Сум забележала тука дека одредени членови ти ги анализираат мислењата и прават анализи на тоа како човек си во реалниот живот. Чил. Тука сум анонимен лик со измислено име, во реалниот живот не баш. Не дека сите се исти и тука и во реалниот живот. Така да тие анализи освен што се комични друго нешто па баш и не се.
Муабет со другарка ми од основно: - Пред 10 години на денов славевме дека завршивме 6то одделение и се частевме тост и кола кола по тој повод, денес славиме дека еден испит пројде, а 3 други доаѓаат деновиве. - За 10 години коа ќе реализирам и свои фамилии дека ќе иаме, feeling old yet мури? Времево проаѓа со брзина на светлината, не ми се верува, вака коа ќе подзамислам колку брзо изминале стварно овие моменти, чудно ми е дури. Битно е да се ужива во секој момент, па вака еве и јадење тост пред 10г ќе си го памтиш ко убав спомен ако бил со интересно друштво.
Обично било каква промена на косата кај мене значи вртење нов лист во животот, позитивна промена. Епа освен шо не се бендисав исфарбана скроз црна и сфаќам дека ќе треба цела вечност за да ми падни бојата, останав скроз иста, никаква промена на повидок. Последниве неколку денови срцето лешник ми е направено, добивам блага анксиозност мислејќи на иднината. Сакам да се вратам во средно, крај на прва година. Често размислувам на тој безгрижен период, ужасно ми фали. Почеток на летниот распуст, 10 ти јуни и пред нас едно долго топло лето. А сега, што?
Зашо луѓево не си ја гледаат својата е^ана работа, пат, живот и не го остават другиот на мира? Што ги тера да ти го коментираат дури и одењето по шеталиште?
Нема тема што ја немам отворено, а да не се направи "голема". Дојдов за да си кажам дека ми фали времето кога се коментираше, одиш на сосема друга тема - коментираш пак, на трета и тн. Џабе, не се враќа тоа време.
Веќе станувам толку ладнокрвна за некои работи, толку ми е сеедно веќе за некои личност што се чудам на самата себе си како станувам таква личност.
Што се дешава.Се договарам со другарка која ми беше бивша и излагаме во парк вчера и се океј си земавме ќебенце она пиво ја сок и кафе и кулираме во паркче На моменти имаше другарски гушки и галење ама она се допишува упорно со некој на мсн. Со кој се допишуваш упорно и ме исклучуваш од игра мене?А бе со еден познаник се допишуваме тука бил у парк и сакал да дојде да се упознаеме не го знам.What? Една љубомора коа ме обзема се неам така почуствувано од тијнеџ јиарс.Се блокирав.Ушите ми зуеа ми се сврте,одамна ова чуство го немам доживеано. Викам слушај ја неќам некој да ми доаѓа ајде дај станувај да пакувам ќебето зашто не мислам да се среќавам со него.Ама јас се договорив со него во 22.Аха значи однапред планирано.Уште поголема љубомора.Ама ти да не си љубоморен?Викам искрено да.Ама зашто јас и ти не сме во врска.Па изгледа не сум бил свесен дека иам чуства и да знаеш дека ќе се повлечам зашто колку и да ни е убаво не можам да поднесам да се гледаш и флертуваш со други.Пополека не нагло ќе те исклучувам од мојот живот.Не си прва а ни последна.Мака ми е што ни е убаво ама против чуствава не можам
Желбата да носам штикли е поголема од болката во стапалата која ја имам утредента зошто сум носела штикли вечерта.
Не може вечно да врне. Така е и во животот. Кога и да имам некаква тешкотија, се потсетувам на ова. Се' поминува, па и лошите и убавите периоди се очигледно наизменични.
На луѓе што прашуваат на форуми и социјални мрежи како се прави машко дете треба со закон да им се забрани да се размножуваат.