во текот на бременоста која им е одобрена од доктор, ама затоа се оправдува на големо она "јади за двајца" во буквална смисла. Им се восхитувам на тие мајки кои можат, смеат и сакаат да вежбаат и да се грижат за своето тело и бременоста не им е изговор сосема да се запостават. Следам некои такви на инста и ми се голема инспирација, а не се помалку мајки од другите. Секое тело е различно и различно реагира на бременост, но воопшто не е себично да се грижиш за своето тело и покрај тоа што имаш обврска и кон друг живот. That's what I aspire to be like.
Споредбите со други деца, високите очекувања и притисок од најблиските дека за нешто конечно ти е време, често создаваат негативни, завидливи личности. Ќе му полнат глава дома на не толку амбициозно дете, за тој и тој талент и гениј за пример - и бидејќи не може да противречи на авторитетот дома, ќе го замрази тоа натпросечното дете, па дури и етикетира и малтретира. Ќе потпорасне тинејџер накај матура, сите околу него ќе го прашуваат и буцкаат „кога женска хехе“, па сите во врска ќе му се кринџи. Понатаму ќе продолжат уште понападно и за свадба, деца... па ќе го иритираат секакви слики од запросувања, бебе итн. Не велам дека е секогаш со причина, ниту пак оправдување... но во многу случаи корените лежат во ваквото потфрлување на повозрасните.
И така денес попладнето седнав пред телевизор, после долго време, like the good old days, кога уживав во серија или емисија. Седнав да си ги пуштам овците на пасење, а со надеж и да се задржат малку на прошетката И што ќе гледам така brain-free, пуштив на TLC, баш ги затеков American gypsies Дојде ред да се женат, свадба се спрема, фустан од хартии безброј, младоженецот од костим облекол панталони и елек, ама без кошула, гол Таа се викала Нуки, он Пуки Малку ли е да кажам дека ми го направија денот Сето ми изгледаше како некоја пародија на Каменковци, ама си го живеат животот еј, секој во својата серија. И така, да го имав малку нивниот мозок, да одморам, да се посмеам, а не овој наш живот
Морала да му се потчинува на мажот.Морала да му готви и да го пере. Морал да наредува.Морал да се излежува. Балкан си е Балкан,нема што!
"Најмладиот граѓанин кој остварил приход над 1.000.000 денари во 2017-та година бил на возраст од 15 години, додека во групата на остварени приходи над 10.000.000 денари, најмладиот граѓанин имал 20 години" And what did you do today? Јас ги догледав Пуки и Нуки и ако ми е
Па и не е лесно да гледаш како се посреќни без тебе, кога те нема меѓу нив, на сликите, при доживувањето на спомените. И општо секогаш. Кога после толку многу години може да те шутне некој како никогаш да не си му бил битен и око да не му трепне. Ама што можам? Ништо.
Кога сум во ПМС не можам да бидам cute. Не знам што очекуваат луѓево. Ако во други денови им враќам 10 пати потешко на оние кои ме повредиле,во ПМС денови им враќам и 1000 пати потешко.Кога си го бараат,си го добиваат.