Дај остајте кој за кого сака да навива на Европско и да коментира, не одма очи вадење по секоја критика. Балканштина заглавена во комунизам и едноумие 30 години подоцна.
СДК,кога возите не се залетувајте.Секогаш постои можност од некоја страна да има пешак кој треба да ја премине улицата. Не претркнувајте амбулантно возило. И ретровизорот не е огледало за местење шишки и поправање шминка.Се знае за што му е намената.
Една од најголемите грешки во мојот живoт е што им дозволувам на луѓето да ме прелажат со нивното лицемерие кое на крајот излегува навиделина и јас сум повредената,а нив баш им е гајле.
Никогаш немаше да речам дека верувам во сонови ама сонував дека положувам еден важен испит, шо стварно толку ми е желба да го положам, и тоа на тестот беше пишан баш тој датум кога ќе се полага за брзо и иако планирав да го полагам во следна декада од испитнава, ради сонов сменив план и го пријавив за сега. Очаен човек и за сламка се фаќа. Кај и да е ќе почнам да ги сфаќам и тие шо веруваат у гатачи и бајачи. Ок не, нема ваљда до толку да забегам со паметот.
Четири години како сум на форумот. Запознав премногу мили луѓе овде. Добивав совети кога ми требаа и секогаш некој ми излегуваше во пресрет, кога ми беше потребно. Да не беше форумот, можеби не би била истата личност што сум денес, имам други погледи на одредени нешта, а и научив многу работи. Поздрав до девојките што беа тука, кога ми беше најтешко (ако читате, ве гушкам најсилно ). Да ми се множат годините на форумот.
Јас пред испит,со 300 сценарија во глава околу тоа што ќе направам,дали ќе положам : Јас после испит,откако дознавам дека сум положила и ми се јавува ко она чувство кога имаш мал успех и победа,а ти се чини како да си го освоил/а светот :
Како бе кога одиме во странство сме фини, културни, ѓубренце во кантичка, поминуваме на пешачки, пазиме кај паркираме итн. а кога сме тука ништо од тоа? Ја оставаме свеста и културата на граница и си ја земаме за надвор или како? Да, исклучоци постојат, но не доаѓаат до израз од овие другиве…
Многу тежок ден денеска. Одамна толку тешко не ми делувало времево. Ме изгоре главата, притисокот паднат скроз. Ни сама не знам денов како го издржав. Мислам ќе ми прсни главата, ама барем сега сум дома.
Воопшто не ми се јасни познаници/роднини шо ги неам видено преку 2 години и што во муабет со моите прашувале до кај сум со факсот, дечко дали сум имала и такви лични работи. Зошто толку радозналост? Овие информации ако ги знаеш за некого што ќе ти сменат во животот, која е потребата воопшто да распрашуваш?
Денешниов ден секогаш ми носел носталгии, овој пат ќе си се искажам тука на форумот. Ни еден од вас не е заборавен, ни еден од вас не е прежален. Остануваат во срцето сите испеани песни заедно, сите семејни прослави и веселби, остануваат сите насмевки, останува и навиката како што правевме во старите денови секое сабајле да читнам малце од некоја книга.. Спомените се тука никако не избледуваат само вас ве нема, најмили. Почивајте во мир. Никогаш не сте заборавени.
Имаше само 29 г, згасна трагично твојот живот, остави зад себе убави спомени и болни сеќавања на едно убаво време.. Задушница, почивај во мир, бато. Имаше 50 г,кога опаката болест ја извојува победата над телото, но не и на твојата душа. Нејзината топлина сеуште грее потсетувајќи ме на безгрижното детство поминато во твоите прегратки. Задушница, почивај во мир тете. Веќе беше го пречекорил прагот на 70тите, очекувајќи го раѓањето на првото внуче, кога смртта затропа на вратата на твојот живот. Отиде со неа, оставајќи ме мене во незнаење, за да на сон ми укажеш каде си.... Задушница, почивај во мир, дедо. Длабока старост беше вашата среќа, кога другите заминаа прерано. Но, зар постои утеха за болката, тагата кои останаа да ја придружуваат празнината во домот? Задушница, почивајте во мир баба и дедо.
Интересно ми е кога ме бришат од фб и инста. Помислиле на мене а јас сум заборавила дека постојат. Ама ако, нека се фрла ѓубрето само.