Смејте се вие на наградните игри, зезајте ме што играм, ама кога добивам нешто убаво и вредно не ви е баш смешно Со здравје да си ги служам клуб масата и фигарото и уште многуте за вас "ситници".
Колку помалку сакам да сонувам, толку повеќе сонувам разни глупости деновиве се изнасонував за цел живот, барем да беа некои вредни соништа
Вчера симпатијата ми рече да пазам да не се самоубијам на неќење ( ради нешто шо праев). Му реков дека нема да биди на неќење КО ќе се самоубијам. Онака хуморот ми е лош, менталната состојба уште полоша. Honey, what do you see in me? And how do you cope? Најчудното и најнезгодното смеење ми го даде на ова. Кузнај шо дијагнози му се вртат низ гла, како психолог де. Мож зато не пушта, интересен случај сум.
Писмо до првиот другар кој се самоуби Драг Ф, би сакал да можам да кажам дека не те разбирам зошто се самоуби. Би сакал да мислам дека е тоа себичен чин, би сакал да можев да те убедувам дека има смисла да се продолжи животот. (Не, не знаев дека ќе се самоубиеш, немав прилика да те лажам и да ти кажам дека може ќе биде подобро, поинаку. Ти беше човек кој живееше во своите строги принципи, дури и ригидно се водеше по своето. А, не знам, со животот често играме со картите кои ни се дадени, често наспроти себе, често наспроти сите. Отсекогаш знаев дека или нема да се снајдеш во ваков свет или ќе се откажеше од своите принципи. Знаев дека си многу тврдоглав да го живееш животот по животните правила. Си отиде пред година, месец и 7 дена. Правевме муабет за последен пат пред две години, месец и неколку дена. Требаше да ти донесам глупав подарок од таму каде што студирав, а јас себичен каков што сум, мислев дека нема да ми стигнат пари за себе. И не се видовме после тоа, ниту зборевме. Не знам што би ти кажел да знаев дека сакаш да го направиш тоа што го направи, не знам. Би сакал да не те разбирам, ама за жал, те разбирам. Би сакал да можам да те обвинам, ама ни тоа не можам. Не знам дали има нешто после смртта, јас лично, би сакал да нема, ама можеби, најде нешто што го немаше тука, меѓу нас, бедните. Ќе споделам една песна, знам дека и ти ја сакаше. Ljudi uvek trube da samo slabi dizu ruke od sebe i samo sebicni dizu ruku na sebe Al’ to nije bas uvek tako i nekad nije to uopste poneko resi da ode bas zato sto voli svoje Tako slepo, odano vise od sopstvene koze kada shvati da menja se u drugo, u lose. Беше добар човек. Жал ми е што не побара помош. Поздрав.
Решена сум периодов и во иднина да игнорирам се што е негативно. Доста бев Мајка Тереза кога на крајот пак не чиниш. Ќе звучи себично ама ќе почнам да гледам само за себе и за најблиските. Така е најубаво.
7-ми април, Светски ден на здравјето Да се грижиме за своето здравје и да го заштитиме колективното. Најпознатата и најчесто употребувана фраза, "здравјето е пред се' ", нека биде над суетата и себичноста. Големината на човекот е во делата.
Најтешко е кога не можеш да се избориш против сопствените механизми на отпор. Борбата буквално се сведува на егото кое е исто како дете. Штом му речеш - НЕ, и ставиш во ќош под казна, тоа ќе поседи 30 минути таму, и при првата прилика, само што си се свртел ќе направи белја. Поентата ми е дека детето (егото), мора да се наградува. Да се подлаже со мали количини задоволства. Секој брз и ригиден пресек на нешто не е на арно. А, и баш од тоа што сите сѐ сакаме брзо и веднаш си патиме.
Додека вежбав ,музика во позадина на Јутубми се пушти една песна. Рано,касно до 20:00 дома да си А ти dominik легнувај зошто сабајле ќе биде рано је уште 5минути,да поспијамза нове работне планове
Интуиција ли се нарекува. Искуство ли се нарекува. Не знам. Ама се радувам што на време "чувствувам" кога нештото не во ред и не е за мене и набрзо тоа се потврдува. Спасена сум од разочарувања.
Собирав сила за да не ми е битно, но откако се случи пак не ми е сеедно. Другите можам да ги лажам ама себеси тешко. Во моментов најмногу сакам да ми е сеедно, ама нема, не е тоа на копче па само да притисниш и да се уклучи сеедното. Колку полесно ќе беше да беше стварно така...
Главава ми е во тотален хаос, се чувствувам како да сум качена на некоја вртелешка, се околу мене се врти. Корона, вакцини, незвесност, сеење страв, полагање, испити, семејни проблеми. Како да се испадне од овој хаос јас не знам.
Денес помина попот кај мене дома и во живот не сум била понапиздена дека чоек шо оди од куќа во куќа влезе кај мене. Татко ми наводно за мене му е оти само јас не сум официјално помината од роната, ама очигледно не му е ако вака лесно жртвува здравје. Ок мислев дека ми помина напизденоста. Не ми помина.
Уште малку ќе почнат и воздухот да ни го наплаќаат во вукојебинава за која сите во гради се чукаме колку ја сакаме, и прсти кршиме на тастатура да ја одбраниме, а од друга страна кој ќе стигне не подјебава во здрав мозок а ние колективно и сложно молчиме Цените на прехранбените продукти вртоглаво растат, приватните клиники за да те излечат, треба да им дадеш пари за половина стан, додека платите во место стојат, важно е што се друго оди нагоре... #АјдеМожетеУштеПовеќе#УштеПодобро
Бараат правда и излегуваат на протести, а не сакаат да зборуваат Македонски, во Македонија. И ај не речи племе.