Добро,бре луѓе,како не ви е срам? Ако сакате да се труете со цигари,слободно труете се,ама не ги труете другите околу вас. На некои луѓе им сметаат цигари.Можете да ги убиете со димот. Мислете малку!
Оние огромните шноли шо сеа се носат разберете не одговараат со секоја комбинација и со секоја фризура. Најчесто смешно е.
Излегувам прееска од факултет со колешка и на широкиот простор зеленило пред влезот, една девојка сама си седнала скроз релаксирано со слушалки - на трева, на сред височинка, додека цело време се движат луѓе непосредно тука. Колешкава се загледа и изначуди цела, а јас откако по нејзината реакција ја приметив, само си реков полугласно и сосема искрено без сарказам "that's the *no fucks given* level I aspire to reach". ...Повеќето очекуваат да сакаш да имаш деца, инаку автоматски ти фали инстинкт и емоции. Кога на сингл личност се додворува некој, а таа чувствува дека не е подготвена или не е тоа тоа - многумина одбиваат со лага дека се зафатени, пошто тоа се гледа како единствена релевантна причина. И еве и ова најсекојдневното и површно - сè уште се смета за чудно да се излезе и седне сам/а, а за дружење мора да имаш некој изговор да одбиеш, пример да имаш некоја работа или скраја да е физички да не ти е најдобро. Општеството ни наметнува дека цело време во животот ти фали некој или некоја улога, зафатеност... и ако тоа не е случајот - да се чувствуваш awkward, да треба да измислуваш изговори. Едно обично и нормално „не сакам/не ми се прави тоа и тоа, не ми се оди таму и таму“ те прават фрик, намќор, неодговорен, мрзлив можеби. Не се почитува желбата, расположението на поединецот, потребата од време сам/а со себе. Човекот е социјално и семејно суштество по дефиниции, но единствената личност со која мора да е 24/7 и цел живот - е самиот тој, и сопствените мисли.
Страшно е тоа што има 'луѓе' што се ситат на туѓа болка. Страшно и алармантно е. Ама за жал дупло се враќа. А не се свесни.
Искушенијата се големи,дали ке ги совладам? Се прашувам подолго време,знам дека ке ги совладам,но ми треба поголемо трпение,ми фалат нерви.
Ми нема ништо понекултурно, посељачко и попросто кога некој ќе рече -напумпана- за бремена жена. Посебно кога постара личност ќе употреби таков збор за млада бремена девојка. Добро, што ви е? Таа носи нов живот во неа, а вие коментирате како да е некаков предмет. Напумпана
Требало малку да се “ангажирам„ во превод средам за мојот изглед. Искрено си се носам онака како што се чувствувам јас тоа што сум, а и она што ми е најудобно. Знам изгледам како да имам 13 години, демек не треба да се носам “детско“ иако изгледам така. Ама ете оваа година си почнав да си ги носам “дуксерите“, се вратив во средно кога бев, старки и фармерчиња. Ич не ми е гајле дали на некого му изгледам грдо или убаво. Знам дека во прва на факултет, ај бруцош почнав да носам кошули такви работи, тро да се средам. А, да купување пудра за мене е посебна наука. Секоја чест на сите што обожаваат шопинг. Јас еднаш излегувам и неколку бутици ако прошетам ми станува напорно. Што би рекла, подобро да си седнам на пиво и одморам мозоков некаде, чил, отколку да се вртам по бутици. Вака иди ко машко да размислувам. ААААА можи сум. хеххехе п.с: зато си сама.
Сакам да кажам дека во моментов се чувствувам премногу среќно и исто толку депресивно. Дур сум насмеана и прам анализа зошто сум среќна, во исто време плачам зошто не сум среќна. Во еден момент замислувам иднина, во друг момент се думам шо ќе биди ако утре не се разбудам. Комплициран бил живот во кој се инволвирани емоции. Али пролет е, период е. Мех.
Замислете сета таа зајадлива настроеност и енергија во клетвите, желбите лошото да се враќа, и она „си го бара(ше)“ (за секакви несакани ситуации - насилство, навреди, булинг), да се пренасочеше во сосема спротивна, позитивна насока. Луѓето да станат толку свесни и волни да препознаат кога некој, со тоа што го прави и зрачи - заслужува(л) љубов, почит, поддршка, некој убав збор или гест - па и самите да го понудат тоа ако од другите му недостига. Колку подобар за сите би бил таков свет...
Кога се качувате во автобус треба да ви биде јасно дека треба и да се излезе од него. Постојат 2 излеза на задните страни, меѓутоа кога е полн и предниот влез служи за излез бидејќи нема пристапност до другите два излеза. Тоа значи кога ќе видите полн бус ќе почекате да излезат патниците па да се качите,а не да бидете безобразни и да се качите како што ви текне. Не е само да се нашминкате и дотерате треба и културата со себе да ја понесете.
Случајно на јутјуб ми излезе видео со слепа жена и нејзиното куче водич. Видото беше за тоа дека многу луѓе не знаат како да му дадат инструкции на слеп човек, ниту како да се однесуваат со куче водич. Го отворив, а по него изгледав уште неколку видеа со истата жена. Била потполно слепа веќе 10тина години и со помош на кучето секој ден оди по разни продавници, паркови, преминува улици. Има семејство ама сака да биде самостојна и затоа често оди сама, притоа снимајќи се за нејзиниот јутјуб канал. Кучето е потрпеливо, поразбрано и попаметно од многу луѓе што ги познавам Знае да ја однесе до пешачки, до продавница, до каса да наплати...Но сепак е куче. Понекогаш знае да се дефокусира (благодарение на минувачите), да забрза, да замине во погрешна насока, а таа цела доверба нему му ја дала. Тешко и е ама не се предава. Сама користи мобилен, а со допир купува облека, храна, накит. Се труди да има нормален секојдневен живот, а не да лежи и да се самосожалува. Гледајќи ги видеата согледав колку поголеми проблеми постојат, ама луѓето сепак се борат и не се откажуваат. Не е свесна колку и се восхитувам на храброста и силата што ја има во неа. Лично мене премногу ме измотивира и посебно ми е драго што баш во овој период ми излезе толку храбар човек па макар и виртуелно.
Не сум била фан на сини очи се додека сабајлево едно такво синило не беше првото нешто со чив поглед се пресретнавме и ми го смрзна мозоков во истата секунда. Искрено, се си мислам дека уште не сум фан, ама не знам, смрзнат ми е мозоков. Знам само дека сакам да стигне побрзо плата јер тнко работава. Официјално помина 1/4 од годинава. Вие по дома како сте? Јас појма немам како ми се слизна првата четвртина.
Април е луѓе. Или сум во некое бунило, во некој сон, ил не е реално. Надвор сонце, почнува се' да се буди полека, се сменија и часовниците... јас само сакам времето да запре. Ако Бајага пееше дека му треба најдолгата ноќ на светот, јас тоа го барам за првава половина на 2019. А обратно, ми се лизга ко песок во дланка... и пробувам да не мислам што кога ќе се истроши. Веќе скоро секој ден плачам. Пишувам и плачам. И во автобус и дур возам точак, и дур се трујам со поезија. Не знам дал е од среќа, од немоќ, од љубов или само сум соочена со човечката неумешност да го пуштиме она што не може да се задржи, а го сакаме и посакуваме повеќе од се' на светов. Април. Биди убав.
Кога цел ден чекаш да ти пише, замислуваш како при следна средба нема ни поглед да му упатиш камо ли па здраво да кажеш, па се откажуваш целосно од неготово постоење, и на крај ти стига порака од него
Лажговците лажат за истата приказна, ама со повеќе верзии. После третата верзија, забораваат на кого и што кажале. Кога ќе ги фатиш во лагата и им кажеш дека поинаку ти кажале, тогаш вложуваат силни напори да ги поврзат верзиите или негираат дека тоа го кажале. СДК мора да е стресно да живееш во лаги, особено ако имаш корист од нив. Освен ако тие луѓе се со дијагноза, тогаш не ни имаат допир со реалноста. Нивните лаги се нивната реалност, а за жал никогаш нема да ја добијат потребната психијатриска помош, затоа што не ни знаат дека им треба.