Не ми е јасно зошто некои членови се плашат да го пишат своето мислење па во приватни пораки си коментираат... Ми се случи со некои теми што ги отворив и со надополнување на некои мои коментари да ми пратат пораки со нивно лично мислење а истото можат и требаат да го пишат во темата..
Oн сакал кротка, нежна и скромна домаќинка. Добро бре абдал, му викам - Колку години имаш ти? Па, се увреди. Мислам, со 43 години да инсистираш на млада мајчица ми е ван памет. Зошто критериумите му се баш сведени на таков тип жени. Ама он сакал семејство, плодност, а уз тоа и лепота. Да личела на Ана Николиќ од новиот спот бе. Ама ама.. Значи братко, како да ти кажам?! Пола Македонски цури ги сврте со одредени последици и уште не ти дојде памет. Либерте сум до срж жими двеве очи, ама ти избор веќе немаш. Знаеш - ти кажав. Кратово, Кривогаштани и Прилеп само ти останаа од градови каде не си го брцнал. А, таму лепотица со менталитет на златна кокошка мало морген. Како и низ цела Македонија уствари, пошто сите ти дадоа нога. Маживе некад... Ај да не дужам.
Ми велеа, лошо е човек кога го мине времето сам, станува осамен. А, јас им велев, полошо е човек кога не е сам, а се чувствува осамено.
Се вратив да кажам: Недај Боже Ни родената мајка нема да ги познае ваквите како Никса Зизу. Секој мускул им е навежбан ама носот како јајце им пука. Затоа девојки нема сигурно поради вакви да облекувате чинтијани. Сепак отварајте очи со каков цреп си имате работа. П.с И тука што бараат девојкиве за некој цреп да ги вознемирува. И надвор од форумов треба луѓе како RainBow некој што ќе ги банира во ќорка. Фала многу пријатно.
Луѓето кои копираат туѓо однесување и сосила се прават саркастични, јаки и дрски ми се многу глупи и смешни , просто безвезални. Видела кокошката дека коњот го потковале, па дигнала ногата.
Во последно време и немам баш нешто што да напишам. Почнав да ја сакам тишината само многу, и тоа да седам сама..Толку
И прочитав нешто што никогаш не мислев дека ќе го добијам, и еве секој ден си ја препрочитувам пораката, е до толку не ми се верува. Не е ништо лошо, баш напротив, нешто многу убаво. Воопшто не ми беше проблем ко од пушка да возвратам со иста мера. Само се обидувам да не го расипам, да го зачувам како вакво... Ама морам да признаам дека ми продре длабоко во потсвеста. Океј Амели не преувеличувај, нормално е.