Се потрудив да си дадам волја на самата себе во животот, и да си помогнам да искочам од овој хаос скапан што го имав. Се осекав дека не можам више вака, решив самата да почнам од негде. Решив да најдам работа, решив да заработам свои пари, да застанам на своја нога конечно. Драго ми е што го направив првиот чекор сама, и јас се надевам дека ке успеам во ова, сега самата си ја посакувам да ја најдам таа работа, и ке дадам све од себе да ја најдам, со верба во господ. Верувам дека овој пат ке успеам, тоа ми е најголемата желба во животот. И ке бидам нај срекна ако ја најдам само молам бога да најдам.
Пред малку го отворив прозорот од собата да влези воздух малку, и непланирано си продолжив да стојам тука. Овој период април-мај сум забележала има една птица што си пее и денски и навечер, баш токму таа птица ја заслушав. Црцорењето нејзино ме потсеќа на пролет, природа, сонце, месец мај, цвеќиња, нова надеж. Толку беше тивко што се слушаше само таа и лаење на кучиња во далечината. Погледнав и кон полу-ведрото небо, веднаш забележав некои соѕвездија бидејќи добар поглед има од тука и е доволно темно. Сето ова ми донесе некој внатешен мир што одамна не сум го почувствувала. Само стоев, гледав и слушав, не ми беше ни ладно. Посакувам повеќе вакви моменти и подолго да траат.
Не морам да се смеам, радувам, и бидам срекна. Доволно ми е само да бидам добро, и да искочам од све ова.
Ми велат: " Вие младите немате никаков почит кон постари. " , а јас им враќам: " Почит треба да се има само кон тие што заслужиле, ни постари, ни помлади."
Човекот претрча на пешачки,кучето седнато чекаше да се уклучи зеленото светло за пешаци. Кога се уклучи,стана и си помина. Многу треба да учиме од животните.
Сакам да си фатам женска со бујна веѓа и уште побуен брк ала Делчев, недепилирана, небричена, со долги мишкини влакна од кој произлегува јак и остар мирис на "лаванда"!
Читам љубовен роман до 6 сабајле место конечно да одморам очи после учење за колоквиумска и после се жалам диоптерот ми е премногу покачен, очите ми се заморени, леле ослепев скроз и блабла. Јас не познавам друг човек што толку се самоуништува ко јас себеси. Ама ајде барем книгата беше одлична, вредеше жртвата на мојот вид.
Слушам спротиставени мислења за самодовербата од личности кои многу ги почитувам пред се поради нивниот начин на работа и нивните вредности за животот. Една вели за да имаме самодоверба мора да постои нешто за што да ја имаме (изглед) или мора да постигнеме нешто (успех во било кое поле во животот) за да ја имаме. Другиот вели самодовербата ја имаме или немаме независно од тоа какви сме и што сме постигнале. Кога ќе размислам логични се и двете работи. Ако јас во нешто успеам ќе си докажам дека можам/знам и ќе верувам во себе. Исто така без оглед на тоа што правам, како изгледам јас морам да верувам во себе за да сама си го олеснам секојдневниот живот. Имам самодоверба, работев на тоа и имам голем напредок затоа што е ужасно тешко да се живее без верување во себе бидејќи што и да правиш дента се е отежнато кога не веруваш дека можеш па и за најмали и најбанални работи. Сепак, мое мислење е дека многу работи не зависат од нас на пример како физичкиот изглед и тоа треба да го прифатиме. Залудно е неприфаќањето и не се постигнува ништо со тоа.
Ако има галама волкот не го напаѓа пленот. Ја витка опашката од страв и бега. Со голема галама волците под нашево поднебје ќе подразмислат пред да го нападнат пленот. Ако нема галама,тој секогаш ќе си наоѓа по некоја жртва. Жртвата може да биде секој. Според нечиво размислување. Пленот провоцирал,затоа бил нападнат од волкот
Обично ги подржувам петициите и ги потпишувам,но мислам дека овој пат е претерано себично да се бара петиција за приоритетна вакцинација на доилките.
Денес разбрав дека муслиманите многу повеќе си ја ценат нивната религија отколку ние христијаните нашата.
Тоа што сте гласни во група, не значи дека сте мнозинство, и тоа што сте ревносни, не значи дека сте во право. Значи дека си немате попаметна работа, што не е изненадување.
Денес кога се возев низ центар од бус видов еден пар. На семафор девојчево на сувозачко си каснува нешто, па го рани и љубениот, си продужија напред по патот. Заедно во свој розев свет. Прекјут беа, дури и росеше и целото беше романтиик. Сакам така кога ќе пораснам. И не колата не лускуз, година ипол ете и две, стегаш зуби додека положиш купиш и после си пичиш оака низ цел свет. И да регистрацијата беше СТ, ваљда струмичка. Поздрав струмичани, останете си засекогаш така заљубени..