Она кога те мачи нешто што не би требало да те мачи и што повеќето би ти рекле џабе се замараш со глупости, ама тебе сепак те мачи и не знаеш како да направиш да не те мачи. Исто така имаш и неколку пати зборувано за тоа и не сакаш да замараш други луѓе повторно па само си збираш во себе... Спојлер Take a shot for every time I said "мачи". At this point сѐ би направила да се ослободам од оваа претерана чувствителност и едноставно да си чилам и не се замарам, ама како???!!
Да е здрав и жив интернетот. Да е здрав и жив и форумов. Да не беше, не знам како ќе ја терав депресијава додека сум во самоизолација поради нејзе. Сите овие изнапишани постови се всушност Јас, во услови кога немам ограничувања заради болест.
Сакам да го поздравам возачот на црвено пежо 104 што сврте семафорите на булевар Србија за накај Драчево дека нареден пат кога ќе ми го попречи патот како да е крал на улициве, во истиот момент ќе дадам гас и ќе застанам пред очи,ќе викнам полиција и ич око нема да ми трепне. Да ми се курчиш на улица и притоа да ми влетуваш во лента, те имам на камера фатено. Ич нема да ми трепне кој си и што си. Бремена жена имаш у кола,а ти се курчиш. Што ако не те видев дебилу низаеден.
Иначе стално кога се ближат празници нафурана сум. Зашо мора на празник да ми се јавиш да ме прашаш како сум, зашо само тој ден те "интересира" за животов мој. Како тој ден ти текнува дека постојам? Зашо на обичен ден не ме побараш да ми посветиш мало внимание, да ме насмееш, убав збор муабет да оставиш? А најјаки ми се оние шо не бираат ни празник ни делник за да ти го расипат денот. А за родендени да не зборам. Па тоа едно улижавање, па тоа едно не пазење шо зборат. Почнав да мразам луѓе, боље да сум сама у 4 ѕида него со манипулатори, лажговци. Незнам..
Конечно станав порано дома и пред сите други дома и се чудат што сум станала толку рано, а не спијам до 1-2 попладне. Татко ми: Епа не е секој ден Велигден, еднаш годишно и се дешава вака рано да стане.
Секој ден се повеќе сум среќна на мали моменти, но многу битни. Денеска се фатив сама себе си кај шо ми избива насмевка набљудувајќи ја фамилијата заедно, здрави и живи
До кога луѓето што се сметаат себеси за (по)паметни ќе пропагираат супериорност преку стекнатото знаење или субјективната проценка дека знаат што е најправилно и откриле нешто посебно тајно (на граница или дури и во област на теорија на заговор)? Што се случи со она: сега знам толку многу за реалноста да ме тресне и „понизно" да прифатам дека во суштина ништо не знам? И дали доколку не си дојден до тој степен на размислување е всушност знак дека сепак не си толку паметен и преполн со знаење како што мислиш? Во свет во кој небулозите и „фактите" се движат со брзина на светлината, неопходни се „борци" за разбивање на митови. Но дали тоа мора да биде на ваков арогантен начин со доза на надреденост? Додека игнорантната ароганција и себевозвишување се бескрајно иритирачки и вадат од такт, дали тактиката „око за око, заб за заб" е најдобра? Мислам дека вистинската промена не доаѓа со арогантен, туку благ, понеутрален пристап при несогласувања, затоа што тешко да убедиш некого во нешто ако го нервираш или (ин)директно навредуваш. Всушност, мислам дека втората главна причина (покрај лошата едукација) за постоењето на луѓе кои не веруваат во објективни факти, туку теории на заговор е токму овој однос од страна на експерти и луѓе што се замислуваат доволно добри колку експерти. Плус, таков его трип (кој е само тоа - лична сатисфакција за себевозвишување и/или (не)намерно барање на потврдување од околината - штом не може да предизвика реална промена) повеќе кажува за твојот карактер отколку за туѓиот. Паметни луѓе, сакам да учам од вас и да ве имам за пријатели, но не по цена да го толерирам вашето себевеличење. А за жал, тешко е човек да ве најде неколку вас што сте спуштени на земја.
Како ли се преживуваат тешки животни периоди... Како кога сам се бориш без ничија поддршка кога ти е најпотребна. Како?!
Некои луѓе се толку смешни со своите морални продики, мислат дека се урнек за зрелост и пример за останатите, а објективно, можеш толку мани да им најдеш, што треба да си глуп да сакаш да бидеш како нив. Смешни.
Се прават сезнајковци,а не знаат некои работи. И Гугл ги нема сите одговори,бре! Им укажуваш дека грешат,ама они пак тераат по нивно.А,не се свесни колкави лаги се нивните вистини.Или се,ама не им одговара да признаат дека другите се во право. Нема напредок со такви.
Застранивме од патот тогаш кога поштеноста почна да се поистоветува со наивност, а преварата да се воспева.
Мислам дека имам застој во развојна фаза. cuz ya bitch почна да паничи со секој кој ќе се постави сериозно и романтично кон неа и активно ги турка таквите за да не се врзи. I am the bitch. Hi.
Апчињата не помагаат, кавгите се продлабочуваат не гледам смисла повеќе да живеам. Не гледам просперитет.Ќе испијам шака апчиња па што биде