Одете гушнете ги сите што ги сакате. Сега, одма. Понекогаш животот не ни ја дава шансата наречена "утре". Криво ми е што морав ова да го разберам на потешкиот начин. Кога ќе дојдеш до ситуација да се молиш за некој само да остане жив и здрав, сфаќаш колку е животов непредвидлив и колку се си земаме здраво за готово и се потпираме на она "утре". Посакувам да можев во овие моменти барем да сум оптимистична, ама не можам а да не се прашувам дали можеби можев досега да бидам подобра со него, дали би можела да сменам нешто, можеби ќе беше посреќен ако не бев до олку затворена во себе и да му кажував се што ми се случува, можеби ќе беше посреќен ако сменев нешто и не сум она што сум. Иако никогаш не сме имале преблизок татко - ќерка однос, можеби по некоја прегратка ќе го усреќеше. Иста како онаа кога се врати од болница и конечно после толку молитви и пролеани солзи, го видов здрав и жив дома. Го мразам фактот што треба да се деси нешто такво за да сфатам дека се што навистина ми треба и ми вреди во животов е да можам да го прегрнувам така. И него, и сите останати. Сум проживеала премногу тешки работи, но мислам дека нема нешто потешко од тоа да се молиш за само уште еден ден со некого, за само уште малце време и да си ветуваш дека ќе го цениш тоа време многу повеќе. Џабе се сите пролеани солзи одпосле. Ценете ги сите што ги имате додека се тука.
Одамна не сум се осеќала вака слабо и скршено. Еден збор може да ме навреди, ситници знаат да ме расплачат, ме нервира апсолутно се’. Остатокот од времето се нервирам зошто се нервирам. И не, не е пмс во прашање. Во прашање е животов мој, одлуките кои треба да ги донесам, луѓето кои зависат од мене, правецот што треба да го одберам. А не знам како и што. Да може некој да ми ѕирне две-три години однапред во животов, да се разјасни сликава, да ми се скратат макиве, би била благодарна до небо..
Промените имаат двострана реперкусија. Откако човек ќе се срони на парчиња повторното составување остава длабоко видлива трага. Уништениот дел е реска во душата што пече и боли.
да не врни утре и во понеделник од вторник ако сака и нека се истури од врнење, послушај ме бар еднаш божее, важен ден ми е понеделник
На денешно време срамота е да бидеш жена - домаќинка, да средуваш, да готвиш, да сакаш да им угодиш на домашните. Денес, жените што сакаат да се средат, да шетаат, да си купуваат се за нив, да одат сами на кафе се најдобри. Останатите - смотани и глупави домаќинки. И не би сметало се додека секој си работи она што сака. Ама кога некој те гледа со презир дека ти не шеташ, не си купуваш шминки, не одиш на кафе секој втор ден, е тогаш е нервозно и болно. Ама ете, секој со судбината и секој со среќата. Само внимавајте, тркалото се врти, не се потсмевајте на никој..
Случајно вчера седиме и братучедка ми со мало дете била на лекар нешто во врска со исхраната на детето, докторката и рекла да му дава да јаде месо, да му прави супа со месо и ок, се ми стана јасно од две минути разговор, ако некогаш имам дете никогаш нема да го учам да јаде лешеви од мртви животни.
Рани куче да те лае било. Море,не било и не е.Илјада кучиња да собереш,нема да најдеш толку злоба колку што има во еден човек.
Зошто луѓето се вреѓаат кога ќе им кажеш не како да е задолжително да им завршиш работа. Без осет, па и во недела вечер уште. Не знам зашо уште се нервирам па за вакви.
Кога ќе слушнам дека во некоја од темите ГОРИ јас само ќе влезам,ќе пишам нешто и ќе оставам да ГОРИ уште, низ прозор гледам кој гори и колку гори. После ќе дојде модератор и ќе го изгаси оганот.
"Ѕвонете на службениот број" Bitch, ако сакав да ѕвонам, одма ќе заѕвонев. Немаше да се замарам да пишувам на опцијата што сте ја ставиле. Оф, маки.
Цело време ми излегуваат некои непланирани трошоци, постојано, па уште фалеше мобилниот да ми цркни....браво за мене!
Смачено ми е веќе од муабетите на мажениве и мажениве со деца како се најпаметни, се они знаат, за секој проблем они имаат решение, за брачни проблеми они се најпаметни, за деца они се најдобро знаат, ама не само од тие области, значи од секоја област они се тие најпаметните се што знаат и никако не прескокнуваат да спомнат (ама така малце божем наивно) како немажениве појма си немаат од што е тоа брак, како се чуваат деца, сиротки за жалење, кај немажени па и совети ќе делите. Да ги запалите немажените на клада, сите до една може полесно ќе ви биде, па ќе се тешите една со друга како не е лесно да си во брак. Разочарана сум од размислувањата на поедини членови на форумов, божем женски форум, кој е залага сите да сме еднакви, да имаме еднакви прави, сите да сме вредни. И не дека мене лично ме засега ова, само кое лицемерие човече.
Мене ми е мачно кога ќе видам како некои само негативна енергија шират, а тие самите со себе што се постојано, како ли се поднесуваат.