Со другарка ми цел ден муабетот ни е "уф, под стрес сум, се изморив некако ментално денеска", "исто и јас, само да помине и ова, па ќе се релаксираме ај". Колоквиумски синдром пуштен на најјако.
Најтешката работа што ја направив периодот е што намалив со нескафе и почнав да го заменувам со зелен чај пошо си ветив дека ќе се придружувам до нови правила и поздрав начин на живот. Се осеќам ко зависник што се откажува од кафе и благо.
Не ми се верува дека чекав толку време за да научам што е всушност нормално пријателство. Да имаш некој секогаш блиску до тебе без разлика на тоа што не живеете физички блиску. Да знае како на убав начин да ти ,,залепи" шамар кога ти треба освестување за нешто и кога претеруваш со анализирање на работите, да ти објасни најобјективно како стојат работите оти не си во состојба да мислиш и оставиш да те води разумот, а не гневот/анксиозноста/стравот/несигурноста, наместо да ја искористи состојбата кога си ранлив и да те турка надолу уште повеќе. Да можеш за апсолутно сѐ и сешто да зборуваш, дури и чувствителни теми, без да се плашиш дали некој ќе помисли нешто чудно за тебе, те прифаќа во целост каков што си. Личност што памти ситници за тебе, работи што не си ни помислил дека некој би ги запамтил. Сродна душа во форма на пријател. И секому ќе му посакам нешто вакво да доживее. Само едно би посакала: да можевме многу, многу порано да се запознаеме.
Знаев дека ќе биде тешко за наоѓање работа ама па не претпоставував дека е волку тешко. Нема.. Никој не дава шанса без искуство... И плус со пандемијава уште полошо и потешко е.
Женско: Сите машки се исти. Те гледаат само за секс,за друго ништо Машко: Сите женски се исти. К***и Првиве: Излезени од лоша врска,разочарани од последните неколку партнери,лоши искуства со машки, гледаат со омраза кон спротивниот пол. Нема машки очигледно е А додека вториве од мојот пол: Неможат девојка да фатат. Мислат дека сите девојки трчаат по пари,коли,мотори. Јас добриот зошто сум последен. Неможат да живеат со својата погазена гордост дека некоја девојка им стегнала корпа. И ферари да добиеш пак торко ќе останеш Брат онаа девојка што си се фатил е тешка к***да знаеш само Отворено и кажуваш за добиениот коментар од некоја личност,зошто нема потреба да криеш и подобро е да знае. Девојката: Да к***сум дека му стегнав корпа Додека трчаше како маче по мене не бев И мора коментаторот уште еден шамар да добие за да не оди на една страна П.с @Dominik е лош,а јас добар и пак него го сака. Очигледно е дека сака лоши момци Сега некое женско со ограничење ќе рече: Спојлер: Цитирам Дошол овој да боцне некое мевце
После некое време не можеш да се одлучиш дали недостигот на жената или потребата за цигара и така натаму дали е ноќ или ден и одненадеж знаеш времето се облекуваш си одиш дома се разведруваш се жениш. (слободен препев на песна од Леонард Коен). Иронично е тоа што ден откако ти пишав, ми стигна книга со наслов книга за недостигот. Универзумот е сјебан, не? Претпоставувам, сите сме нешто повеќе од тоа што можеме да го покажеме кога сме во контакт со други луѓе. Знам дека сме, не претпоставувам. Знам, го видов тоа во тебе, барем како мали процепи светлина кои мораше да ги покриеш со темнина.
Ме гуши помислата на многу луѓе и врева околу мене, сакам да сум сама. Од друга страна пак, потребно ми е нивното присуство за да не се чувствувам осамено и празно. Е ај сега
Отепан сум, гладен сум многу, но ме мрзи да џвакам. Размислувам да ставам пилешко и компири во нутрибулет.
Колку ме релаксира чистењево, не ми е јасно зошто така. Уживам да ја чистам собава, да го пребришам секое ќоше и да наместам се да биде перфекционистички симетрично на полиците.
Сите се поклонуваат на Верче за донираните органи. Јас мислам треба да се поклонат на семејството што ја донело одлуката за донирање на срцето и бубрезите на девојчето.