Сите мислите дека на нас од дијаспората ни е убаво,ништо не ни фали а не разбирате дека дел од срцето ни се кине кога ќе се разделите од семејството, кога ќе се гледате само електронски, не можеш да ги допреш,ни гушнеш и секој пат е потешко, и потешко. И секој пат си викаш “ајде се ќе е добро”,”ќе дојдеш пак” и само што ќе слеташ си гледаш карти за назад.
Слабеењево ме учи на дисциплина, редовност, трпение и многу упорност и издржливост. Им се восхитувам на луѓе што слабееле преку 50-60кг, па и повеќе, навистина е процес што бара многу посветеност и работа, опфаќа долг период, борба со себе буквално. Ме чека уште многу работа во наредниве месеци ама многу ме прави среќна секоја минимална позитивна промена и напредок и се повеќе сум измотивирана и задоволна од себеси.
Сакам да кажам дека денес имав паничен на сред предавање и до крај на ден не можев да се концентрирам на материјалот со сите играчки шо ги имам. И боев. Сега фокусот е на екра-- не поќе. Боички. У црвената. Бо колку е јако мандала обоена. И така после предавање трк в продавница по нова играчка шо ќе ми поможи да вадам лошото на неа. И не ја најдов. Поразочарана за играчка не сум била во животот. Ај утре мож нов ден. Можи нема да треба. Ама ме искина желудникот така да во најмала рака од то ќе ми треба да тргнам фокус.
Не за џабе се вели дека книгата е најдобар пријател на човекот. Си ја одбираш сам, ја читаш, се соживуваш со ликовите, размислуваш, добиваш одговори... Ти станува јасно зошто твоите т.н. "пријатели" не ни знаат дека месец дена си на боледување, дека всушност веќе години наназад и не комуницирате, ниту пак се гледате како порано. Живот... една врата се затвара, но друга веќе не чека широко отворена. Подобро да читам книги, отколку да губам време со лажни пријатели.
ДНевник на Трагач по надеж. Еве трет ден како конечно се решив да ставам крај.Дали ке е вистински времето ке покаже. Не ми е сеедно, ке излажам ако кажам дека ми е.Сепак се слушавме секој ден.Ама дали ми недостасуваш? Морав да те тргнам од сите социјални мрежи.Како поинаку да се дистанцирам? Мислам дека нема нешто посебно што ке ми фали.Можеби разговорот за книги...ама па пред тебе да те сретнам немав никој да разговарам на таа тема.Сексот ке го прескокнам може некој да ми го најде дневников па да ни се изнасмее.Не не,не од тоа колку бевме ненаситни..туку колку не те палев повеке.Сексот ке го оставиме за друг ден. 10 мај 2021
Од слатки маки ги издвојувам тие дали да букираме одмор од 20ти јули или од 1 август за на сите да им одговара терминот за одмор. Ми фалело ова дефинитивно.
Она кога си во летно расположение за одмор и чилање, а постојано ти стигаат известувања за обврски шо те чекаат у наредниов период:
Overthinking често се јавува заради недостиг на информации за нешто или некого и неможност да се добијат (во моментот), но никој не зборува за тоа. Ама битно да се кажи дека е беспотребно замарање на мозокот.
Не разбирам како одредени луѓе сметаат дека (нај)силен аргумент во дискусија е цитирање Библија, Куран или која било света книга. Толку ли не знаат да размислуваат со своја глава, па мора да се повикуваат на цитати во секоја ваква расправа? Со такви воопшто и не сакам да почнам дискусија.
Боли....боли чувството кога не припаѓаш никаде, кога никој не те прашува дали си добро....само те критикуваат, омаловажуваат и прават да се чувствуваш дека не вредиш...
Ми доаѓа да му платам на некој само за да ме киднапира и бар раат да сум. Зошто си ме мајко родилаааа.
Кога туѓ проблем станува и мој проблем подобро е да се повлечам, енергијата која ја трошев на неблагодарни да ја насочев сакајќи се себеси немаше да има последици кон моето здравје. Ширете негативни вибрации на друга адреса.
Не сум тип кој обожава да зборува многу на мобилен. Па посебно од сабајле кога звони само, па и во викенд
Срце ми се кине за појасот Газа. Вие кои ме читате подолго знаете дека не сум поддржувач на Исламот од етички причини, поради загрозените женски и човекови права, ама ќе лажам ако речам дека не ме дирна призорот од мртви и повредени. Да, океј. 70 години војуваат на фронт со кратки периоди на примирја. Им ја знаеме историјата за Ерусалим. Јасно е дека ниту едните ниту другите не се цвеќе за мирисање. Ама бива ли да напаѓаш стратешки, агресивно и од заседа далеку посиромашно население од тебе? Што се виновни жителите на појасот Газа за политичките несогласувања? Немаат ни сили да вратат. Од друга страна па... Од 2017 година ми е сон да одам во Тел Авив. Сега кога гледам дека градот може да се претвори во прав и пепел - налик Вавилон, душа ми се пара што во поубави времиња не заминав да се изжуркам под залезот за последен пат. Светот оди по ѓаволите секој ден и знам дека и мене и вас сѐ помалку ни се живее. Ви гледам во очите секој ден. Под маските од олово ви пишува дека едвај дишете. Тешко е, стварно. Сѐ си мислам дали еден ден ќе се разбудиме во некој поубав свет? Свет во којшто нема да боли.
Не знам дали постои по "селф - деструктивна" навика од учење во 00-5/6ч сабајле ама навечер толкава концентрација и енергија имам за учење, вежбање и се што денски ме мрзи да го правам што некогаш си викам да не сум вампир, а не човек.